Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Скопје, секс, сакање бр. 23

Секс! Тек потоа Скопје, а очигледно на крај дури доаѓа сакањето. Константната потреба да се форсира или да се манипулира со тој исконски нагон наш, а притоа да се занемари последната ставка од фактурата наречена свето тројство на алитерација од формулата Скопје, секс, сакање. Каде ја утнавме работата?

Демек добро почнавме. На времето наводно било обратно. Луѓево наши добри се сакале, многу, убер пренајповеќе, па потоа го љубеле градов убав, па на крај општеле за наше добро, та нели и ние мораме на физички начин да бидеме зачнати? Тоа се митовите кои ни се сервираат за културата на меѓучовечки односи во главниот град на Македонија и можеби навистина било така, ама денес, што би рекле Whitesnake, Ain’t no love, in the heart of the city!

Инспириран од еден многу моќен текст на тема машка опсесија со секс решив да направам осврт на нашиве мажиња и да видам каква паралела може да се направи во однос на жените и нивниот став на темава.

Скопските мажи и само-мажо-нарекувачки-единки кои хараат низ градов исто чезнеат (морав зборов) по меѓуножна интеракција. Главната мотивација? Да се пофалат и да удрат по некоја цртка во тефтерот со девојки од типот на порано-не-ме-ебеше-два-посто-ама-сега-кога-имам-пари-и-девојка-успеав-да-ја-средам. Нема тука убавина. Само можност да се покаже дека некој тука е маж. Сексот е лош, небитен, непотребен, ама егото е полно, и тоа е доволно.

Класичната тактика најдобро функционира. Најди си коковче кое паѓа у невест по тебе, кое на твој знак одма се соблекува, кое ти ги трпи каприците дури и кога си максимален кретен и по можност кое и би ти простило и да ја извараш и на коњ си. Следен чекор, одиш во поход. Целта да освојуваш. Те омаловажувале претходни девојки, ти се смееле другари дека си неш-јебат фраер, имаш фрустрации од дома, работа, маало. У реду е, време е да рокаш!

Ставај се ко крип најголем на свет на све што оди и поседува пар цицки, биди дрзок и арогантен, потенцирај дека имаш пари и дека знаеш луѓе за гага срања, па ако упали, топ. Ако не, земи ја целата таа фрустрација и испукај ја на коковчето кое ти е на повик, кое се крсти у тоа дека ќе се земе со тебе пошто си прилика, па утре со свежи сили и без фрустрации ќе одиш пак во акција. Барем нема да смрдиш на очај овој пат, полесно е така.

Ако ти успее, ти си човекот ондак. Пофали се пред сите мизерни ликови кои ги нарекуваш другари и биди фаца у маало. Седни на кафе денски у најшема кафичот и покажувај што све си успеал да штиклираш од списокот. Оди на квантитет, пошто бројот на оргазми е важен. Не бркај девојки додека си сингл, така фрустрацијата може да немаш каде да ја истуриш. Не се заљубувај. Немој случајно да пробаш сексот нешто да ти значи. Ни под разно не се замарај неа да ја задоволиш. Па не си ти тука за неа?!

Жените исто знаат дека сексот е поврзан со моќ. Посмотаните (коковчињата) мислат дека преку тоа ќе дојдат до внимание од воловите гореопишани и до нивно долгорочно почитување, а поизитрените ги држат во неизвесност со тоа што не попуштаат (читај: не даваат).

„Го држиш во неизвесност, те брка 2-3 месеца, му даваш еднаш, му се пуни его, му викаш дека бил лудница и те снемува после 2-3 недели, доволно да се мрдне и да сака пак, па му викаш дека не си цура само за секс, сакаш повеќе, се фаќаш со него и му даваш еднаш на 2-3 месеца, да не му текне да брка друга, да ти се тресе.” – мудрости од соседна маса од скопски кафич уз неделен лабав кафе муабет.

Моќта е супер работа, ама кога станува збор за квалитетно живеење, ништо од ова нема да ви помогне да бидете среќни. Ако сте сами и очајно сакате нешто да плеснете за да ви се врати самодоверба, џабе везете. И да се случи тоа со погрешниот партнер само ќе ви се роди незаситна желба за повеќе од незадоволство и ништо нема да решите. Ако сте во врска и гледате да добивате редовен секс по секоја цена со тек на време ќе ја ебете работата, ама не на посакуваниот начин. Оставете се’ на страста и на природната желба, бидејќи со сила нема убавина. Адиос!

 

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]