Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Едно утро во Детроит

„Аман, легни да спиеш, сељак еден, на работа сум од шест. Ти цел ден ќе си го прчиш, а ја треба да р’мбам ко црнец!“ му списка брат му Петар.

„Не ми спомињај црнци, преку кур ми се!“

„Ако не легнеш да спиеш, ќе те помодрам од ќотек и ќе личиш на црнец.“

„Добро ќе ќутам.“

Не поминаа ни 10 минути, а Крис веќе презаспа. Кога повторно ги отвори очите веќе беше 08.30.

„Леле! Нека иде све у курац, каснам на школо.“

Се затрча накај вецето, ја отвори вратата и почна да се мие најбрзо што може. Излезе повторно со трчање, го собра само ранецот, ја заклучи вратата и му ја летна на школо. За негова среќа училиштето Џеферсон беше на само 5 минути од неговиот дом, па успеа брзо да стигне. Веќе беше 08.45 кога влезе на час кај г-ѓа Харли.

„Христијан Младоф! Касните веќе 15 минути!“ му се вдрекна таа само што се појави тој на вратата.

„Се презивам Младенов и простете што каснам,“ врати отсечно Крис.

„Младоф, Младенов, исто ми звучите вие Балканците, воопшто не се замарам со вас. А, бидејќи сакаш да се истакнеш со своето знаење, еве ти шанса на софистициран начин да му објасниш на директорот зошто ти е ова десетти пат како касниш на час. Можеби во Грција можете да се заебавате во училиште, ама во цивилизирано општество како Америка такви испади не се толерираат.“

„Од Македонија потекнувам, не од Грција,“ процеде низ заби Крис.

„Македонија, Грција, Бугарија… исто гомно. Мрш кај директорот!“

„Кажано како што и' доликува на една дама од ваш калибар“

„Марш бре!“

Крис излезе од училницата и ја тресна вратата. „Гнасна ороспиjо една! Ќе ти ја 'решам' колата после.“

Влезе кај директорот и си седна на празното столче. „Де бре Младенов, пак ли тука?“ го праша младата и згодна секретарка која немаше повеќе од 22 години.

„Ш’о да праам? Знаеш која кучка ме праќа све тука.“

„Овој пат можда ќе го наебеш. Директорот е ептен накурчен од сабајле, а плус веќе и ти ги премина границите на каснење.“

„Јеби га! Живот!“

„Само не го провоцирај денеска. Седи си мирен и можда лесно ќе си поминеш.“

Во тој момент од канцеларијата на директорот излезе едно од најопасните момчиња во школото со солзи во очите и ја тресна вратата зад него.

„Нека влезе следниот учени,к“ одекна громогласниот глас на директорот.

„Е сега стварно наебав,“ си помисли Крис и влезе со наведната глава.

„Седи, Христијан! Г-ѓа Харли ме извести дека ова ти е веќе десетти пат како касниш на еден од нејзините часови, а сепак живееш на само 5 минути од школово. Би сакал да ми објасниш за што станува збор тука. Имаш нешто против г-ѓа Харли или против доаѓање во школо на време како сите други ученици?“

„Не сум човек што сака да се 'вади' од лоши ситуации со изговори, иако на неколку наврати имав добри оправдувања за моето каснење. Сепак, ќе си ја признам вината и ќе ја примам казната како маж.“

„Тоа е убаво од твоја страна што кога ќе згрешиш знаеш да ги сносиш последиците, меѓутоа, ако не ми дадеш добро и издржано оправдување за изостаноците ќе мора да те суспендирам на две недели. Дали си свесен за тоа?“

„Свесен сум, ама што да правам? За три изостаноци за кои имам оправдување веќе има поминато многу време и не можам да ви понудам издржано оправдување, а за ова денес не смеам.“

„Зошто да не смееш?“

„Премногу е комплицирана ситуацијата.“

„Крис, знаеш дека можеш да имаш доверба во мене. Ја покрај тоа што сум директор на оваа установа во исто време сум и психолог по струка. Се што ќе ми кажеш ќе остане меѓу нас и ќе се обидам да ти помогнам.“

