Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Исповедите на еден Психотичен Ум - трет дел

„Те немаше две-три недели.“ – рече Антонија.

„Знам. Не можев да дојдам. Имав работа. Бев многу зафатен.“ – одговори Симон без да го крене погледот од подот.

„Јас колку што знам суспендиран си од работа. Знам исто така и дека во судскиот налог пишува дека мораш задолжително да доаѓаш најмалку еднаш неделно инаку ќе завршиш во затвор. Доволно е да пријавам едно отсуство и толку беше работава за тебе.“

„Зошто не ме пријави тогаш?“

„Тест ли беше ова? Сакаш ли да завршиш во затвор?“

„Не знам, ти си психотерапевтот, ти кажи ми.“

„Сè ли е игра кај тебе? Зошто чувствуваш потреба да се докажеш?“

„Не знам, стварно не знам. Можеби бидејќи секогаш сум бил оставан сам на себе, па сега дури и кога ми се нуди помош не сакам да ја прифатам. Некако сум навикнат сè да правам нинџа. Ама почнувам да се трошам. Нерви ми попуштаат. Здравје па да не зборам. Трпение нула, лутина на максимум.“

„На што се лутиш? Или поточно, кому се лутиш?“

„На себе си. На кој друг би можел да му се лутам. Проектирам кривица кај други кога го знам златното правило.“

„А тоа е?“

„Ако ме заебеш еднаш – срам да ти е, ако ме заебеш два пати – срам да ми е мене. Еднаш секој ќе те натрти, ама поентата е да не му се местиш пак, пошто тогаш веќе си го бараш. Јас очигледно ко ќе направам една интроспекција ептен си го барам. Не знам дали имам желба да си докажам дека луѓето се добри по душа и треба да им се даде втора шанса без да им се суди, или сакам себе си да си докажам дека ако некој еднаш ме заебал, дека можам и понатаму да се носам без да му дозволам да ме заебе пак.“

„И кое е од тие две?“

„Некогаш едното, некогаш другото, некогаш комбинација од двете. Постојано самотестирање. Не знам како не ми скурчи више од сам себе. Изгледа сум си неодоливо симпатичен штом олку си се самозапуштавам.“

„Хуморот исто така ти е издувен вентил како искажувањето вулгарности?“

„Да.“

„Зошто?“

„Со хумор можеш да искажеш потиснат револт и да се испрдиш ментално, а притоа да не предизвикаш сожалување кај другите, туку напротив да го смениш расположението кај нив на позитивно, а со тоа и своето. Само што има една цака. Хуморот троши. Хуморот ти е како превод. Кога е генеричен никој не го смета за добар, кога е оригинален те троши креативно како да си растоварал камиони со умот. Ај јас постојано се трудам да бидам смешен. Како кловнот со тажно лице кој сите ги смее.“

„Зошто таа референца?“

„Не сум спремен денес да навлегувам толку длабоко во бунарот на потсвеста. Кој знае што гремлини и чуми и нави се кријат таму. Исконски суштества скриени под камен ко змии кои чекаат некој да ги чепне за да каснат. А јас немам ни противотров, ни селски иљач, ни еким на спид дајл. Добро те имам тебе, ама ти си ми нова, непроверена, уште не знам колку ќе можам да се потпрам на тебе.“

„Добро, за што сакаш тогаш да зборуваме? Сакаш ли да се вратиме на крајот и да зборуваме за инцидентот?“

„Да се вратиме на крајот? Почнуваш да звучиш како Џокерот од Бетмен, или тоа или обожаваш оксиморони. Или пак си љубител на игри со зборови.“

„Јас не сум предмет на анализа.“ – рече Антонија и ги прекрсти нозете.

„Оп, се затвори а? Бре, што си осетлива. Се гледа дека си нова во бизнисов уште не знаеш да се справиш со буцкала како мене. Нели по толку години обука треба да знаете да не потпаѓате на глупави провокации, да не сфаќате сè лично. Ти досега неколку парапракси лупна. Класнични фројдовски грешки. Башка говорот на телото ти е уште аматерски и сè те издава.“

„Мислам дека е доволно за денес. Пред да одиш, да ти одговорам на првото прашање. Не те пријавив бидејќи сакав да ти дадам време да се вратиш тука самостојно и бидејќи сметав дека имаш простор за значителен напредок. Ова беше прв и последен пат. Немој повторно да не се појавиш.“

„Закана? Добро, нема проблем. Ќе доаѓам редовно. Туку, пред да си одам ќе го прифатам овој твој последен говор како благодарност што ти давам фидбек за твоите недостатоци. Како викаат – човек учи додека е жив. Скастри си го егото малку и може ќе можеш да допреш повеќе до мене нареден пат. Тогаш, цмокче.“ – рече Симон и самозадоволно се насмевна додека излегуваше низ вратата.

