Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Исповеди на еден Психотичен Ум - петти дел

„Се будам цел испотен од сонот и пак заспивам. Кошмарот продолжува. Во темна соба сум, околу мене само гласови и сенки. Си ги допирам забите и почнувам да си ги вадам еден по еден. Се откачуваат лесно како да откачуваш штипки од жица. Ми остануваат горните катници само. Се вртам го гледам другарот кој умре пред некое време. Самозадоволно насмеан како и секогаш поминува, ми намигнува, и покажува кон мене со показалецот, онака, каубојски, како со пиштол. Се будам пак. Морници ме облеваат. Менувам позиција за спиење и пак ме снемува во сон. Долг и длабок сон. Години поминуваат. Векови. Секунди. Концептот за време веќе ми го поматува разумот. Како сонот на Колриџ кога ја пишувал поемата Кублај Кан, така и јас, сонувам совршен сон, а никаде нема надеж. Поетиката полека се повлекува, а мене ми останува само алитерацијата, активно абејќи ми ги мислите како рапав асфалт што аби мазна гума. Нов сон, нова бајка. Сништата не ги паметам, речиси никогаш. Памтам дека во еден паѓав. Тахикардии ме пукаа од тоа, невидени. Памтам дека осеќав земјотрес. Таков реален сон не сум имал досега. Сè се тресеше, јеботе. Еднаш и јазикот ми се фати. Не можев да зборам ништо во сонот. Толку беше реално што почна духот да ми вришти со исконски сили, а јазикот остана нем. Јас без зборови, замисли? Сон во сон, со надсон и на крај навистина се разбудив. Раката отрпната, сум спиел на неа; парното рока ко лудо, сум го заборавил, ми се исушил јазикот и ми праќал сигнали дека навистина е сув и отрпнат. Ме пингал ко на Твитер.“

„Те... што? Како на што?“ – праша Антонија.

„Нема везе. Тука заврши сонот, а јас останав исплашен. Ми беше страв да си легнам пак.“ – продолжи Симон.

„Што направи тогаш?“

„Се трткав низ собата, отворив лаптоп и си пуштив музика. Си турив Џејмисон и се опуштив. Си пуштив џез ноар, џапнав две-три и заспав така во фотелјата пред компјутер ко заклан со чашата в рака. А... да, што значи тоа?“

„Кое?“

„Па, сништава. И од каде почнав да ги памтам пак?“

„Сништата се обемни за блиц анализа, а во однос на памтењето... да те прашам вака, сè уште ли си преморен, сè уште ли работиш турбо?“

„Не, намалив. Двеста на саат бев и докторите ми рекоа да намалам. Ми се покачи притисокот, мастите и сè живо и диво, па така... решив да си дадам мал одмор од сè. Да искулирам еден период и оп, види што ми се дешава у курац!“

„Епа честито, телото и потсвеста почнуваат повторно да ти комуницираат. Се заборавиле толку време што не биле во контакт, па сега презапознавањето нивно малку е трауматично за тебе, ама ништо не е тоа страшно. Сништата си почнал да ги памтиш повторно бидејќи добиваш соодветен одмор.“

„Да знаев ќе си продолжев турбо со работа.“

Не дојде. Ја чекам од прееска на дождот и не дојде. Чекај да видам колку е саат? 12.15. Ми рече до 12.00 максимум ќе биде тука. Телефонот ѝ е исклучен. Рече дека за последен пат ќе го откачи и ќе дојде да се видиме на раат. Што ако не тргнала? Што ако го утнала автобусот? Ако го утнала можеби ќе дојде со наредниот... или со... ма у курац нека иде, гарант се смириле пак и сега нема муда да ми каже. Кој ја врти. Идам во град.

Празен клубов. Нормално дека е празен, понеделник е, само пијаници, старци и дрољи искачаат во понеделник. И јас. Ќе се закачам на шанк. Бурбон ми се пие денес. Не, заеби, ми се пие Ирец. Нека ми збори галски. Лета времето. Милф до мене. Си дојде сама. Четириеска. Класика. Тие ги лепам цел живот, од нив има секогаш леб барем. Говорот на тело сè кажува, нема потреба од детски игри. Тоа е разликата помеѓу жена и девојченце.

„Рече дека имаш нешто да споделиш.“ – рече Антонија.

„Немам. Пиши-бриши си направив во умов.“ – рече Симон.

„Во што лежи проблемот?“

„Во немањето инспирација. А полн бев. Знаеш, кога сум полн со инспирација обично го јадам. И потоа доаѓа адаптивен период каде што учам од грешките и како да не завршам како овца нареден пат. И станувам сè подобар и подобар. Што е супер. Има само еден проблем.“

„А тоа е?“

„Кога ќе научиш од грешките и ќе научиш да си го штитиш газот многу тешко некоја ќе може да те измести од оска, но тоа пак за возврат ја убива инспирацијата. Тоа ти е како оние новине мали метални свеќи. Земаш свеќа , ја палиш, си гори. И така гори, гори, и еден период ќе изгасне. И ти сфаќаш дека пламенот повеќе не ти треба, немаш реално физичка опиплива потреба од него, но ти фали. Ти фали сјајот, топлината, атмосферата. И земаш пак ја палиш свеќата. И запалува и гори... некое време. И пак гаси, и ти пак како пијан за стап, па ја палиш и пак... и така натаму сѐ додека веќе нема палење назад. Така и јас, мојата свеќа си ја потрошив. И сега што?“

