Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Скопје, секс, сакање бр. 3

Епа драги читатели, дојде време да ја начнеме и најчувствителната тема во скорешни години – родовите односи. Јебига, неизбежно беше. Ако порано сексот беше табу, денес тоа се родовите односи. Жените се еманципираа, мажите станаа метросексуалци, светот се сврти наопаку. Вредностите денес се целосно изместени, не се знае ни кој пие, ни кој плаќа. Да пробаш да се снајдеш денес, особено во Скопје, треба да имаш интелигенција на Ајнштајн, да бидеш јасновидец како Баба Ванѓа, да имаш сертификати и за Гешталт и за трансакциона психотерапија и можеби ќе успееш да дојдеш блиску до тоа да ги разбереш мажите и жените и што тоа сакаат.

Свесно и без влакна на јазик, знаејќи дека многумина ќе почнат да фрлаат со стапови и камења по мене, ќе ви ја сумирам тековната ситуација на меѓуродовите односи во денешно „модерно“ Скопје. Да ги земеме прво жените. Да, жените денес во Скопје се крајно еманципирани. Сите почнуваат да градат кариери, мажење и сериозни врски се застарена тема и се напнуваат на такви селски муабети, си сакаат и си бараат целосна рамноправност со мажот и се стремат кон евро-атлантски стандарди. И тоа е во ред. Јас лично ги поддржувам и сметам дека се во право. Доста од ова шовинистичко општество, дозволете им на жените да покажат што знаат.

Е сега, еве во што е проблемот. Македонките (особено скопјанките) се генијални. Спилберг може вода да им носи за сценаријата кои они ги режираат. Или во превод, цитирам една многу јака мисла што ја прочитав некаде која гласи: „Не можеш ти ни приближно да одглумиш колку што јас можам да изрежирам!“ Браво, топ сте, кис4е. Мото на скопјанките е, јас не сум ти сељанка, не можеш ти  мене да ми диктираш што и како ќе правиме, не може ти да ја водиш врската, јас како жена не ти се потчинувам на селско балканско размислување, АМА, кога станува збор за пари, сакам ти да се покажеш како маж! Ти најди стан каде што ќе живееме, ти собирај ме со кола и договарај ми проводи, ти носи ме на викенди и одмори, а јас ќе бидам тука да ти трепкам. Ја мајката! Немојте да ме сфатите погрешно, не велам дека се сите вакви, но ова е еден добар пример за тоа како родовата еднаквост функционира кај нас.

Ајде сега да ги земеме машките. Е ова е уште поинтересно. Да, драги читатели, и машките се еманципираа. Сега да си метро(сексуалец) е ин. Машките се цели лицнати, пицнати, се средуваат повеќе од жени, искажуваат чувства, абе лудило. Еве ја скопската машка дволичност и адаптација на евро-атлантските стандарди. Значи искажување прекумерно емоции (читај: лигавење), паѓање у несвест пред женска, тинтрање од епски размери, а при тоа бркање на све со две нозе и крофна измеѓу, глумење лудило пред друштво со цура, а откако ќе ја остават дома, возат како Шумахер во друг дел од градот кај некоја друга. Ете така функционираат повеќето мажи во Скопје.

И што е заклучокот тука? Заклучокот е дека немаме усул, дека не дај Боже некој да ни каже нова „финта“ пошто ние, генијалните Македонци, синови и ќерки на Аце наш голем, одма ќе ја помакедончиме и ќе ја отераме у курац. Мекоста, умереноста, скромноста и мудроста на моќната Македонка умре; нејзе ја замени видоизменетиот хибрид на жена која никна земајќи го најлошото од Македонија и Западот. Наместо Македонката да си ги задржи традиционалните вредности и да се избори за право да се слушне нејзиниот глас во општеството, да се избори за политички и деловен напредок, таа се избори да не сака да стапува во брак, да брка свежо мевце како прост маж и да не се грижи за својата иднина. Во превод ги зема најлошите карактеристики на мажите, а сепак, нели, поради рамноправност, се’ уште бара се’ мажот да и сервира на тацна.

Епа ако е така еве ви рамноправност, немојте ич да се мажите, ама немојте после ни да си лечите фрустрации дека ви чука биолошкиот часовник и дека ви легнал жетонот дека сакате деца. Сакате комплетна рамноправност според ваши македонски стандарди, тогаш одете ве молам и вие да работите на нафтени платформи во Африка или како физички работници во Авганистан, земете вие да плаќате и организирате се’, најдете си домазет и уживајте. Поздрав сега и до мажите. Сакате да ги третирате жените како предмети и да ги изневерувате? Епа тогаш не очекувајте дека ќе останат смотани цел живот и дека ќе ве трпат. И немојте после да плачете како некоја цура не може да ви верува пошто некој сељак претходно ја изневерил, па сега она става ѕид пред себе. Сакате да бидете модерни по евро-атлантски стандарди со македонски примеси, еве ви. На здравје.

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]