Ех што лајно сум. Во сè барам рчка. Стриктно сум заинтересиран во работите кои не можат да ме направат среќен. Колку е тоа само сјебано. Живеам живот по туѓи мерки, по туѓи правила, според туѓи очекувања. Не знам да кажам не, не знам кога ми е доста, немам мерка за ништо. Ми треба пијачка. Ќе идам во... не, ќе одам кај Бојана, она ќе ме ислуша добро.

Бојана ме прими. Искиснав на дождот додека дојдам кај неа. Кој кур живее олку далеку у свети пичкоец. Нема везе, она знае како со мене. Го вади Чивасот кој го чува за вакви моменти. Ми џитна крпа да се исушам. Пуцај, ми вика. Ме знае како дишам. Ништо бев на журка пак, и викам. Ама не можам да зборам за тоа. Раскажи ми приказна. Наместо да пишуваш вечерва, ископај во браздата на сеќавања нешто во твој стил. Некоја бизарна случка. Ајде за Рим тогаш.

Слетав накај десет сабајлето. Џорџо ме чекаше таму. Секогаш насмеан со она неговото полуиталијанско полушпанско гостопримство ме довлечка со куферот до кола и тргнавме кон хотелот. Нит видов кај ќе бидам сместен, нит бутур. Повторно како во Белград. Програма од јутра до сутра. Аман. Работава ме убива више. Единствена разлика сега беше што толку бев во хаос, го утнав и јадењето. Дојде осум навечер. Ќе не носат на некој забавен настан во центарот на Рим. Ко што е хотелов уџум, саат време ќе се возикаме. Не е битно. Битно да има забава. Овој пат си носам кондоми. Спремен сум.

Центарот го ѕирнав блиц само. Има душа. Немам време сега, може после настанов да свртам еден круг барем. Интересна финта за социјализирање. Свака част на жабариве. Ги бива за журки. Уф црвено вино служат. Ај да видиме што амброзија е ова. Максимално дразнење на секое микровлакно од нервниот систем. Како секс после напорен ден.

Летаат чашиве една по друга. Ко што не сум јаден има матер да ми се ебе. Екипава тука десет пати поголема од Белград. Страва. Единствено нешто што е исто е составот на луѓето. Мирнички сите мајку му. Мене ме чеша гзот за беља. Жив не сум ако не ги начукам сите околу мене. Келнер ваму. Дотури тука. Ај на овој уште малку. Брзо лета времево. Треба да намалам. Веќе десетта чаша, а цел ден не сум јаден, нит одморен. Леле луѓево ги шекнав. Ќе биде лошо утре.

Мета здогледана. Згодна мала плавуша. Кукле на фаца. Мирно такво. Капка. Иде муабет. Паметна ептен. Британецов нешто ми се убацува у шема. Не сакам да му влезам со клизачи, онака, чаирски. Не жими сè нејќе. Ајде, ќе го оставам да ја тргне настрана. Не смее работата да ми трпи ради едно рокање. Се смее цурава, ми дава знак да ја чекам, ќе го откачи и ќе дојде. Се окезив како кретен. Се начукав како глуп. Чекај да видам што има во другава просторија...

Каде сум? Леле зошто сум гол! Колку е саат? Шест сабајле. Смири се, не паничи, халуцинираш, продолжи да спиеш. Изгледаше сè како дел од секунда. Се разбудив пак – сè уште сум гол. Ме мава тахикардија. Полека. Не брзај, не паничи. Прво провери кај си. Ми текна, во Рим сум. Во хотелската соба. Нема никој до мене, а гол сум. Боже дали сум рокал а не се сеќавам. Ќе се убијам. Провери дали си користел кондом. Јок! Пакетчето полно, неотворено. Е браво! Цар си. Чекај, чекај, полека, што правев последно? И мавкав ко пијан дебил на плавушата и... толку. Дел од секунда и сум у соба, гол, 50 километри од настанот.

Полека, ајде да идеме по логика. Гол си. Голема веројатно има дека си имал секс. Со кого? Со плавушата можда? А што ако не? Што ако е со некоја гнсна, дебела? Или уште полошо, што ако си јадел метак! Гзот не ме боли, добро е. Е сега дебела или оваа? Како и да е, одвратно е чувството да мислиш дека си имал секс, а да имаш црна дупка во меморија. У курац.

Полека, продолжи со рекреација на настан. Кај ти е мобилниот? Сум вртел на Кристина у Скопје? Побогу зошто? Сум ѝ пратила на Весна порака дека е телетабис. Треба да си ја проверам главата во Скопје, сериозно нешто не е у ред со мене. Чек да станам. Алишта насекаде. Баш ко што фрлаат луѓе од што не може да додржат да се изебат. Фак! Косата ми е водена. Вратата од вецето е отворена и има вода насекаде. На креветот под мене има пешкир. Уф, добро е, не сум имал секс, сум се туширал пијан и сум заспал гол. Бојана се фати за глава. Немаше коментар. Немам ни јас. Пречесто ми се дешаваат вакви ствари. Си турив уште една тура Чивас и погледнав низ прозорецот во црната темница опиена од дождовен секрет.

(продолжува)

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]