Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Девојката со тетоважата-солза 1

„Брат, дали се сеќаваш у осмо одделение кога ја гледавме Васка?“ – рикна од смеење Трајко.

„Која црна Васка бе телетабис еден?“ – збунето го праша Темелко.

„Васка бе теле едно. Комшиката на Перо. Онаа бре, со цицкиштана пет кила.“

„Ауууу, да бееее! Хахахахахха. Од кај кур ти текна па на неа, да ти ебам будалата.“

„Па како да не ми текне бе мајсторе кога седам со тебе. Таков сурат имаш, а те видам одма ме враќаш во минатото. Сите спомени со тебе и глупости што сме ги правеле ми се враќаат.“

„Е, добро де, ама да ти текнало нешто од пред 5-6 години, ќе разберам, ама од осмо одделение, јебо те, мислам среди се.“

„Ти текнува ли како седевме на тераса кај Перо во најжешкото и чекавме да влезе да се тушира пошто све се гледаше од тоа педерсконо прозорче што го имаше во веце.“

„Ми текнува, брат, и се’ мислам дека намерно го оставаше отворено, дека знаеше дека ја гледаме. Него, ај таа, а комшивката твоја бе мувло една?“

„Која моја комшика бе?“

„Онаа што и’ идеа мажи секој втор ден. Со долгата црна коса. Што ни мавкаше од тераса додека игравме баскет у двор кај тебе.“

„Аииии да бееее. Скроз ја забораив нејзе. Брат таа која дрољетина беше, страшна работа.“

„Да, да, ептен беше Др. Оља!“ – рече Темелко и се прсна од смеење. Какви денови беа само тоа. Невини и напалени дечишта опседнати со секс во главата и ништо друго.

Се навали наназад на само две ногарки од столчето. Убаво беше времето. Конечно залади малку. Дворот беше ист како пред 8 години кога Трајко ја направи терасичката. Осум црни години поминаа оттогаш. Да не поверува човек. Тогаш ја запозна. Само тој и’ го знаеше името. Се викаше Тина. За сите други остана позната како „девојката со тетоважата-солза“ или нагалено „Солза“, бидејќи под окото имаше една многу нежна и малечка солза убаво истетовирана и осенчана.

Ветрот го наежи. Осум години поминаа. Осум години, а уште беше истата. Газето уште цврсто и стегнато, долга нога, долг врат, долги раце, гради – таман. Се имаше здебелено, ама пак добро и' стоеше. Пак беше стегната и складна некако. Се’ уште го инспирираше со погледот. Се’ уште знаеше да му продре в душа со длабоките кафеави очи. И хемијата беше иста после толку години. Мирисот на кожата уште го побудалуваше долго откако ќе имаа секс. Ја бараше во други потоа, но знаеше дека доаѓа и си оди како ќе и текне. Друго беше веќе сега, научи да не поставува прашања. Научи да не реагира кога ќе проба да го пецне. Но, сега веќе беше доцна. Други луѓе беа, не беа истите ко порано.

„Што претставува тетоважата?“ – му беше првото прашање што и’ го постави кога и пријде во клубот таа ноќ.

„Од кај па сега никна ти и какво е тоа прво прашање ако сакаш да се запознаеш со цура?“ – врати Солза.

„Кој па рече дека сакам да се запознаам со тебе? Те гледам цела вечер во тетоважата и наместо да нагаѓам како ретард си реков да дојдам и да си прашам културно.“

„Уф, како да не, тие финти на мајка ти дома да и’ ги праиш.“

„Е, сега, финти биле.“

„Е што, ако ти кажам што претставува тетоважата, демек ќе си одиш и нема да замараш повеќе?“

„Зависи од одговорот. Од кај да знам дали нема да имам уште некое прашање после бе? Тууууу, ама си шмизла. Нема да те изедам ако збориш со мене, не се секирај.“

„Нема? Ооооооо, ме разочара. Тапа си, ај чао!“ – рече Солза и му сврти грб на Темелко.

Тој само се насмеа и знаеше дека нема вечерта тука да заврши. Ја буцна пак и таа се сврти спремна да прсне од смеење. Си продолжија со муабет. Хемијата беше ненормална. Интензивна како никогаш до тој момент. Неочекувано. Која беше девојкава и зошто баш сега? Зошто се’ што правеше го тераше да и’ се доближи поблиску и поблиску. Како да имаше некаков магнет во неа што го влечеше со сила поголема од Земјината тежа.

„Абе, Јонче, каде го испаси мозокот?“ – му викна Трајко.

„Пизда те изела, ме извади од памет!“ – му се вдрекна Темелко.

