Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Камин

Тони си дојде дома порано од работа изнервиран од развојот на настани со последниот проект. Ништо не му одеше од рака последните неколку недели и веќе беше видно изиритиран од сѐ што се случуваше на работа. Имаа смена на раководството откако фирмата ја купија Чесите и ништо не одеше како што треба. Се слушаа гласини дека ќе има смена на кадар и сте беа на работ на нивните нерви. Секој се плашеше за своето работно место, сите почнаа да калкулираат, да се манипулираат, да си забиваат ножеви во грб, да се кодошат меѓусебно.  Тензијата растеше од ден за ден, а на Тони веќе сѐ му беше дојдено преку глава. Како раководител на секторот за грижа на големи клиенти прв беше на удар при евентуална реорганизација.

                Само што ги фрли клучевите на масата и почна да си ги соблекува чизмите почувствува како му ѕвони службениот мобилен. Значи човек раат не може да има од крвопијциве, си помисли додека го вадеше телефонот од џеб. Непознат број на екранот – кој ли го бараше сега?

                „Ало?“ – рече Тони видно изнервиран.

                „Добар ден, г. Петровски?“ – праша нежен женски глас од другата страна на линијата.

                „Да, повелете.“

                „На телефон е Даница. Јас сум новиот заменик директор. Генералниот ми го даде Вашиот број.“

                „А, да, ми спомнаа дека ќе ме барате. Како сте?“

                „Па, добро да Ви кажам право. Малку уморно, искрено. Пред 5 дена ја добив работата и толку обврски ми дадоа за краток период што не знам главата каде ми е. Проценка беше на новото раководство дека во фирмата има одредени проблеми кои се должат на несогласување помеѓу вработените и тоа ми беше еден од првите назначени приоритети. Природната реакција при смена на раководство во фирма е истото да бара смена на сите нивоа, но јас искрено сум строго против тоа. Ако фирмата функционирала како што треба досега, не гледам причина да се менува тимот што добива.“

                „Ама во случајов тимот не добива ништо освен главоболки и нервози. Луѓето се напнати и се плашат дека ќе ги изгубат работните места, па почнуваат меѓусебно да си копаат гроб. Знаете како е, македонска работа.“

                „Знам, знам. И многу размислував на таа тема и решив дека треба, наместо „реорганизација“ или во превод масовно отпуштање на луѓе од работа, да организираме некој настан кој повеќе ќе нѐ зближи и ќе изгради повторно доверба меѓу луѓето.“

                „Тим билдинг?“

                „Да, градење на тим. Јас сум за користење на што е можно повеќе македонски термини.“

                Леле, оваа е некоја тупаџика, си помисли Тони. „Супер. Дефинитивно подобра идеја отколку масовно отпуштање. Кога сме веќе на таа тема, како можам да Ви помогнам госпоѓо, госпоѓице...“

                „Данче. Ништо повеќе. Госпоѓица сум, се презивам Трендафиловска, и не сакам колеги, без разлика на хиерархија, да ме персираат. Така да можеш да ми се обраќаш со Данче, ако не ти е тешко, Тони.“

                „Во ред, Данче. Како можам да ти помогнам.“

                „Епа вака сега. Генералниот ми рече дека ептен добро стоиш со сите и дека луѓето кои се под тебе во твојот сектор ептен те сакале. Јас имам идеја за викенд во Маврово и ми треба некој да дојде со мене да го направиме планот. И бидејќи ти си најпочитуваниот човек во фирмата моментално на тебе падна пикот.“

                „Нема проблем. Ти стојам на располагање.“

                „Одлично! Штом е така спакувај нешто топло за пресоблекување и пижами и за еден час ќе бидам кај тебе да те соберам.“

                „Молам?“

                „Епа, нели ми стоиш на располагање? Се чекаме во седум часот во Маврово со експертот за човечки ресурси од Чешка, Катја, и ќе одиме да ги разгледаме вилите. Решивме да изнајмиме неколку вили, една вила по сектор од фирмата и да има мало натпреварување на крајот од секој ден. Планираме тродневен викенд – петок до недела.“

                Епа кога си се нудам како дебил, арно ми го спопика, си помисли Тони лут сам на себеси што така прописно си се намести. „Во ред, Данче. Да се спремам и тргаме“ – безволно рече и ѝ ја даде домашната адреса.

                Даница беше точно на време и го чекаше во белиот службен џип. Тони влезе во автомобилот со насмевка, се поздрави со неа и се врза. Даница не беше тоа што го очекуваше. Очекуваше некоја здодевна „теткица“ што ќе досадува со долги и бесцелни муабети, а она што се појави пред него беше згодна женска, во нејзините рани триесетти, со кратка асиметрично ишишана коса, преубава насмевка и згодно тело.

                Додека се возеа до Маврово фрли неколку погледа кон неа – толку беше згодна што не можеше да се воздржи, а да не ја „измерка“  шпионски од глава до петици. На третиот пат Даница го забележа и само низ смеа му рече: „Што е, не очекуваше дека ќе ти се појави млада и згодна женска?“

                „Па очекував некоја... поинаква појава“ – се  насмевна Тони.

                „Епа, извини што ќе те разочарам, ама ме доби мене.“

                Мајко мила, кај сум претепан од работа, кај не можам да функционирам, кај не сум имал секс со месеци и како капак на сѐ одам на Маврово со порно ѕвезда, со воздишка си помисли Тони. Господ има некоја болна смисла за хумор штом ме искушува вака!

