Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Бикот на Улица Македонија оживеа!

2018-02-16
Доколку некогаш би ви ги одземале парите, картичките или мобилниот телефон, дали мислите дека е возможно да патувате низ Европа и да стигнете до Амстердам за 7 дена – користејки Ред Бул лименки како единствена платежна валута? Да, секако дека е, колку и да звучи апсурдно.

Токму тоа, повеќе од 200 студенти од повеќе од 60 земји низ светот ќе се обидат да го докажат дека е апсолутно возможно. Имено, овој настан е познад под името “Red Bull – Can you make it” и по успешното издание пред две години повторно ќе се случи и оваа година.

Овој пат има 10 тима од нашата земја што се борат да стигнат во финалето, каде што од избраните 4 тима (по бројка на гласови) се одбира еден тим кој што ќе ја претставува Македонија на оваа авантура. Победникот се одбира од страна на седиштето на Red Bull во Австрија.

Ние го издвојуваме ова видео на тимот “HECTIC$” како најиновативно, најдобро изработено, најкреативно и сметаме дека заслужуваат да победат, или барем да влезат во топ 4. Исто така доколку сакате може и да гласате за нив на следниов линк https://canyoumakeit.redbull.com/en/applications/10752/и да го погледнете нивното видео.

Тимот на Fail.mk ви посакува многу среќа!

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÉