Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Муза

Филип беше едноставен човек. Никогаш не бараше многу, никогаш не ни даваше нешто посебно многу. Во секоја смисла. Беше поприлично интровертен, но имаше моменти кога знаеше да се покаже. Во принцип, не припаѓаше никаде. Имаше 23 години, само што дипломираше на новинарство, а и самиот не знаеше што ѓавол го имаше натерано тоа да студира кога воопшто таа струка и не го влечеше.

            „Не се секирај сине, ќе ти најдеме убава работичка.“ – му рече Стојан. „Перо од Утрински ми рече дека им треба некој за во забавна, па ќе те бутнеме таму ко за почеток.“

            „Убаво ми е и тука тато, си ја сакам работата.“ – скромно одговори Филип.

            „Ај не ме нервирај многу, што работа ти е тоа шанкер, глупости живи. Работа за дечурлана и неизреализирани фраери.“

            „Бармен, тато, јас сум професионален бармен. И плус сум бариста.“

            „Ебате барменот и баристата, и баба ми знае да наточи коњак и да направи кафе. Па барем да беше класичен шанкер, да се изнаебеше жени ко човек, а не ти 23 години си начукал у гз и само една девојка имаш бацено до сега. Ја на твои години цела Југославија ја пројдов.“

            „Јеби га, во комунизмот пониски биле критериумите.“

            „Опа, покажа кучето заби, а? Ако, ако, само ти имај го тој зајадлив тон, може некогаш ќе ти помогне да се омрсиш. Него, кога сме кај омрсувањето, се’ уште планирате со другарите да идете на Родос?“

            „Да, ако помогнеш со пари, пошто мојата „шанкерска“ плата не ми е доволна за да соберам пари...“

            „Добиваш! Само оди нешто направи, не ме брукај пред народ!“ – рече Стојан и се изнасмеа под густите мустаќи.

            Долгогодишната желба конечно му се оствари. Во рок од недела дена од тој разговор Филип веќе беше на Родос. Се шеташе низ стариот град и воспримаше колку што можеше повеќе. Се’ беше како што му раскажуваше Мила, неговата прва и единствена љубов. Нејзиниот опис на целиот остров го фасцинираше. Таа го фасцинираше. Прва девојка на 19 години, прва сексуална партнерка. Толку моќна на збор и со енергија, а толку повлечена во кревет. А толку многу ја сакаше. Се’ направи за неа. Иако беше напален како бизон во сезона за парење упорно го потиснуваше тој животински нагон во него само за таа да биде среќна. Единствено не му беше јасно како може година дена да бидат заедно, а таа да не може да разбере дека неговата сексуалност доаѓа од љубовта кон неа. Таа го обвинуваше дека само секс го интересира и дека не гледа подалеку од тоа, а тој уште толку се повлекуваше во себе и ги потиснуваше сите нагони, од страст, па се до креативност. Кога се запознаа ја имаше насликано. Кога Мила ја виде сликата ќе се онесвестеше од радост. Вистинско ремек-дело. Тоа му беше прва и последна слика.

            „Романтичаре, кај го испаси мозокот!“ – му се вдрекна Перо.

            „Остај го бе, нели гледаш дека уште трипа по Мила. Види го што ретардињо фаца направил, гарант флешови го маваат сега, а три години поминаа откако раскинаа еј!“ – се вмеша и Стево.

            „Брат, ај тоа, ама мене цура да ме извара со најдобриот мој другар и уште капак на све, да ги фатам живи кај мене у стан у Охрид, па нема да сакам сурат да и’ видам бе, а не па да трипам по неа после три ебани години, алоооо!“ – Коле го дозакопа со коментарот.

            „А вие да ми го јадете курот, може?“ – луто им викна Филип.

            „Тоа, брат, би било мал оброк.“ – го пресече Перо. „Него, заеби ти таа работа, идеме ли вечер на пена парти у Фалираки. Го начекав Столе прееска, они утре си идат иначе, и вика у Фалираки вриело Енглескињи, брат. Ковање загарантирано.“

            „Абе вие се утепавте од ебење више, порно ѕвезди ќе станете кај и да е.“ – искоментира Филип.

            „Значи ти, пошто си геј, нели, не идеш?“ – го пецна Коле.

            „Не идам, ќе станам рано утре со Тања и Аце ќе идам за Линдос.“ – одговори Филип.

            „Значи кој фантом си брат, доаѓаш на Родос на такви журки, само за им се убациш на млад брачен пар у кола за да идеш на некое геј место со бели куќи, да јаваш мочани магариња и да гледаш руини. Не си ми јасен, стварно.“ – доврши Стево.

            „Брат, ај уживај па и ти. Одмор е. Што ми се прави тоа ќе правам.“ – рече Филип и продолжи сам да шета низ градот.

            Утредента веќе напладне беше на Линдос. Младиот брачен пар реши да продолжи надоле кон Прасониси и се договорија да се чекаат на истото место каде што го оставија во 6 часот. Ако имало измени ќе си пишеле. Филип беше пресреќен. Конечно малку време за себе и за своите мисли. Линдос – рај за очи. Снежно бели куќарки на сите страни нанижени на едно ритче со најневеројатниот поглед на цел остров.

