Следете нé или притиснете Escape

Fail хороскоп - 14/07 - 21/07/2015
Овен
21.III - 19.IV

Љубов: Со глава во ѕид не се оди, а уште помалку со шамар до љубов. Оваа недела ќе бидете склони кон добивање глава од партнерот. Издржете и вратете со шамар.
Работа: Мотивацијата ќе ја дефинира оваа недела за вас. Ако шефот ви сере сфатете го. И вие да сте шеф на инат белосветски ќе му серете постојано.
Здравје и совет: Ишишајте се ќелави, ќе ви помогне со мокрењето.

Бик
22.IV - 20.V

Љубов: Љубовта е насекаде, па затоа барајте ја агресивно. Ако не ви се возврати барајте уште поагресивно, со палка. Sвездите ви се наклонети оваа недела, особено нинџа ѕвездите. Гаѓајте го партнерот со нив!
Работа: Немојте да создавате турбуленции на работа, бидејќи оваа недела може да си поминете ептен во шема на државна администрација. Клатете врата, земајте плата. Ако некој ви ѕвони на телефон не кревајте! Тоа може да доведе до повеќе работа.
Здравје и совет: Можни се еротски сни. Со џуџиња. ОК е, и џуџињата се луѓе. Мали луѓе. Пенис.

Близнаци
21.V - 20.VI

Љубов: Саканата личност ќе ве тера да патувате. Разменете идеи за идеалниот одмор и кажете и' дека ја поддржувате, единствено ако сакана личност плати за одморот. Во спротивно штедете. И на љубов и на пари. Криза е.
Работа: На повидок се патувања, нови учења, откривања на нови сознанија. Парче ќе правите на работа. Ако сте работодавач вработете близнак оваа недела, ама само оваа недела. И отепајте го од работа. Интелектуалците ќе блескаат во својата работа. Нив отпуштете ги.
Здравје и совет: Јадете повеќе брокула. Варена таква, гадна. Ќе ви помогне со здравствените проблеми и со издржливоста на гадна храна!

Рак
21.VI - 22.VII

Љубов: Ќе се заљубите во колега, ама од ист пол. Не се секирајте, ин е сега тоа. Ако се двоумите слушајте го срцето. Ако не го слушате вашето срце, одете на лекар. Нешто дефинитивно не е во ред со вас.
Работа: Некои, сакале - нејќеле, ќе бидат во искушение да и подлегнат на сопствената алчност. Ако. Пари се топ работа. Не работите за без пари. Ако работите за без пари време е да дојдете да ми истоварите еден камион. Частам пиво. Лажам, само ми треба гага аргати.
Здравје и совет: Бидете умерени во сè. Освен во јадење пица. Пица е закон ствар.

Лав
22.VII - 23.VIII

Љубов: Каснете го партнерот кога нема да очекува. Ако рикне, врзете му шамар. Кажете му дека рикањето е само за лавови. Нека не се куропеца!
Работа: Лав сте. Крал на џунглата. Нема што да работите, други нека работат за вас. Ептен ако ве притиснат, глумете болни и рикајте во канцеларија. Ако сте студент, останете студент. Не вреди да работите.
Здравје и совет: Немојте да дозволите ситници да ве извадат од такт. Лутете се на се' живо и диво.

Девица
23.VIII - 22.IX

Љубов: Контактите ќе бидат бројни, но повеќето нема да ги исполнуваат вашите љубовни очекувања. Кој бира - мастурбира. Затоа сте девици. Оваа недела ќе френдзонирате многу луѓе.
Работа: Не сакате да трачарите, ама па не можете да одолеете кога некој ги хејта сељаците. Сите сме луѓе, а луѓето не се совршени. Хејтајте ги заедно. Не работете. Работа е за тие што не знаат да трачарат.
Здравје и совет: Пијте мохито на работа.

Вага
23.IX - 20.X

Љубов: Мажите ќе имаат проблем со ерекцијата. Не е ништо страшно, најверојатно имате закачено нешто непријатно. Ако сте биле чисти, проверете ги партнерите. Нив не може да им се верува. Секогаш носете кондом. По можност и преку глава.
Работа: Плодовите на вашиот напор полека излегуваат на виделина, па затоа почнете да продавате лубеници у маало. Вашата способност за продажба ќе излезе на виделина конечно пред сите во локалната кооперација. Сите ќе сакаат после како вас.
Здравје и совет: Ќе имате проблем со мокрење. Пијте повеќе пиво. На работа!

Шкорпија
23.X - 21.XI

Љубов: Планетите и оваа седмица ви носат најразлични влијанија, а вие ќе треба да ги канализирате. Време е да ги извадите лисиците од плакарот. Изненадете го партнерот со страсен секс. Ако не е спремен да експериментира, експериментирајте самите, со себе.
Работа: Се што ќе фатите неделава ќе биде пропаст епска. Не обесхрабрувајте се. Марфи ќе ви помогне да биде полошо. Може и да не работите. И тоа е опција.
Здравје и совет: Јадете повеќе брза храна, имате фора за холестерол уште малку.

Стрелец
22.XI - 21.XII

Љубов: Добро знаете што сакате, а што не. Со таков став можете да стигнете подалеку одошто сте сега. До секс најдалеку. Поверојатно е дека ќе имате сува недела. Оние со партнери ќе се нервираат бидејќи мислат дека секс во врска е загарантиран. А, не е.
Работа: Во ситуации кога чувствувате зголемен притисок од претпоставените исплачете се. Никој не му прави притисок на човек кој плаче. Така работите ќе ги избегнете непотребните расправии. Немојте да се залажувате дека ве сакаат, тие само сакаат да ве искористат. Сексуално.
Здравје и совет: Бидете реални и пијте Кока Кола. Гага реклама.

Јарец
22.XII - 19.I

Љубов: Ќе чувствувате среќа во срцето поради работи кои ви се драги. Ќе чувствувате и благо пецкање од истите. Не е љубов тоа. Проверете се, холестерол и нервоза е сјебана работа. Бидете отворени, имајте доверба во оние кои ве сакаат и ќе бидете задоволни. Ама сепак проверете се.
Работа: Ќе комуницирате со соработниците околу ситни теми, и ќе ве шинат од заебавање. Понекогаш ќе ви недостасуваат нерви, па бидете паметни и нервирајте ги другите околу вас, бидејќи животот е кучка. Прифатете го тоа како борба и пренесете нервоза.
Здравје и совет: Сериозно, проверете се.

Водолија
20.I - 18.II

Љубов: Малку нешта во овие бурни денови можат да ви ги смират нервите. Одолеете на искушението за брза реакција и купете си куче. Кучето нема да ве нервира. Од секс абер ќе немате, ама наредна недела ќе договориме нешто со ѕвездиве. А може и не.
Работа: Надуеноста на некои луѓе ќе ви оди на нерви, па отерајте ги у курац. Од внатре ќе ве тера нешто да се скарате, па слушајте го гласчето од внатре. Си ја знае тоа работата.
Здравје и совет: Живејте богохулно - вежбајте јога.

Риби
19.II - 20.III

Љубов: Со приказна и неочекувано дружење би можеле да се откриете себеси и да стигнете до важни приватни сознанија за вашата сексуалност. Затоа немојте да потценувате ниту еден разговор, ниту едно незадолжително кафе. Секоја секс приказна почнува со кафе. Па дури и секс со комшии.
Работа: Вработените во услужните дејности веројатно ќе мораат да работат прекувремено. Јебига, продолжен викенд е, ама работодавците не им чуе. Скапете на работа!
Здравје и совет: Ќе фатите хемороиди.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...