„Пак трипаш по неа, а?“

„Пак...“

„Аман бе што романтичар ќе беше да ти ебам све, дај иди најди си жена некоја си начукал 35 години во гзот и уште на непреболената љубов мислиш. Аман!“

„Што ќе ми е жена бе, па и ти? Имам чистачка која ми чисти, имам пари да си приуштам што сакам, за секс секогаш се наоѓа, а за деца те имам тебе и Перо. Треба Нобелова награда да ми дадат што израснав петарди како вас двајца и ве претворив во луѓе.“

„Да ми се фатиш за петардава!“

„Знаев дека ти е голем колку петарда.“

„Педериште едно старо, хахахахаха. Иначе, колку да знаеш, ја видов Солза. Пред една недела. Се шеташе со маж и’ и девојчето. Тоа девојчето, лепота. Прво одделение почнало, дрнда ко навиено, не се трпи, ко тебе ми звучи, а не ко неа или табисот нејзин.“

Коментарот го пресече в душа. Се сети на минатата недела. Седеше во вилата во Охрид на тераса и кулираше. Одеднаш му заѕвони мобилниот. Непознат број на бројот кој една рака луѓе му го знаеја. Службениот и приватниот ги имаше исклучено, беше на одмор и не сакаше со никој да се замара. Овој беше само за итни случаи. Крена. Солза беше. Се зачуди. Се немаа слушнато 4 години. Последен пат работата заврши со солзи. Се отераа у курац и му рече дека веќе никогаш не сака да го види. Него егото како Шар Планина не му даде да и’ се јави и да и се извини и работите останаа какви што се.

Ја праша како е, му одговори дека е добро. Го видела Трајко во парк, па се сетила на него. Потоа таа го праша како е, тој и’ одговори најискрено на свет без воопшто да се мисли дека е осамен. Го праша каде е. Охрид. Во вилата. За пет минути ќе била кај него пред врата. Остана кутриот во прашалници. Додека се свести што кажала, стварно веќе му беше пред врата. Носеше маслинесто зелен комбинезон залепен за тело со високи сандали и косата и’ беше собрана. Тргна да се поздрави, а таа тргна да го бакне. Се заборавија во бакнежот. Сета хемија им се врати за секунда. Исконското во него почна да врие. Се наежи и ја тргна од себе. Ја погледна само со неговиот ѕверски поглед и ја повлече кон себе. Со едната рака ја тресна врата додека со другата брзопотезно и’ го откопча комбинезонот. Почна да ја гризе за рамо и да ја допира меѓу нозе. Веќе беше избезумен. Со еден потег ја сврти и ја турна кон столбот до нив. Влезе силно во неа одзади. Тоа беше нивниот заштитен знак.

Осум години претходно по првиот таков сексуален бран ја праша зошто солза. Зошто кога ќе видам каква е реалноста ми се плаче, беше одговорот. Тогаш сфати дека наебал. Претходно се надеваше дека е само сексот, но сега виде дека девојкава е емотивно интелигентна и во целост тоа што го бара. А не беше подготвен за тоа, и знаеше дека се’ ќе се заебе. И тоа се случи. Година до две на турбулентно скарај-се-смири-се и на двајцата веќе им беше преку глава од се’. Отворено и одлучно му кажа дека е крај и дека наскоро ќе ја снема. И тоа се случи. Во рок од месец дена откако го кажа тоа се омажи, а во рок од 9-10 месеца веќе роди прекрасно девојче. Девојче какво што сонуваа дека еден ден ќе имаат заедно. И го крсти баш како што сакаше, Петра, за да биде силно како камен. За да не плаче и таа како мајка и’.

Се сретна неколку пати случајно потоа, имаа секс секој пат, едноставно не можеа да си одолеат. При последната средба тој ја праша дали ќерка и’ е негова, бидејќи девојчето веќе имаше две-три години и почнуваше да наликува на него, а датумот на раѓање и беше девет и нешто месеци откако последен пат имаа секс пред комплетно да раскинат. Таа збесна и му рече дека е стока која никогаш не се менува и ја снема.

„Пак те снема бе Петре.“ – со потсмев му вика Трајко.

„Се замислив нешто, брат.“ – меланхолично одговори Темелко.

„Абе и ти си куртон, да ти ебам, упорно бараш игла во сено.“

„Не, пер. Не. Научив една работа во животот. Ако сакаш да ја најдеш иглата во сено, треба да се опуштиш скроз и да си легнеш во сеното и да уживаш, па ако самата те боцне после некое време супер, ако не, јебига, не те бивало за таа игла, ама барем си научил да уживаш во сеното.“ – рече Темелко, се насмевна и погледна кон ѕвездите. Прекрасна ноќ. Задува ветре. Повторно го почувствува нејзиниот мирис. Повторно се наежи.

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]