Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Шуш

Чадот густо излегува

од полните усни лутина,

директ в пори навлегува,

засадува измишљотина.

Подржува се’ што проба

да излажеш, да скриеш,

да џитнеш в темно доба

длабоко в кожа да риеш.

 

Чашата се спушта долу

вискито почна да испарува,

не остана уште многу,

умот со телото се натпреварува,

битка бие жедно за волјата,

сакав да ти кажам вистина,

а отров тураш во шолјата,

ме гориш ко сонце в пустина.

 

И саково го извадив,

се соголев до душа,

сомнеж в ум ти засадив,

почни веќе да слушаш,

да ги читаш сигналите,

да видиш што ти кажувам,

на историјата аналите

несебично ти ги покажувам.

 

И панталоните летнаа,

само гаќите останаа,

очите повторно ти светнаа,

умот и телото застанаа.

Одби да учествуваш,

да се согласиш на блуд,

но со воздишки зачестуваш,

кого ќе правиш ти луд?

 

Срцето го сакаш голо,

но тоа не оди баш така,

соблекување нема ново,

остана што телото сака.

Страста е тука, страст се нуди,

срцето чука, похота се буди,

љубов тешко, љубов веќе нема,

станува жешко, нема кај да бегаш.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]