Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Битолските прекари - врв на креативноста

2013-12-19
Секој град во Македонија се карактеризира со некаква одлика која го изделува од останатите. За Битола тоа дефинитивно се прекари кои им се лепат на луѓето уште од мали нозе и кои колку и да се трудите, не можете да ги тргнете, ниту искорените. Во прилог се најдобрите битолски прекари.

Распусто – оти е роден на 10 јуни.

Лагата! - оти има куси нозе :)

Резило - пошол да си купва патики по влечки и по чорапи.

Свиокот - живеел на некоја кривина!

Неспремното - оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.

Сантимо - за сантим немал два метра кутар тој 199 см....

Ајкула - оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале.

ЌОШО - оти Ивица се вика.

ЛАНОТО - Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!

ДРЏ - домашна расна џукела.

Нитрото........оти црногорец е детето и „екстремно е брзо".

Во четврто, на запознавање на општеството, учителката го прашва Иле како се вика текстилната фабрика од Тетово? А овај дума, дума и едно време вели ТЕКСАС! Е, од тогаш сите го знат ко ТЕКСАС, а Иле уште само мајка му го вика.
Две први другарки беа многу суви и ги викаа СЛАМКАТА И ТРЕФКАТА.

Индексо - прв во цела мала се запишал на факултет.

ЏОГЕРО - висок, слаб со виткана коса.

Купусо - оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка - каца.

Ленче шц' - сите машки шц праеле ко ќе поминела.

Џоле - Салфета! оти женска му има фабрика за салфетки.

Спидот - оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак!

Кофчего - интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка.

Индексо 2 - единствен во друштво со факултет.

Децималнио - не е баш „точен“, нормален.

Ќор - оти на сите му викаше „Кај си Саша“ :)

Пеце Грдиот - оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше: „Кај си бе, грд!“ Иначе на Жабата брат му.

ФЛОРЕ - оти љубовницата му се викаше Флорида.

Казанова – оти ко казан бил во главата.

Џони Walker - Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÉