Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Скопје, секс, сакање бр. 7

Заврши Евробаскетот 2011 и одеднаш реалноста не’ удри во сурат како кравја лепешка со брзина од 200 километри на час. Времето нагло се смени, температурите паднаа за едно 15 степени, почна да истура како лудо, луѓето ги акнаа емоции. Оној „хај“ којшто го имавме од победата на кошаркарите и чувството дека се’ е розово одеднаш помина и дојдовме во ситуација да сфатиме колку е реално саатот.

Во текот на вчерашните маратонски врнежи луѓето немаа што друго да прават освен да дремат на Фејсбук. Па така, оние кои долго чувствувале копнеж да имаат некого почнаа да објавуваат патетики на нивните профили, што преку статуси, што преку песни, оние кои се заљубени почнаа да си искажуваат јавно нежности, оние кои се повредени почнаа да зборат како мажите/жените се стоки и дека ќе се селат од државата, а оние кои се напалени почнаа масивно да флертуваат.

Флертот како флерт е нормална и психолошки здрава појава, барем така велат повеќето истражувања каде што експертите воочиле дека горе-долу секој флертува или во најмала рака сексуално посакува и други (дури и да е во нормална и здрава врска). И тоа е во ред. Ако сте сингл, нормално е да се флертува. Преку флертот дознавате кои лица би можеле да ви одговараат за врска, кои за секс, а кои за да ви го полнат егото и да ви бидат занимација кога се чувствувате осамено/непосакувано.

Но, што се случува ако сте во врска и сепак флертувате? Тогаш веќе имате проблем. Проблемот е или во вашиот партнер или во вас, или пак до двајцата. Флертот понекогаш е начин на разбивање на монотонија и ништо повеќе, но некогаш е сериозен индикатор дека или врската не ја бива, или личноста која флертува е спремна на поголем чекор – неверство. Неверство. Збор кој никогаш не сум можел да го разберам од чиста причина што мојот став отсекогаш бил дека ако веќе имам чувства кон друга девојка логички е дека ако сакам нешто да направам дека треба најпрвин да расчистам со тековната. Меѓутоа тоа е моето резонирање. Некој друг на пример би резонирал дека нема потреба да се расчистува со девојка која го сака и разбира, но не го задоволува сексуално, па затоа ќе си најде вентил-цура каде што прописно ќе си ги испразни јајцата.

И така дождот, најпрвин ги разбуди сите, а потоа им го спушти притисокот и ги легна (освен оние напалените кои останаа до раните утрински часови да роварат на Фејсбук). Старите велат, денот по утрото се познава или ако нешто не ти чини и си некако вознемирен, легни си и размисли убаво наутро со трезвена глава. И што се случи? Сите по некое време си легнавме и кога се разбудивме, под импресии на масовното силување кое му го извршивме на Фејсбук синоќа, сфативме дека Фејсбук, во стилот на Империјата од „Војна на ѕвездите“ ни го возвратил ударот! Сиот „прљав веш“ на мегдан. Кој каде лајк стиснал, кој каде и точно на која слика искоментирал, кој чив пријател е, кој комуницира со бивш(а) иако тврди дека веќе и ги нема на Фејбук, се’ излезе на виделина како силикони на фестивалот во Рио.

Додека луѓето се свестат што се случува, уши има да горат, телефонски сметки има да се прават, прашања ќе се поставуваат, пријатели ќе се бришат, врски има да се распаѓаат. Да, можеби сценариово ви звучи апокалиптично, но тоа се’ произлегува од нашата неискреност и од неможноста да искомуницираме кои сме, што сме, што ни треба и што не придвижува во животот. Новата технологија и социјалните мрежи ни дадоа такви придобивки какви што сме немале до сега. Швалерајот е кренат на едно сосема друго ниво, но сега со новите промени на „поедноставениот“ Фејсбук, вашите дечковци/девојки ја добија новата и подобрена технологија „Голем брат“. Замислете само што би се случило Фејсбук да ги објави сите ваши приватни пораки кои од неодамна се споија со историјата од сета ваша чет комуникација? Е тек тогаш ќе се тресе небото и земјата. Нека ви е на здравје.

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]