Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Девојката со тетоважата-солза 5

„Вчера те сонував“ – рече Солза тивко и воздивна од другиот крај на линијата.

„Што така ти текна?“ – зачудено праша Темелко. „Нели не сакаше да ме видиш повеќе?“

„Не знам што е, не знам што е тоа што го поседуваш, ама ме реметиш за сите пари, стоко една глупа!“

„Фала, и ја тебе те сакам.“

„Не реков дека те сакам!“

„Тогаш зошто ми вртиш?“

„Зошто не можам без тебе, а во исто време те мразам најмногу на свет. Ти си единствениот човек на светот кој ми ги кине живците и кој сакам да го задавам со голи раце, а истовремено единствен човек кој целосно ме разбира и во кој имам целосна доверба.“

„Значи ти си ретардирана за сите пари! Две недели те молам да се видиме за да имаме човечки муабет ко возрасни, да ги разрешиме сите проблеми кои ги имаме, ти ми викаш, не, не ти верувам, ваков си, онаков си, а сега ми се јавуваш и како пичка по телефон ми продаваш мудрости дека само во мене имаш доверба! Да не си на некакви дроги ти, и ако си, дали можеш и мене да ми дадеш за да можам да ти ја разберам логиката?“

„Идиоте еден само ти можеш вака да ме насмееш!“ – прсна Солза во смеа.

„Мило ми е што ти е забавно, ако сакаш можам да те забављам и понатаму, не е проблем и така не ме сфаќаш сериозно, можам да изигравам дворски шут и понатаму.“

„Не се вика забављам, туку забавувам, и не е изигравам, туку изигрувам!“

„Вампир-жена!“

„Сакам да те видам...“

Темелко се сепна, не знаеше што да одговори.

„Ќе си ќутиме сега?“ – праша искрено Солза.

„Кога и каде?“

„Отвори врата.“

Темелко се збуни. Стана од креветот и тргна накај вратата. Цел беше потресен, возбуден, избезумен. Ја стисна кваката и уште пред да ја доотвори вратата, Солза ја турна и си влезе самата. Носеше долга бунда до под колена, косата ѝ беше фатена и изгледаше неверојатно секси.

„Нели си борец за правата на животните, што е со бундава?“ – праша Темелко за да скрие колку реално е збунет и има трема.

„Не е од животинско крзно, теле едно! И доста дрндаш!“ – рече Солза, го повлече за несредената полу-долга коса и го страсно го бакна.

Темелко се наежи од глава до пети и се опушти за секунда. Се оттргнаа од неа, ја фати бундата со двете раце и нежно и ја спушти надолу. Солза немаше ништо одоздола. Беше топлес и по танга. Темелко застана како стаписан и само изусти „Не знаеш што ќе ти се деси сега!“ Зема благ залет, ја фати за задникот, ја крена в раце и ја прилепи за ѕидот.

Солза го бакна, со левата рака го повлече за косата колку што ја држеше силата, а со другата му ги откопчуваше фармерките. Штом ги потспушти, го допре меѓу нозете и забележа дека веќе беше тврд. Истовремено Темелко ја спушти десната рака долу и со еден потег и ја скина тангата и ја стави раката во нејзиното меѓуножје.

„Само ти можеш да ме направиш олку влажна коњу!“ – рече Солза со самозадоволна насмевка на лицето.

„Боже мили, утоп си!“

„Те посакувам, веднаш!“

„Немам кондом, не те очекував...“

„Веднаш!“

Толку му требаше на Темелко. Си ги доспушти боксерките и силно влезе во неа. Солза ги стисна нозете околку него и го гризна за рамото. Темелко си пушти крв од усните од толку силно што се гризна за да не испушти крик од болка и продолжи да пенетрира во неа посилно и посилно. Со двете раце ја држеше за задникот и силно стискаше. Диво и похотно навлегуваше во неа како да им е последен пат на светот. Мозокот целосно му беше исклучен и веќе не знаеше каде се наоѓа. Солза му шепна тивко на уво дека го сака и толку му требаше. Почувствува дека е при крај и посака да се тргне, но Солза му рече да не се трга бидејќи и она е при крај.

Темелко почувствува дека повеќе не може да се воздржи и се обиде полека да се поттргне бар малку, но Солза намерно ги стисна нозете околу него уште толку и се згрчи долу колку што можеше што Темелко повеќе немаше избор. Сврши силно во неа, а неколку секунди подоцна и Солза доживеа оргазам.

Останаа залепени така еден за друг и не можеа ништо да кажат едно десетина минути. Се гушкаа со главите во врат еден на друг без да кажа збор. Темелко ѝ предложи на Солза да влезат да се истушираат, но таа му рече да оди тој сам, дека таа не може бидејќи срцето ќе ѝ експлодира ако мрдне.

Темелко влезе да се тушира и не знаеше каде е од среќа. Се смешкаше како мало дете и едвај чекаше да излезе од туш за да може да ја гушне. Во главата му поминаа милион мисли. Конечно најде девојка за која знаеше дека ќе ја сака до крајот на неговиот живот и која конечно му призна дека го сака. Караниците поминаа, конечно дојде моментот да уживаат во врската. Сите желби му се исполнија.

Излезе од купатилото само со крпа околу него и ја забележа Солза со неговиот мобилен во рака и со смрачен лик на работ на лудило. Почувствува дека ова нема добро да заврши.

„Значи знаев, знаев!“ – рикна Солза на глас и ја стави бундата со брзина на светлината.

„Полека, сонце, не избрзувај. Не знам што прочита или виде, ама ништо не кријам...“

„Ма не ме интересира бре! Ништо не ме интересира повеќе!“

„Мило, што виде?“

„Сѐ! Знаев дека уште се гледаш со НЕА!“

„Дозволи ми да ти објаснам...“

„Ништо не ме интересира повеќе. Идиот сум што ти верував. Толку е, крај е! Ќе ме снема наскоро така да знаеш. Не ме барај, нема да ти кренам. Продолжувам понатаму, не ми требаш повеќе. Те мразам!“ – врисна Солза и излета низ вратата.

Темелко почна да врти како луд, но Солза не креваше. По десетина неуспешни обиди Темелко слушна глас од другата страна и се израдува. Радоста траеше дел од милисекунда бидејќи гласот рече “Го добивте мејли...“ Неколку дена подоцна по многу неуспешни обиди да искомуницираат дозна од Весна дека Солза се верила и дека свадбата е за помалку од месец дена. Бесен се врати дома и почна да пие...

 

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]