Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Денот на породувањето на Вечер

2014-09-02
Вечер ги постави стандардите за истражувачко новинарство, само што проблемот е што истражувањето нема допирни точки со реалноста.

Ви испраќаат статија, ја гледате, се чудите, си викате нема шанса некој да е до олку... и сфаќате дека има. Новинар наоѓа статија (наверојатно оваа на Хафингтон Пост) каде што мудро е направена игра на зборови со labor кој се однесува и на труд/работа и на породување/породилни маки и решава да не' просветли дека ова е всушност ден кој се прославува, ден наречен Ден на породувањето, а не Ден на трудот (меѓународно и локално прославуван на 1 мај). Резултатот е ова ремек дело на истражувачко новинарство кое слободно можеме уште сега да ја крунисаме за epicfail статија на годината. Браво!

П.С. Бонус е и утнатата година на започнување на „традицијава”. Наместо 1886, напишано е и 1986 г.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÉