Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Седум

Седум пати ти погледнав в душа,

Седум солзи ти никнаа веднаш.

Седум пати пробав да слушам,

Седумте збора ги кажа само еднаш.

 

Седум дена мислам на тебе,

Седум мисли ме изместуваат од оска.

Седум дена те проколнувам во себе,

Седум пати голтам зборови ко коска.

 

Седум допири, седмо сетило ми створија,

Седумте допири, седум рани ми отворија,

Седум пати се сетив на сите зборови,

Седум пати за тебе пропеаја црковни хорови.

 

Седум декади треба да поминат да те заборавам,

Седум години за од чувствата силни да се опоравам.

Седум дена мислам на тебе ко ќе те видам,

Седум часа не ми се доволни за да те имам.

 

Седум пати ти повторив дека те сакам,

Седум пати се обидов да те вратам,

Седум телостреси ме избезумија,

Седум насмевки и солзи мои откровенија.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]