Следете нé или притиснете Escape

Fail хороскоп - 23/07 - 30/07/2015
Овен
21.III - 19.IV

Љубов: Влегувате во помалку интересна љубовна фаза кога сè потешко ќе наоѓате заеднички јазик со личностите од спротивниот пол. Оваа недела дефинитивно нема ништо да лапате.

Работа: Ќе ви се чини дека притисокот на работа од ден на ден е сè поголем, а ќе има и интелектуални надмудрувања. Баталете работа и посветете се на гледање клипови на Јутјуб.

Здравје и совет: Не мешајте политика и алкохол.

Бик
22.IV - 20.V

Љубов: Оние што се во нови врски ќе поминуваат низ мали кризи поради недостаток на витамин П(енис) или В(агина). Оние во стари врски ќе се осеќаат старо, ама барем знаат дека не се сами. Сексот ќе дојде на крајот на неделата, неколку пати, со многу оргазми, а можда и сквртање.

Работа: Ќе има многу, па затоа истурете се на колега со време за секој случај.

Здравје и совет: Не го нервирајте партнерот, лошо е за здравје.

Близнаци
21.V - 20.VI

Љубов: Помеѓу вас и саканата личност секој ден ќе има сè повеќе разменување на идеи, и нема да најдете компромис. Паметни луѓе не веруваат во компромис. Доминирајте или купете си папучи.

Работа: Помали проблеми можат да се јават поради некои работи од минатото. Требаше да го баталите шупакот од клиент со време. Сега скапете.

Здравје и совет: Време е да се избричите, особено ако сте жена.

Рак
21.VI - 22.VII

Љубов: Ако сте уште сами и барате љубов, сте утнале термин. Лето обично е за секс само. Останете пасивни, барем сега за сега. Ако веќе сте суви сто години, на жеково тешко дека нешто ќе плеснете.

Работа: На повидок се деловни патувања, нови учења, откривања на нови сознанија. Јебига, барема ако не ви иде во љубов, нека иде во работа. Се заебавам, и на работа ќе ви биде срање.

Здравје и совет: На повидок е алергиска реакција на бивши.

Лав
22.VII - 23.VIII

Љубов: Многумина конечно ќе успеат да го отворат срцето и тоа буквално. Не чепкајте освен ако не сте хирург. Најмногу може да има грешки во чекори или провокации од другата страна. Секс ќе има, само ако платите.

Работа: Ќе има помали финансиски борби, но на повидок е решение. Префрлете работа кај колегата и заминете на одмор, без да најавите.

Здравје и совет: Купете си плејстејшн. Сте виделе тажен човек со плејка?

Девица
23.VIII - 22.IX

Љубов: Ќе ви стане поинтересно затоа што ќе се движите повеќе меѓу луѓе од спротивниот пол. Пазете се од оргии, мала е Македонијава ќе ве дознаат.

Работа: Во деловните комуникации и контакти избегнувајте отворено покажување на емоции. Никој не сака плачи-пичка.

Здравје и совет: Пијте црвено вино на жешкото. Само така ќе ја најдете вистината.

Вага
23.IX - 20.X

Љубов: Во текот на оваа седмица некои работи во вашиот приватен живот ќе почнат да доаѓаат на свое место. Ви рековме да се прегледате по ергенско/моминските забави. Сега одете објаснете се кај партнерот.

Работа: Шефот ќе ви се дере цела недела. Кажете му дека имате апче против ПМС и пратете го да мастурбира со старо списание. Може и да изгубите работа, ама барем колегите ќе ве почитуваат како човек.

Здравје и совет: Ќе имате гасови. Избегавајте грав во петок.

Шкорпија
23.X - 21.XI

Љубов: Ќе станете помирни и потивки. Партнерот ќе ви бара, а вие ќе сакате да зборувате за емоции. Ќе јадете папуча у фаца. Тоа ќе ве попали и ќе имате многу секс, а потоа ќе плачете, бидејќи хормоните ви пукаат како Џанго кај Тарантино.

Работа: Некои ќе ги мачат финансиите. Некои ќе почнат да дилаат дрога. Пазете се од властите. Сакаат секој профит да го оданочат. Платете си обезбедување, не бидете клошари.

Здравје и совет: Трошете пари, по можност туѓи.

Стрелец
22.XI - 21.XII

Љубов: Ќе дојде до делумно подобрување на вашиот приватен живот, но и понатаму ќе сакате да биде по ваше. Прашајте го партнерот дали сметате дека треба да има компромис. Ако ви рече да, раскинете. Па кој го ебе на крају краева.

Работа: Препознавате дека доаѓа време за борба. Сменете професија и станете професионален боксер. Вреди да изеде ќотек за пари.

Здравје и совет: Бидете она што сте. Носете хеланки на работа, особено ако сте маж.

Јарец
22.XII - 19.I

Љубов: Својата енергија ќе ја вложите во зацврстување на односите со личноста која ја сакате. Бидете романтични и откажете се вашите ставови. Купете му на партнерот хрчак.

Работа: Ќе се замислувате во улога на добродетел. Никому нема да му биде гајле за тоа. Ќе ве третираат сите како идиот. Ќе ви дојде и на вас ред да го чистите кенефот.

Здравје и совет: Прекинете со трава, поскапена е.

Водолија
20.I - 18.II

Љубов: Сега веќе нема да биде толку напорно, ќе можете и без пари да имате секс. За оние кои се сингл, лоши вести. Пак ќе треба да си платите, поштено.

Работа: Ќе почнете со втора работа. Да, барање пари од дома некои го сметаат работа. Успех ќе следува само ако сте упорни. Ако не ви даваат пари, украдете ја колата барем од дома.

Здравје и совет: Бардачето е прелиено, пијте вода само од чешма.

Риби
19.II - 20.III

Љубов: Оваа недела ќе бидет преемотивни. Како и секоја недела. Не, сериозно, кој ви курац бе со емотивноста?!

Работа: Ќе ги импресионирате сите околу себе, па ќе ви тупнат уште толку работа. Нема да има пречки. Нормално дека нема - ко сте глупи, рмбајте!

Здравје и совет: Постојано ќе бидете со луѓе. Начукајте ги со коктели.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...