Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Еротика на потсвеста

Премногу страв, преголем сноб,

Пред очиве мрак, на мислења роб,

Очај и бол, во градиве мои,

Ѓаволот таму планови крои.

 

Потиснат гнев кон самиот себе,

Уплашен бев од демон кој гребе,

Од потсвеста која вришти за помош,

Фин ти се правам, но само сум олош.

 

Дојде по совет, себичност доби,

Проколнат довек, ангел кој коби,

Контраст на чувства ко оган и вода,

Соба за блудства, вечер во мода.

 

Психата притиска, признание сака,

Невербална преписка, копнеж по рака,

По допир, по контакт, по телесни сласти,

Прекини ми инфаркт, распали страсти.

 

Битката в глава, се бара победник,

Вистинатa мава, останав губтник,

Зачисти рани, продолжи напред,

Изгубени маани, дајте нов заплет.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]