Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Затворено писмо до македонски жени

Затворено писмо до македонските жени кои се ежат од помислата дека раѓањето деца ѝ го осмислува животот на жената.

Почитувани Македонки на возраст од 20 - 45 години. Влеговме во втората деценија на 21-от век, а овие конзервативни балкански ненормалници се' уште застапуваат некакви заостанати концепти - жените требало да имаат деца? Глупости! Ти спотребале деца... да ти го скратуваат животот и да се мачиш за друг. Да им менуваш пелени, да ти смрдат, да квичат... па трошоци... ужас.

Жената се остварувала низ мајчинството? Какво богохулие! Ова е 21. век, индивидуализмот е битен. Самоактуализација сограѓанки, самореализација... тоа е „ин“. Вежбајте аеробик, јога, пилатес... одржувајте линија, држете диети... да личите вечно млади и убави. Како Мадона Американката. Изгледот секогаш да ви биде најбитен, да не се знае која е 23, која 40, а која 53. Ставајте вештачки заби, вапцувајте ги косите, одете по козметичари и бјути салони, ставајте вештачки гради, импланти и усни како оса да ве уапала... тоа се бара... а ако сте по книгите - запишете втори постдипломски, докторат, постдокторски, втори постдокторски... надградувајте се постојано... студирајте до 50, ви спотребало семејство... само да ви тежи. Зар мажите да ви се прават паметни и да ви ги фаќаат местата во општеството.

Ако веќе ви се разбуди некаков заштитнички инстинкт... тоа е грешка, анимален остаток во психата, баласт од минатото кога жената била потчинета... во тој случај земете си мачка или зајак или пудлица на чување... повторувам... ви спотребало дете... да ве попречува во кариерата и консумирањето на квалитетниот живот. Раѓањето деца е за заостанати. 

Епилог: Ако партијата на власт од која ви е смачено спроведува кампања за зголемување на наталитетот, таа партија може пак да не ви се допаѓа и бидете си против неа, ама тоа не значи дека автоматски децата се болест. И на Хитлер мотото му било „ во здраво тело - здрав дух“ па што? Да не произлегува заклучок дека здравјето е фашистичка работа? Ве молам, да не мешате баби и жаби, оти буквата б, односно ж, повлекуваат големи разлики во смислата. 

Секогаш на Ваша страна,

Со почит, 

Тихомир

7 мај, 2013 г.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]