Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Карантин

Неподнослива болка во градиве ми врие
Се гушам
Ми се врти, ми се лоши, ми се спие
Мислата бега, ме напушта
Се рушам.

До мене саканите мои будно бдеат
Душата ме напушта
Болките в гради црно семе ми сеат
Од рацете на мајка ми се испуштам.

Во овие последни мигови в карантин со саканите
Мислам на другарите
Се обидувам да се сетам на работи добри,
Но нив малку ги има
Студенило ме облева, чувствувам доаѓаа зима.

Додека го напуштам телото тивко заплакувам
Нежно тешкиот живот го проколнувам
И ми е жал што не дочекав син
Туку животот го завршувам в карантин.

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]