„Во ред. Ќе ви кажам во доверба што се случи. Меѓутоа, имајте предвид дека сепак потекнувам од друга земја каде што менталитетот е многу поразличен од Америка и дел од работиве што ќе ви ги кажам без разлика колку ќе ви звучат шокантно, реално се секојдневие во мојата земја.“

„Не се секирај, свесен сум јас за културолошките разлики, има еден мал милион различни националности во Деторит.“

„Добро. Минатата вечер бев излезен кај мене у маало со едни мои другари. Немавме што да правиме, па решивме да земеме нешто за пиење. Бидејќи имаме 17 години, нормално, не можеме да купиме сами алкохол, па го начекавме братот на еден другар како поминува во тој момент и го замоливме да ни купи. Собравме пари и тркнавме до најблискиот супермаркет. Он влезе и се врати со шише бурбон. Бевме четворица, па си помисливме дека литар бурбон ќе ни биде таман. Веднаш почнавме да пиеме и за неполн саат го испивме цело шише. Само што сакавме да седнеме на една клупа, се појави бандата 213 и не пресретнаа. Нормално, еден од гангстерите извади пиштол и ни рече да му дадеме се што имаме со нас. Едниот од другарите, пошто беше дрво пијан се накурчи, го испцу, извади нож и му го збрца во стомак. Во рок од неколку секунди скоро сите извадија пиштоли и куршуми почнаа да летаат насекаде. Знам дека звучи чудно, но додека се случуваше сево ова како да се закочи времето во еден момент и ко да видов ангел како се спушта од небото и ме вика по име. Потоа осетив тапа болка в тил и се струполив на земја. Кога станав, видов како двајца другари бегаат, а другите двајца лежеа крвави на улицата. Слушнав полициски сирени и киднав од местото најбрзо што можев. Кога се вратив дома ужасно ме болеше тилот и кога пипнав позади за да видам што ми се имаше случено, напипав остатоци од олово како од куршум, но немав ни гребнатинка. Се уште не можам да си објаснам како не ми е ништо иако бев погоден од куршум.“

„Чекај малку! Сакаш да ми кажеш дека ти вчера беше вмешан во престрелката што се случи на улица Наваро?“

„Да. Само не баш вмешан, повеќе набљудувач отколку вмешан.“

„Крис, мораш да се предадеш во полиција и да им ја објасниш целава ситуација и ним. Нели ја разбираш тежината на сето тоа што се случило вчера?“

„Јас многу добро ја разбирам. Исто така разбирам дека ако зуцнам бар еден збор на џандарите, дека ќе ме наполнат со куршуми во рок од 5 секунди. Нема шанси тоа да се случи. Ви се доверив зошто ви верувам. Немојте сега да ме оставите на цедило и да ме издадете на цајканите.“

„Ама Крис, нели разбираш дека сега законски сум обврзан да го пријавам случајов во полиција.“

„Јас ќе негирам се што ќе кажете!“

„Полицијата ќе најде начин како да те заштити и плус ќе се спасиш од суспензија.“

„Гајле ми е за суспензијата.“

„Во тој случај ќе морам да те суспендирам, ама би ти препорачал да…“

„Не фала, се покажавте каков човек сте. Не ми треба ништо од вас,“ рече Крис и излезе со трчање низ врата. Продолжи да трча накај главниот влез од школото. Обезбедувањето му се вдрекна „Каде бе копиљ?“

„Ич кур да не те боли, кај сакам ќе идам!“ се раздра Крис и му ја летна низ вратата.