                Пристигнаа навреме и се сретнаа со Катја пред влезот на една од вилите. Како да не беше доволно што Даница беше згодна, па капак на сѐ мораше да биде фактот што Катја беше како излезена од Плејбој. Висока, русокоса, бујни гради, широки колови, голем задник, строго деловно облечена изгледаше одлично за триесет и седум години. Тони веќе не знаеше главата каде му е. Зошто ме измачуваш Господе, праша со погледот нагоре како мало исплашено детенце.

                „Добро сте?“ – го праша Катја.

                „Добро, да. Само малку сум изморен. Имавме напорна недела, па малку дупло гледам.“ – искрено одговори Тони.

                „Не грижете се. Веднаш ќе ја средиме работата. Со Данче бевме тука пред некој ден, но ни требаше уште некој директ од првите борбени редови за да ни помогне со некои работи. Нели Данче?“ – рече Катја со насмевка полна со самодоверба.

                „Апсолутно. Да не губиме време тогаш, гледам и Тони дека е скапан, па да влеземе во вилата.“ – рече Даница и ги покани да влезат.

                Вилата изгледаше феноменално. Имаше три спрата со по три соби на секој спрат, а на долниот спрат имаше голема дневна соба со камин. Кога влегоа каминот веќе гореше и дневната беше претопла. Катја ги покани да седнат на перничињата на подот и почна да им го објаснува концептот за наредниот викенд. Цело време додека зборуваше Катја, Тони не можеше да си го тргне погледот од нејзиното деколте. На неколку наврати забележа дека го фати жив и само срамежливо го спушти погледот надолу.

                „Е сега доаѓаме до најважниот дел. Тука ќе ни треба твое „експертско“ мислење, Тони“ – рече Даница.

                „Ајде, ќе пробам да помогнам колку што можам“ – одговори збунето Тони.

                „Ни кажаа на работа дека си бил голем мераклија на вино, па сега ќе имаш чест да дегустираш неколку вина од Чешка, за да знаеме кое најмногу ти се допаѓа.“ – со насмевка на лицето му врати Катја.

                Значи стварно не е фер ова, Боже. Значи здебелен сум, фризурава ми е дивље јагоде, изгледам како испосник со брадава, немам грам енергија, сингл сум со месеци, напален сум како бизон и се наоѓам во вила во зима, пред камин, со две авион жени и ми нудат вино. Леле ќе направам некоја глупост има да летам од работа, нервозно помисли Тони. Добро ќе бидеш, смири се. Пробај од виното, не зборувај многу и сѐ ќе биде супер, продолжи да се теши.

                По неколку „дегустирања“ кои завршуваа со жедно и алчно голтање на солидни дози на вино, Тони веќе губеше контрола. Јазикот му се одврза и почна да прави непристојни шеги за тоа колку е целата ситуација како сцена од порно филм. Како за чудо и голема среќа, девојките воопшто не се навредија од коментарот туку само почнаа да се смеат и да си дотураат вино меѓусебно, за да можат да го „стигнат“ Тони. Пред да може да сфати што се случува веќе Даница имаше пуштено некоја тивка џез музика на системот и беа станати да играат.

                Тони не се делеше од чашата вино и само дотураше. На петтата тура вино ја имаше таа „среќа“ да се разниша во играњето и да ја истури цела чаша врз кошулата на Даница, која инстантно ја извади и остана само по градник. Е тоа беше капак на сѐ. На Тони комплетно му се споија жичките и повеќе не можеше да издржи. За дел од секундата ѝ се залепи на Даница и диво почна да ја бакнува. Откако помина првичната еуфорија од десет секунди се тргна да ја види реакцијата на Даница, која сѐ уште мижеше возбудена од страсниот бакнеж. Се сврти да види како реагирала Катја кога забележа дека и таа веќе ја соблекла кошулата и се движи кон него. Тоа е тоа, си рече, нема враќање.

                Продолжи да ја бакнува Даница и со десната рака ја повлече Катја за коса кон него. Од усните на Даница се префрли кон вратот кој нежно го подгризнуваше додека со левата рака ја гребеше по грбот, а со десната веќе му беше пикната кај Катја меѓу нозе. Катја беше влажна и веднаш влегоа два прста внатре и таа рикна од задоволство. Со еден потег на левата рака го откопча градникот на Даница и силно ја стисна за левата града, со устата се префрли на десната. Даница веќе вриеше и ги спушти рацете доле и му го откопча патентот од панталоните. Камен му беше. Даница не можеше да се воздржи го оттурна од себе, клекна на колена и го стави цел во уста.

                Тони не знаеше каде се наоѓа. Додека Даница го задоволуваше долу, тој ја повлече Катја и почна страсно да ја бакнува. Со раката сѐ уште беше во неа, само што сега веќе ритмички и брзо ги мрдаше прстите напред-назад. Катја се наежи од екстаза и му се нафрли и го гризна силно за врат и му ги зари прстите во грбот. Тони почна да ги превртува очите и ја фати Даница за коса и ја крена нагоре. Ги натера двете да се бакнат, извади од паричникот кондом, брзо го стави, ја заврти Катја на другата страна и влезе силно во неа.

                Од онаму каде што стоеше глетката беше фантастична. Големиот и цврст задник на Катја се мрдаше ритмично, додека таа стенкаше во екстаза. Чехинката бргу сврши и почувствува морници низ цело тело во вид на бран на топлина. Тони ја тргна настрана и се упати кон Даница. Ја крена со нозете околу него, ја заби за ѕид и влезе жестоко од прва. Веќе ѕверски ја имаше набиено до ѕидот и возеше со полна пареа. Свршија истовремено и останаа така залепени еден за друг, обидувајќи се да земат воздух.

                Катја дојде одзади и само му шепна на Тони на уво – „Се надевам дека не си ја истроши целата енергија?“

                Тони се сврти кон неа и само ѝ рече – „Викендов тек сега почнува...“
Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]