Следете нé или притиснете Escape

Животот на еден жален жиголо

Наслов

Годините те газат

Повторно темна соба без никој покрај мене. Тахикардиите веќе ги заменив со депресија. Веќе нема анксиозност, само потиснат бес. Гнев кон самиот себеси кој не можев повеќе ни со алкохол да го сузбијам. Башка времето лета. Она што ми држел газот пред некоја година сега е научна фантастика за мене. Алкохол и лоша храна почнаа да ми сметаат, „работава” почна да ми станува секојдневие, а чувството на гадење наредниот ден нормално.

Џина веќе со години ми беше редовен клиент, а срањата стануваа се посјебани и поперверзни. Ништо не ми менуваше тоа, се имав помирено дека е опседната она со мене и дека нема да жали пари само за да мисли дека ме контролира. Дознав дека се распрашувала приватно за мене и ми стана јасно дека нема лесно да се откачи. И’ накачував тарифа за инает постојано, ама упорно трзаше.

Ми доаѓаше со други девојки кои по еден или друг основ дознаваше дека ги свиѓам, па ги тераше да гледаат, да ме омаловажи пред нив дека сум обично жиголо, па дури некои од нив ги тераше и да ни се приклучат. Мислеше дека ме поседува, но сешто правеше само ми даваше до знаење колку е она сјебана, а колку и сите девојки кои ги идеализирав се гуски.

„Те немам одамна видено, си пропаднал ептен, брат,” – рече Кире и се напи голтка од вискито.

„И ти не си некој манекен, па не ти серам!” – нервозно му врати Петар.

„Не се напињај бе, ко девојчица некоја, ти кажувам искрено, изгледаш срање. Дај земи опрај се, прекини да пиеш толку.”

„Ти пробај да не пиеш и да го работиш тоа што го работам јас.”

„Па не го работи веќе, кој ти курац. Имаш друга работа асална, што добро плаќа, одамна, и уште се курваш за пари, не си ми јасен стварно.”

„Не сум среќен.”

„Купи си куче, ебате, ама не си го шиткај гзот за пари, ебате дебилот!”

„Гзот не го шиткам, другата страна е во прашање.”

„Многу зрели финтиви, гарант у маало најсмешен си меѓу копиљаците. Него батали глуп муабет, ја видов Билјана вчера.”

„Е? Тука е таа?

„Не бе, сенилен еден, нели се вратив од Барса вчера. Таму ја видов.”

„Што збориш бе!? И?

„И, ништо, топ изгледа, среќна е, мажена е и чека дете...”

Лицето на Петар се помрачи, ја доврши пијачка набрзина, стана и излезе низ вратата. Одеднаш почна да сфаќа што се случуваше околу него. Се сети дека Тамара, неговата најдобра другарка се омажи пред некое време, му текна дека Дени, кој со години беше џаболебар и тежок травар, се среди и напредуваше во работата, Тодор се разведе и си најде девојка каква што заслужуваше, сите, ма сите си ги средија животите, само тој беше изгубеното дете на кое очајно му треба помош, а кое се мршти ако некој му пружи рака.

„Остави ги парите на наткасната и седни си,” – со наредбодавен тон се обрати Петар до младата црнокоса девојка.

„Мислев дека ова е за мое задоволство, а не да се осеќам потчинето. Да сакав да бидам потчинета и ебена, ќе си останев по дома со дечко ми!” – луто врати младата девојка.

„Не беше наредба, само насоки за тоа како иде работава. Нели ми рече дека првпат ти е ова, сакав да ти помогнам само.”

„Извини, не ми е денот.”

„Нешто лошо ти се случило конкретно, или ти се собрало?

„Ти стварно нудиш и гратис психоанализа, а? Јас па мислев се заебаваат кога те фалеа’. Океј, прифаќам, ќе ти се жалам од све, ондак, барем така да се олеснам.”

„Знаеш дека за слушање наплаќам дупло, така?” – дофрли Петар и почна да се смее. Девојкава беше феноменална, си помисли. Искрена и убава насмевка, убаво лице, згодна. Дури и паметно делуваше. „Ти стварно за секс си тука, или до толку немаш кому да се исповедаш?

„Немам доверба во никого повеќе...”

„А зошто би имала доверба во мене? Поради препорака само?

„Не, туку не те знам, а имаш мил и испатен лик. Позади големите подочњаци, има очи кои кријат тага, болка и искуство. Зад големата брада има кожа која моли да биде погалена. Зад телото кое е конструирано да задоволува лежи душа која моли за гушкање и интимност, интимност поголема од обичен секс.”

„Сето тоа го одреди од едно гледање?

„Не, одамна те знам, те следам низ град. Сме се сретнувале на различни места во различни ситуации, но никогаш не сме се запознале. Поминувам низ срања периодов и ми требаше опуштање и добар секс, и еве, ко за некое чудо, налетав на тебе.”

„Сигурно сега се осеќаш веќе подобро. Дечкото кој си го симпатишела испадна дека е обична машка дроља и пропалица. Е тоа ти е прав его буст на ниво, a?” – тажно и иронично сумираше Петар.

„Воопшто не. Која сум јас да судам. Луѓето се такви какви што се во моментот поради склоп на околности. Никој не е вечно тоа што го работи, никој нејќе вечно да биде несреќен, никој нејќе да остане во место. Понекогаш работите се случуваат со причина. Ми делува како да ти треба помош во животот, а како да не ти дава гордоста да ја побараш. И тоа е на место муабет. Бидејќи не си нашол некој, или некоја, кому сакаш да му се довериш дека ти треба помош. Еве јас малку ќе го разбијам мразот. Мене ми треба помош.”

„Каква помош ти треба?” – праша Петар, видно потресен од емотивниот и искрен говор.

„Ми треба некој само да ме гушне и да престане да ме малтретира постојано...” – рече девојката и почна да плаче.

Петар дојде до неа и ја гушна. Легнаа на креветот и она се собра целата и се пикна во неговата прегратка. Лежеа така со саати, мирно и спокојно без збор да кажат. Двајцата беа зачудени од тоа што се случува. Убаво им беше, а во исто време беа преплашени од тоа колку спонтано се случува се. Нешто пред да се раздени девојката стана се сврте кон него и му рече – „Јас сум Лена, мило ми е,” – и тргна да вади пари.

„Седи мирна, ако не сакаш да го усереш целиот филм и добар впечаток од вечерва,” – луто пресече Петар. „Еве ти број, јави се кога сакаш, ако ти треба пак некој да те ислуша.”„Ќе ми треба, а богами и тебе ќе ти...” – пред да ја доврши реченицата Лена беше прекината од ѕвонење на телефон. Кај си бре, отсечно одекна од другата страна на телефонот. Во диско сум, сега ќе се прибирам дома, одговори Лена. Ќе те чекам пред зграда, сместа да си се нацртала тука, кажа длабокиот машки глас, кој сега веќе Петар почна да го препознава. На другиот крај од линијата беше Кире...

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]