Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Скопје, секс, сакање бр.21

Судбина. Некако ептен клише збор кој никогаш не сум го сакал. Фактот дека нешто ти е предодредено тотално ми ја извитоперува перцепцијата дека секој од нас е уникатен, посебен и дека сам со своите постапки одредува во кој правец ќе му се движи животот. А, судбината, нели, е таа која што одредува како ни се одвиваат животите? Не. Грешка.

Да почнеме без ред, бидејќи најдобрите мисли и идеи обично срамежливо ѕиркаат во хаосот и чекаат некој да ги извлече и материјализира. Да почнеме, еве, со очекувањата. Сосема нормална работа. Секој ги има. Имаме очекувања од себе, но многу почесто очекувања од другите. Тие што ги имаме од себе знаеме и лесно да ги заборавиме, особено ако промената/чекорот е претешка/преголем, па не можејќи да се прекориме самите се вртиме кон бесот и лутината кои се производ од неисполнетите очекувања од другите.

Ќе тргнам од себе. Запознавам девојка која ми се свиѓа и со која имам хемија и одма очекувам дека работите ќе бидат едноставни и лесни. Дека магично таа наша комуникација ќе се одвива непречено, дека се’ ќе биде идеално и дека некаде по пат ќе се најдеме на иста бранова должина. Дали тоа ќе биде дека сакаме само нешто без обврски, дали врска или пак можеби нема да си се свиѓаме, не е ни битно. Битно е дека очекувам се’ да биде лесно.

И не дека не е, ама едно е мојата дефиниција за лесно, друга е на некоја девојка. Кај девојките лесно е ако не те свиѓаат да ти го дадат тоа до знаење; освен ако не се работи за девојки кои сакаат внимание. Е тука веќе е заебот голем. Ако девојка сака внимание, ретко кога ќе ти даде до знаење дека тоа е единственото нешто што го сака. Тука си веќе, шаховски кажано, во пат позиција.

Други нелесни работи вклучуваат и искреност – најретката доблест во градот наш убав – муда, почест феномен кај жени отколку кај мажи во Скопје, и човечност. За искреноста сум пишувал многу, па сега ќе ја уфрлам само во контекст. Тешко е да си искрен и кога си добар и кога си лош. Кога си добар не ти оди во прилог да си искрен, бидејќи има шанси да повредиш некој и да испаднеш лош, а кога си лош, не ти иде во прилог да си искрен, бидејќи тогаш работите нема да бидат по твое и нема да можеш да манипулираш со спротивниот пол.

Муда? Идеш со девојка ја вараш со која ќе стигнеш, ама сепак си со неа додека ОНА не ти раскине. Чест пример во Скопје. Не ти иде со дечкото и пушташ водичка на сто мужи и се лапаш низ град ко тинејџерка, ама се тешиш пошто не си дала некому дека тоа не е варање. Варање е. Немате муда да раскинете пошто постои можност за прв пат во вашиот живот да останете сами без некој да ви трча по гзот.

Човечност? Гледаш дека некој пати по тебе, а си играш со него? Па што има убаво во тоа. Како можете да си пуните его со такви ствари? Што ми е гајле бе, мене ме повредиле имам право и јас. Топ логика. Затоа сте сами.

И тука можам да продолжам до сабајле, ама некако работиве ми повлекоа логичен заклучок, а тоа е дека како старееме стануваме или поретардирани или позрели. Без разлика дали сме поретардирани или позрели исходот е сличен.

Ако си поретардиран повеќе ќе се двоумиш, нема да знаеш што сакаш и постојано ќе бидеш уплашен дека некој сака да те врзе или да те заебе. Ако си позрел, пак, ќе знаеш точно што сакаш и се’ што инстинктот ти кажува дека не е за тебе брзо ќе отфрлаш или ќе бидеш индиферентен кон тоа. Заклучок? И во двата случаја исходот е ист – некој на крај секогаш ќе го јаде. Се додека не се погодат двајца што сакаат исто во исто време. Судбина? Викајте го така ако ви одговара. Мене ми одговара да го викам лонче и капаче. Ко Џеков што ми е коњак. Лека ноќ!

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]