Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Исповеди на еден Психотичен Ум - десетти дел

„Ти текнува ли колку бевме невини кога бевме деца?“ – носталгично праша Симон.

„Па не знам дали бевме баш невини и дали бевме баш деца?“ – низ смеа одговори Марија.

„Добро де, знаеш на што мислам. Генерално неискварени, прилично фокусирани на моментални потреби, без забегување многу со планови, со иднини и чуда. Деца бе, деца, заљубени/изгубени, како викаат?!“

„Ми текнува, да. Е што кога бевме деца?“

„Па некако полесни беа работите бе, или така ми се чини? Точно знаевме што не’ мачи, точно знаевме што/кого сакаме, за што вреди да се бориме и слични едноставни работи кои денес се нуклеарна физика за нас. Планини поместуваме, а едноставни работи не можеме да направиме!“

„Пак си пиел а?“

„Пиел, пушел, све по список. Што има везе тоа?“

„Има, знаеш дека не сакам кога си ваков и кога си тажен. А се гледа дека си тажен, до толку барем те знам.“

„Тагата е неминовна. Не можам против тоа.“

„Против све можеш, само треба да се одлучиш.“

„Зошто ти? Зошто сега? Зошто тука?“

„Така требало да биде. Ваљда потсвеста ти кажува дека ја сум единствената личност на која можеш безрезервно да и’ веруваш, па затоа јас сум во овој облик.“

„А што треба да направам?“

„Каде ти е таа решителност која порано ја имаше? Самопочитта и самодовербата на највисоко можно ниво и тоа оправдано.“

„Отидоа одамна, кога изгубив човечност...“

Нападите на паника зачестуваат. Некни влегов кај едни мои драги пријатели, ново дете им се родило, па ми го дадоа да го поддржам малку. Детево мрда, прета, си игра – јас окезен ко кретен. Излегувам од таму, не поминаа ни 15 метри и почнав да снемувам воздух. Не можев да дишам. Срцето ми чукаше двеста на саат, почнав да се гушам. Не знам што придонесе за тоа, ама знам дека не ми би сакал да ми се случи пак.

„Спремен си за нешто ново?“ – праша Антонија.

„Што да не, време е малку да мрднам од зонава на комфор.“ – одлучно одговори Симон.

„Вака ќе направиме тогаш. Јас ќе ти дадам неколку сценарија и ти ќе си замислуваш согласно упатствата и ќе памтиш што си замислил. Може така?“

„Може. Пуцај!“

„Во ред, замисли си соба.“

„Добро замислив.“

„Замисли си сега коцка. Замисли каква е, каде ќе ја поставиш во собата. Замисли? Добро. Сега замисли си прозорци или прозорец, сеедно, и размисли каде би го/ги ставил во собата.“

„Замислено и замислено.“

„Сега на ред се скалите.“

„Океј.“

„Сега замисли си коњ.“

„Коњ?“

„Да, коњ.“

„Не разбирам? Жив коњ, статуа од коњ, предмет кој личи на коњ? Што конкретно?“

„Што сакаш, од тебе зависи.“

„Доброооо.“

„Сега замисли си цвеќе и како и претходните пати, замисли си каде е лоцирано во просторијата.“

„Замислено. Толку?“

„Да. Ај сега опиши ми ја просторијата. Каква е, што има внатре од тоа што ти кажав и каде е распоредено.“

„Квадратна соба, претежно од дрво направена.“

„Скалите какви се и кон каде водат?“

„Дрвени и водат нагоре бидејќи имам кревет на спрат.“

„Скалите ти се амбицијата. Значи си амбициозен и сакаш да се движиш нагоре. Коцката каде е, од каков материјал е?“

„Горе, веднаш до креветот, дрвена е.“

„Коцката ти е егото.“

„Значи егото скоро до таван, а? И тоа од дрво, немој случајно некој да ми го повреди... А добро што е финтава со коњот, жити се?“

„Како изгледа коњот, каде е, каков е?“

„Доле е, дрвен коњ, статуетка, на работната маса. Од десна страна.“

„Коњот го симболизира твојот партнер и како си го замислуваш.“

„Е што сакаш да кажеш дека јас жената ја замислувам како трофеј?“

„Па можеше коњот да биде жив и голем, наместо тоа твојот е украс и е мал.“

„Па, добро, на работната маса е, не може тоа да значи дека го замислувам како потпора во работата, како поддршка.“

„Можеби, ама сепак го замислуваш како предмет и мал во големина. Тука да ти е до тебе, статичен.“