            Продолжи да шета и влезе во една продавница за накит. Му фати око едно тиркизно ланче кое сакаше да го купи за мајка си. Ја погледна цената. Беше прилично солена, ама пусти мерак – голем. Одеднаш почувствува поглед преку неговото рамо директно во истото ланче. Се сврти и здогледа една прекрасна девојка. Во моментот се здрви. Магично онеме. Девојката се обидуваше да се разбере на англиски со продавачката, ама слабо и одеше. Почна да се нервира и да зборува на српски. Се гледаше дека многу и’ се допаднало ланчето и беше видно исфрустрирана. Силно воздивна и се сврти кон Филип со поглед кој велеше „молим те спасувај пошто ќе си пукнам од мака“. Тогаш Филип направи нешто што никогаш не мислеше дека е способен да направи. Го зема ланчето, се разбра на англиски со продавачката и се сврти кон девојката и и’ рече – „Ич не ти личи кога си намрштена, а ако едно ланче може да те насмее, тогаш ти го поклонувам само за да бидеш барем во моментов среќна.“

            Девојката бледо го погледна и го праша – „Па, добро, дали си ти нормален? Со кој памет ми го купи ланчево, дете лудо, кога не ме ни знаеш? Толку ли имаш пари за трошење што ти текна вакви глупости да правиш?“

            „Планирани ми беа парите за поклон за мајка ми, ама мајка ми има добиено милион поклони од татко ми, а јас досега ваков поклон немам дадено на девојка, така да со мерак ти го давам.“

            „Јој, дете лудо, јас не можам ова да го прифатам, што ти е на тебе?“

            „Ај чао. Мило ми е што си среќна.“ – рече Филип и излезе од продавницата.

            Девојката се стрча, го фати за рака и му рече – „Јас ова не можам да ти го прифатам, извини. Човек што не ме знае да се троши за мене, а во исто време и да нема пари, не прифаќам.“

            „Добро, а можеш ли барем да прифатиш друг, „евтин“ поклон?“

            „Можам, ако ми кажеш како се викаш?“

            „Филип.“

            „Мило ми е Филип. Ја сум Марија. А на каков поклон мислеше ти?“

            „Вака, ти си тргната нагоре, нели? Епа, продолжи да шеташ јас ќе одам по тебе и ќе пробам да те цртам, па на крај ќе ти го дадам цртежот, може?“

            „Апсолутно може!“ – радосно рече Марија. „Која девојка не би сакала да биде нацртана.“

            Марија тргна полека нагоре додека Филип истрча до првата продавница и купи тетратка и молив. Почна да ја следи и да ги црта контурите. Марија беше висока речиси колку него, некојси метар и осумдесет и пет сантиметри. Имаше долга, кадрава,  природно руса коса до рамена, цврсти и големи гради, долги и тенки раце и нозе, тесно струкче и мало и цврсто газе. Имаше нежни црти на лицето, но светлосините очи оддава еден посебен сјај кој ја правеше едноставно неодолива. Толку беше згодна и убава што Филип некако целосно се опушти околу неа, бидејќи беше убеден дека нема шанса кај таква девојка и самото нејзино присуство беше доволно за него. Еден момент додека ја црташе си помисли како би изгледале како пар и се изнасмеа на глас. Таа згодна и руса со нежни црти, а тој со катран црна долга коса, црна брада и темен тен. Убавицата и ѕверот.

            „Што е толку смешно? Да не ме нацрта како карикатура?“ – праша Марија.

            „Не бе, си замислив на момент каков пар би биле ти и јас и ме фати смеа. Мислам, види каква си ти, и каков сум јас.“ – рече Филип и се прсна од смеење.

            Марија, ја погледна слика и се запрепасти. „Ти си луд, човече! Леле, како си ме нацртал, јас олку убаво во живо не изгледам.“

            „Ај, не биди скромна и поубава си од ова.“

            „Дојди со мене, одма!“ – рече Марија и го повлече за рака. Скршнаа низ три улички и дојдоа до едно осамено куќарче со прекрасен поглед. Марија извади клуч и ја отвори вратата. Го повлече Филип внатре и страсно го бакна. Филип не знаеше што се случува, но бакнежот беше толку интензивен што се наежи по цело тело. Во секунда заборави на се’. Се разбуди ѕверот во него и ја фати за газето и ја крена и ја прилепи кон него. Таков избезумен ја залепи за ѕид и со еден потег веќе и’ ги соблече гаќичките. Беше влажна, а тој беше камен тврд. Само ги спушти панталоните и силно влезе во неа. И зари нокти во месо и ја касна силно за рамо. Марија вресна од слатка болка. Не можеа да престанат. Продолжија така два-три пати. Саатите летаа. Одеднаш се сети на Тања и Аце и без да размислува само им пиша да уживаат и дека нашол превоз за да се врати на Родос. Само што ја заврши пораката и’ се фрли пак. На сред секс му дојде луда идеја и рипна да ја земе тетратката и моливот и почна да ја црта. Марија уште толку се возбуди. Дојде и му шепна на уво дека го обожава кога ја црта и дека тоа уште толку ја пали. Водеа љубов до стемнување.

            Надвор веќе беше мрак, а Марија повеќе немаше сила. Заспа како заклана. Секој мускул во телото на Филип беше воспален, но тој се чувствуваше одлично. Ги отвори вратите од терасата и гол гордо погледна кон морето. Месечината светеше и правеше отсјај во брановитото море. Беше тоа убава летна вечер. Ја зема тетратката и зема повторно да црта. Не можеше да сопре. Чувствуваше како вените му пулсираат силно и уживаше во секој момент. За прв пат во животот виде кој му е потенцијалот. Се сврти кон Марија и се’ му се разјасни. Судбина му беше да црта и слика, а Марија беше неговата муза...

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]