„Нова свеќа?“

„Нова свеќа? Па да заборавам ли сè што научив? Да се одродам ли? Да сменам профил на социјална мрежа? Да сменам гео-локација ли? Временска зона? Чорапи? Што?“

„Зависи колку ти е битна инспирацијата во животот.“

„Најбитна ми е! Без инспирација нема љубов, без љубов нема добар секс, без добар секс нема оргазми, без оргазми нема задоволство, без задоволство нема поента на битисување.“

„Тогаш ќе направиш сè што треба да ја вратиш инспирацијата, или тоа што те инспирира.“

„Или таа што ме инспирира...“

„Или таа. Сеедно.“

„Што ако таа не постои повеќе? Што ако е само мистифициран архетип? Или што ако има најава за таа, ама моќна најава, но не си сигурен дали е таа, таа, или само си идеализираш некоја чисто колку да има мозокот со што да се занимава...“

Стана од креветот. Имаше долга руса коса. Добро беше градена. Стегната ко за четириеска. Почна да се тушира. Тоа е тоа, жена, си знае што прави, што сака. Умот му леташе кон Тина. Се враќа кон кревет. Го погледнува и се наведнува доле. Веќе не може да мисли на Тина, не може да мисли воопшто. Крвта лета од едната глава кон другата. Ги превртува очите. Олку добар орал немал со години. Како за чудо сите сексуални средби му се сведуваа на диво рокање и толку. Дури и девојките со коишто одел не биле нешто посебно фасцинирани со таа работа, ама женава беше про. Работеше со двете раце и со устата. Бавно, квалитетно. Табула раза, веќе немаше запис од ниедна можна мисла во неговата глава.

Тој заврши работа, таа голтна, стана се избриша, се дооблече и тргна да си оди. Пред да излезе од вратата посегна по ташната, го извади новчаникот и од него извади визитка. Додека ја оставаше кај него на маса тој забележа дека има венчален прстен. Во случај да сакаш повторно да се журкаш, му рече самоуверено и излезе низ вратата. Беше седум часот сабајле. Сиво, ладно и тмурно зимско утро.  Скопје се гушеше и се губеше во смогот, а тој само ја стави бањарката врз него, ја рокна панелката до даска и се струполи врз креветот. Не поминаа пет минути слушна тропање на вратата. Оваа сигурно си заборавила нешто, си помисли. Ја отвори вратата и таму беше Тина, премрзната.

„Спремен си да навлеземе во суштината на инцидентот?“ – праша Антонија.

„Нема некоја суштина, мразам насилство врз жени, крај на приказната.“ – луто одговори Симон.

„Сметаш дека насилството од твоја страна било неопходно?“

„Не знам. Морално сива зона е тоа како и многу други работи во животот. Кога си во целост добар обично го јадеш. Треба или да научиш да ја играш играта како другите, а ако веќе ја играш убаво би било да си најдобриот играч, или да повикаш пријател. Другарка ми не е валкан играч, затоа улетав јас.“

„Го избегнуваш прашањето. Зошто насилство?“

„Он психо-физичка, јас нему физичка тортура. Заб за заб, ти текнува. Гнида од човек тешко можеш да навредиш и да му вратиш со психичка тортура, ама ко ќе го истепаш ко гојдо и кога со тоа ќе му го повредиш ем егото, ем главата, е тогаш веќе ќе му дојде паметот. Пројде он еднаш со усна закана, очигледно не ја сфати сериозно и продолжи да малтретира. По жолт картон следи црвен, па решив да го зацрвенам.“

„Има ли историја на насилство во твоето семејство?“

„Зошто го вадиш прстенот на нашите сесии?“

„Избегнуваш прашање повторно.“

„Ти избегнуваш одговор.“

„Мислев дека си подготвен да работиш на себе.“

„И јас така си мислев, додека не сфатив дека има полесна варијанта... да лажеш! Искреноста, во најсиров и најбрутален облик каква што ја практикувам, секогаш ми носи поени, но најчесто се негативни. Мразам да лажам ама очигледно знам како природно тоа да го правам; и тоа добро. Па, решив да се опробам на тоа поле.“

„И како пројде?“

Гушни ја одма и бакни ја. Внеси ја внатре. Седни ја на кревет. Те гледа со солзи во очите, а не со бес. Сигурно не ја видела женана. Немој да бидеш дебил, не се издавај, ништо не е загубено. Прска од плачење и ти ја раскажува целата приказна. Тргнала да раскине, завршиле пак во кревет со бившиот. Но, на сред работа сфатила дека тоа се само стари навики и стари страсти и дека само на тебе мисли и прекинала. Автобусот од Белград за Скопје веќе бил тргнат, морала да се снаоѓа на друг начин за да дојде; и еве ја, еве ја тука пред тебе. Таа се исповеда, ти излегуваш добриот и чесниот. Те моли за прошка, те прегрнува. Ти онемен од тоа што се случуваше до пред 10 минути и од искреноста на нејзината исповед стоиш нем ко теле. Направи нешто, изреагирај некако. Низ солзи ме бакнува, бакнежот продолжува. Исконски и без чувство за почит повторно ми пламнува страста. Ја грабнувам за коса и ја пуштам раката кај нејзе меѓу нозе. Алишта летаат и почнува сè од ново. Каков човек сум јас...

(продолжува)

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]