„Еден прозорец имам, на светла страна свртен.“

„Тоа е твојата отвореност кон надворешниот свет. Еден влез и ништо повеќе. Селективно и ограничено.“

„А цвеќето? Во вазна е, од левата страна на работната маса. Пет ружи се.“

„Бројот на пријатели е тоа.“

„Сјебано...“

Одамна немаше луцидни соништа. Имаше дури заборавено колку се потресувачки. Толку живи, толку реални, а сепак имаше контрола врз нив. Некако магично делуваа, но секогаш резултатите беа вознемирувачки за него. Во овој Марија се појави. Знаеше он дека не е она таа која комуницира со него, туку дека потсвеста негова го заземала тој облик. Нервозно стана од кревет и почна да се вртка низ собата. Погледна на часовникот. Четири и пол сабајле. Не знаеше што да прави со себе. Погледна на бирото и ја виде кутијата со цигари оставена таму пред година и нешто.

Со недоумица тргна и ја отвори кутијата. Внатре една цигара, од тенкине. Ја извади и ја запали. Да го убиеш сега немаше да му текне од каде никна кутијата. Ау, чекај малку. Се сети. Теона ја имаше оставено. Теона беше девојка која случајно ја запозна во град. Од прва имаше хемија. Откако разменија неколку пораки и имаа неколку неуспешни обиди за да се видат, конечно и спонтано бидна и „кафето“.

Он буквалиста како што го дал Господ, сериозно сфати кафе. Отидоа на кафе, а Теона почна да прави милион фаци. Бргу сконта дека не е ич љубител на кафе. Смена на локација? Коктели? Е тука ја погоди во срце. Еден ама вреден. Блу фрог – џин, бел рум, вотка, текила, блу куракао, апсинт и чао. Муабетот леташе, часовите и минутите исто – се најдоа на иста фреквенција. Почувствува момент и го искористи. Не му беше битно што беа во јавност. Се љубеа ко тинејџери. Предложи да продолжат кај него.

Следно на менито – виски. Девојкава пиеше дури и повеќе од него. Му стана јасно дека делат слични демони. Продолжија каде што завршија во кафичот. Теона нежно се противеше, ама на крај попушти. Се спуштија гаќичките, се крена мини фустанчето. Ја сврти, стави кондом и влезе силно во неа. Имаше цврст и убав газ. Сексот – чисто механички. Немаше ни контакт очи в очи. Траеше, не дека не, но немаше некоја убавина, се гледаше дека е усилен и анималистички.

Откако завршија, се напија по уште едно виски. Гардот на Теона падна. Емотивно ја имаше погодено претходно со муабетите и со фактот што знаеше како да ислуша, беше пијана, а и опуштена од сексот и прсна во солзи. Во еден здив му ја раскажа цела животна приказна. Липаше и му раскажуваше. Внимателно ја ислуша и ја гушна. Таа стана, испуши неколку цигари на терасата и си отиде. Си ја заборави кутијата со последната цигара. Се видоа уште еднаш. Беше чудно, немаше хемија. Ја снема потоа. Он ја пушеше нејзината последна цигара. Година подоцна дозна дека се омажила. Му беше мило.

„Спремен си за второ сценарио?“ – праша Антонија.

„Па кога веќе се отворам, да одам до крај ако не?“ – веќе скептично одговараше Симон.

„Не мора ако не си спремен.“

„Пуцај, ајде, додека имам волја!“

„Замисли си шума. Во шумата има пехар. Замисли си го и каде се наоѓа. Си замисли?“

„Да.“

„Излегуваш од шумата и гледаш некаква си водена површина. Од другата страна на брегот имаш мечка. Замисли како изгледа мечката и како реагираш ти на неа, а и она на тебе. Ја преминуваш водената површина, се соочуваш со мечката. Замисли си го и тоа.“

„Во ред. Замислено.“

„Продолжуваш понатаму и излегуваш на плажа. Што гледаш таму?“

„Гледам...“

„Ај од почеток прво.“

„Океј. Со ред ондак. Шумата голема, висока, високи дрвја, зимзелени, и сонце продира отсекаде.“

„Така си го замислуваш својот ум.“

„Добро. Пехарот. Пехарот е некаде по патот. Мал, златен, полн со мудрост. Се напивам од него и продолжувам натаму.“