Сега веќе почна да трча со полна пареа. Секакви мисли му фрчеа низ главата. Одеднаш се сети на една случка кога имаше само 7 години и беше со неговите на одмор во Охрид. Се капеше во езерото кај Канео и го фати грч на ногата и почна да тоне. Почна да добива напад на паника и веќе беше сигурен дека му нема спас. Се' му се затемни и почна да се откажува од борбата за живот. Како за чудо осети како место да продолжува да тоне во тој момент почна да се крева нагоре. Кога исплива на површината се' околу него светеше и виде ангел како му се доближува. „Ова е свето место Христијане. Секогаш памети го како такво. И ти си свет Христијане и мил си му на Бога. Не е уште дојдено твоето време да бидеш со Него. Кога ќе дојде ќе се сетиш на мене и на оваа случка,“ му рече ангелот со милозвучен глас. Неговите брзо го извадија од водата и почнаа да го бакнуваат. Им ја раскажа случката, но беше јасно дека мислеа дека измислува. Само баба му го тргна на страна и му рече: „Народот вели дека кога еднаш ќе видиш ангел нема да умреш се додека не го видиш по трет пат. Затоа знај дека третиот пат кога ќе го видиш доаѓа по тебе.“ Овие зборови сега силно му одекнуваа во глава и почнуваа да го мачат. Веќе два пати ангел го беше спасил од смрт, а со оглед на ситуацијата кај и да е ќе дојде и третиот пат.

Сега веќе знаеше што мора да направи. Отиде дома и напиша писмо до брат му и мајка му. Им напиша за се што се случуваше во последните 24 часа, за тоа колку многу ги сака и дека не може да го спречи неизбежното. Со татко му ќе се сретне набргу, си помисли. Го стави писмото во коверт и излезе. Отиде кај Тони Ди и му рече да му даде 5 грама чист хероин.

„Што кур ќе ти е толку, па тебе бре?“ го праша Тони.

„Што е битно што ќе ми е? Не ти го барам без пари.“

„Не е за парите бе смотан, многу се 5 грама за луѓе од сто кила па камо ли за тебе. Плус нели ти не се дрогираш?“

„Мене ми требаат у моментов! Дали ми се за мене за една „тура“, дали ми се за баба ми која е пред умирање, дали ми се за дилање… тоа е мој проблем. Ти само дај ми го хероинот и не ми попувај многу.“

„Брат, за твое добро гледам ја. Ако знам дека е за тебе не ти давам, па што сака нека е. Не сакам да те носам на душа. Како браќа сме. Те молам не си прави сам лошо. Ако се работи за престрелката од вчера не се секирај. Ги викнав братучедите од Комптон кои им се јавија на бандата Бладс да дојдат од „филијалата“ од Чикаго и да ја „исчистат“ цела банда 213 уште вечер. Плус знаат дека си ти хардкор белчо на кој може да му се верува и ќе ти бидат грб.“

„Абе уживај… не е за мене дрогата. Брееее што си тупаџија,“ го излажа Крис.

„У тој случај океј. Еве ќе ти дадам 5 грама од најквалитетната роба што ја имам. Само кажи му на тој што ја зема дека од ова гадно се отрипува. Колумбиски хероин е ова, пошвркнато срање од ова нема на пазарот.“

„Фала брат. Цар си!“

„Ајде фурај, треба да ми дојде цурата, сакам да плеснам нешто.“

„Што ќе плескаш бе дебели, немаш кондиција за таа твојата нимфоманка.“

„Па и таквите треба да се ебат. Чим нема кој, ондак морам ја!“ се изнасмеа Тони.

Крис излезе нервозно од куќата. Отиде до најблиската забутана уличка и седна на тротоарот. Го извади хероинот и почна да го загрева со упаљачот. Дрогата веднаш почна да се топи и да станува течна. „Квалитетна дрога ми дал дебелиов чим олку брзо се топи,“ си рече на глас. Го зема шприцот и ја пукна цела доза. Осети топлина во вените и почна да отрипува. Светот околу него почна да се врти и да менува бои. Почна да гледа крвишта и лешови на сите страни. Пискања и плачови насекаде. Сега и тој почна да вика. Се појави нагло блесок од небото и се' се претвори во тишина. Ангелот дојде по трет пат, се' му беше јасно…

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]