Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Утрото после алкохолизирање - како да се преживее

Знам, знам, сите сме свесни за негативните дејства од конзумирање на преголеми количини на алкохол, сите знаеме дека треба да се пие со усул, да се пие од забава, а да не да му се биде роб на алкохолот итн. Сите го знаеме тоа, но честопати го забораваме. Дали било причината замор во комбинација со нејаденост, грешна проценка за само една чашка плус не е ни толку битно. Битно вечерта сте претерале со пиење и сега утрото што ве чека е еднакво на хорор и истото треба некако да се преживее.

Но, пред да прејдеме на решението за вашиот епски мамурлук, ајде прво да видиме што сте можеле да направите за да го спречите ова. Прво нешто, нормално, е да не претерате со пиење - повеќе од очигледно нели? Второ, сте можеле убаво да се најадете пред да почете со пиење, да не забегувате со пиење ако сте уморни или пак барем да мезите додека пиете. Трето, сте можеле паралелно со конзумирањето алкохол да си пиете и вода за да не дехидрирате до толку. Четврто, сте можеле да пиете со нормална брзина, а не како чобан од планина кој никогаш не видел алкохол. И на крај, се разбира, сте можеле да не мешате пијачки и особено да не ги сечете со сокови (и газираните и негазираните сокови се полни со шеќери кои навистина нема да ви одат другиот ден во прилог, особено негазираните кои само ви го убрзуваат процесот да се напраите летва). Сиве овие работи – памет за друг пат!

Сега доаѓаме до моментот откако ќе се отворите како марули у пролет. Едно паметно нешто што може да го направите, дали пред легнување или по станување, е да си имате шише со вода до кревет, и тоа од литар и пол, ако не и од два! Кога конзумираме алкохол телото забрзано дехидрира и затоа подоцна гледаме да надоместиме со течности. Телото, исто така губи и витамини во големи количини, па и тоа е нешто што ќе треба да најдеме начин да го надоместиме.

Ајде да ги разгледаме сите можни ситуации. Првата и најдобра опција ви е после пиењето да земете да јадете нешто. Да, знам, многумина од вас ќе си речат „кај  сум пиел цела вечер, уште ми фали да се набутам ко бизон у сезона за парење пред спиење“ на што ќе ви одговорам – ДА! Не сте свесни колку тоа јадење ќе ви смени наредниот ден.

Второ, како што веќе навестив и погоре, испијте што е можно повеќе вода пред да си легнете, мавнете еден до два Ц витамина и ако имате воопшто шанса за тоа каснете и некакво овошје. Трета работа што исто така помага е културно да си бутнете два прста во уста и да си се олесните, бидејќи, верувајте ми, не сакате цел нареден ден да се мачите и на крај пак да повратите. Кафе со лимон (знам дека звучи гадно, ама веќе гадно сте се заебале така што немате право да мрчите) е следниот чекор и евентуално малку кока-кола. Ако тоа не ви помогне, тогаш без многу да чекате и мислите одма мавнете еден кафетин. Е веќе ако после сево ова пак ви иде да се фрлите од прозор, тогаш, не знам, или истрпете машки или нема срам да си отидете на лекар и да ви акнат една инфузија за прописно да се оправите.

Се надевам дека ова колку толку ви помогна, а ако не ви помогна тогаш пробајте да запамтите какво е чувството за нареден пат ич да не ви ни текне да се искривите од пиење до овој степен. Памет во глава и пијте одговорно.

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]