„Што правиш со него?“

„Го враќам од каде што го земав.“

„Пехарот е богатството.“

„Епа добро, таков сум, земам колку што ми е доволно и продолжувам понатаму. Не сум лаком. А бидејќи пијам од водата на мудроста, значи за мене богатство е мудроста, така?“

„Водената површина кога ќе излезеш од шумата каква е?“

„Река. Брановита. Дива.“

„Како ја преминуваш?“

„Со одење. Се натопувам до половина, ама не ми треба да пливам, ја поминувам со пешачење.“

„Водената површина е како си го замислуваш сексуалниот живот.“

„Значи див и брановит.“

„Но поминуваш преку него површно. Без некоја поголема потешкотија. Нема длабочина, нема напор или труд.“

„Нема.“

„Мечката?“

„Мечката уште пред да преминам ја гледам во очи. Преминувам. И пристапувам. Ја галам и продолжувам.“

„Мечката се проблемите.“

„Така и се соочувам со нив – си ги негувам.“ – рече Симон и си изнасмеа.

„Плажата?“

„Се спуштам по карпи и стигам до неа. Прекрасна, ситен песок, тиркизно море, мирно и спокојно.“

„Кој е со тебе таму?“

„Никој, сам сум.“

„Така се замислуваш себе си во иднина. Сам. Без никој друг околу тебе.“

„У курац...“

Не можам повеќе да се фокусирам на ништо. Целосна апатија. Желба за нешто позначајно – нула. Порано знаев точно што сакам. Една личност и толку. Сега ако едната личност во целост не трза, немам муда да причекам до крај и да видам што ќе биде исходот со неа. Не. Денес што една олади, се бара друга, па трета, па четврта. Ако тоа не успее да ми скрене внимание, тогаш се давам на работа. Ако тоа не е доволно се наоѓа втора работа, па трета, па четврта, па... конташ веќе што сакам да кажам.

„Лесно ви е на вас жените со лајт либидо.“ – истресе Симон од нигде никаде.

„Од каде па сега констатацијава?“ – зачудено го погледна Силвија.

„Добро не е дека немате, или дека генерално ви е ниско, ама не ви е до толку физичка потреба ко на нас.“

„Добро експерту, како ќе кажеш ти - така е. Ти све знаеш!“

„Значи не ми се цепидлакај одма ко дете некое. Еве ти пример. Немаш секс неколку месеца – секој ден се будиш со шатор. Не зборам за класична утринска куродрвица. Не. Зборам хардон до болка. Не е сеедно. Е веќе тука, со извинение на астал, ти мава сперма у глава. Толку. Немаш веќе ни простор за трезвено мислење.“

„Фала за пластичната визуелизација. Ми се одјаде салатава.“

„Повели и другпат. Како и да е. Муабетот ми е дека во такви ситуации мора човек на нешто да се преокупира. Ко на пример работа.“

„Работата не може да биде замена за секс.“

„Па и да и не.“

„Нема логика.“

„Врските и работата се базираат на исти принципи. Сексот како потреба е како работа која ја работиш за пари. Потребна ти е за да преживееш. Љубовта е како работа која те исполнува. Не се толку битни основните потреби колку што се исполнети сите сетила. Идеалното? Добро платена работа која те исполнува и жена која сакаш со која имаш одличен секс.“

„Малку утопистички.“

„Малку повредена во минатото, а?“

„А демек ти не?“

„Не е натпревар ова. Ми беше и мене страв така еден период. Знаеш што ми се деси?“

„Што?“

„Ја упознав Тања. Цурата која ми го преврте светот наопачки – три пати! Ме измести од оска и ме тресна од влажен мрсул од асфалт.“

„Ќе почнам да те викам Пластикмен.“

„Визуелните ефекти секогаш помагаат во доловување на поентата. Поентата е, она беше погрешниот избор пошто изгледаше на полесниот. Бидејќи лесно е кинески ѕид и да си легнеш сама навечер, мирна, безбедна, стуткана во ќебенце, а тешко е само што ќе се изгориш, одма да се залеташ пак, и пак, бидејќи животот не е статичен и не заслужува да го живееш геријатриски.“

„Понекогаш човек и не може да оди против себе... треба време...“

Симон и натаму гледаше низ прозорецот. Немо и тапо само кимнуваше со главата во знак дека веќе почнува да разбира, дека работите полека почнуваат да добиваат некој облик и да се кристализираат. Сега веќе се’ изгледаше многу полесно и му беше јасно зошто е тука сам и зошто морал низ сето тоа да помине. Вратата полека се отвори – влегоа крупните батки облечени во бело...

КРАЈ

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]