Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Опасната баба

„…и така ти викам, нешо не ми иде да учам македонски денес, иако ко вампир сум станат од 8 саат сабајлево за таа цел, у недела пази, кога секој нормален дрочи до 12 или 1 и после ждере ко Кромањонец у сезона за парење али ај…“ – си помисли умот на едно „troubled“ момче кое само што се предомисли да си ги потроши своите први утрински часови во здодевно учење за заменски придавки.

„Шо кур па да правам сега?“ – си помисли и како програмиран тргна накај компјутерот. „Знам! Ќе си гледам Симсонс и така вчера ја догледав осмата сезона. Таман за зимски распуст ќе ми останат уште 6 сезони и асално ќе се пореметам.“ 
            „Синеееее, дојди да јадеш ти се олади јадењетооо!“ – му викна мајка му.
            „Не се дери бе, сељанко една, ќе го разбудиш бато!!!“ – и дофрли тој.
            „Па, шо ако го разбудам? Се седело ли до 4-5 саат сабајле во град? На шо личи тоа?“
            „Личи на гс од влакнест мајмун! А шо, сакаш ко тебе да седиме дома ко ретардирани, да гледаме глупи шпански серии, да јадеме грав у 10 саат навечер у петок и ко сенилни старци да тушиме у хармонија?“
            „Не ти личи така на мајка ти да и збориш.“ – му дофрли татко му.
            „Стари ај глеј си ги книгите и не сери.“
            „Види го ти него, на татко, „не сери“. Алал да ти е!“
            „Знаете што? Јас идам надвор па вие журкајте се од сабајле народни хардкор тубо-фолк песни, важи?“ – кажа тој и тргна да се облекува за надвор.
            „А јадењето? Немој гладен да си излегол надвор, па да те мислам цел ден.“ – параноично му запрети мајка му.
            „Добро де, добро. Ај да видам што помија си напраила од сабајле. Гарант нешто со јајца за да ме боли стомак после цел ден.“ – рече и тргна накај кујната.
            „Леле! Пак ли грав со јајца бе тикво една? Сакаш ли на цел грав да смрдам и цел ден да прдам, па да мислат луѓето дека сум нездрав. Ама добро, не ти замеравам пошо од село си, па не знаеш нешо друго да напраиш.“
            „Кој е од село? Село не сум видела со очи!“ – налутено викна мајка му.
            „А да ти ја извадам личната карта од ташната и да провериме, а?“
            „Ако сум родена во село не значи дека сум сељанка“
            „Селоооооооо!“ – продолжи да ја рчка тој.
            „Јас не сум од село.“
            „Абе за шмизлите од центар и јас не сум од Чаир, ама у реалност… Ај нема везе идам јас, па ќе се видиме некад.“
            „Кога ќе си дојдеш?“ – се убаци стариот.
            „Кога ќе бидам дома.“ – саркастично им врати он и кидна низ вратата.
            Надвор се беше замрзнато и студеше ко да е минус 10. Ја стави капата на глава и тргна накај автобуската. Не направи ни 10 чекори кога виде како му бега автобусот пред нос. Се стрча како пантер по автобусот. Во тој момент автобусот тргна, но тој не се предаваше. Трчаше по него и викаше, ама возачот се направи наудрен и не застана. „Да ти ебам мајката педер еден! Кој кур не застанеш? Леле да ти ебам 9ките! Колку е саат? 10 и пол! Леле, сега ќе треба да чекам автобус уште минимум 30 минути!“
            „Кај си бе педер?“ – му рече едно другарче од маало со кој секогаш се наоѓаа на автобуска и си го имаа муабетот.
            „Сега ќе дојде автобус, а? Знам дека ти веќе им го научи распоредот горе-долу па секад ко ќе те видам доаѓа автобус.“ – се пошегува другар му.
            „Е овој пут курац! Ми кидна сега пред нос автобусот и ќе скапеме сега на автобуска уше минимум 30 минути!“
            „Ееее не сери пеер треба да се чекам со девојка ми за 40 минути на Рекорд.“ – накурчено рече другар му.
            „Епа пеер чорба! Освен ако не сакаш да идеме пешки до Чаир па да чекаме таму 57ца или што и да дојде прво?“
            „Ама сигурен си дека нема да дојде во меѓувреме 9ка па да се заебеме?“
            „Па види вака, недела сме, нагоре накај последната станица не отишла 9ка така да ќе тргнеме накај Чаир, па по пут ако видиме 9ка да иде нагоре ќе застанеме на некоја од станиците и ќе причекаме.“
            „Океј. Ај да фураме. А ти уствари кај идеш?“
            „Кај едно другарче дома ќе го замарам малце! Треба да учиме македонски за колоквиум и да се договараме да праиме списание.“
            „Какво списание бе? Пак ли ќе работиш нешо ко у Ентер?“
            „Не бе такво нешто, туку едно забегано списание со некои болни текстови и песни кои ние ќе ги пишуваме за наш ќеиф. Сами ќе си го печатиме и ќе дистрибуираме на факс, па после ако некој е заинтересиран нека си го ископира за себе.“
            „Еј пеер и мене да ми дадеш копија, океј?“
            „Важи бе и ти дај по ПМФ таму кој сака да си го ископира па ќе ми кажеш какви се реакциите таму за да знам за наредниот број.“
            „Нема проблем.“
            Продолжија они со нивниот рандом муабет и стигнаа до Чаир каде што веднаш им дојде 57ца. Си фатија место веднаш и седнаа. И тогаш, некаде кај Бит Пазар се случи најубавото нешто кој тој го имаше видено. Влезе една неверојатна баба. Е сега ќе се запрашате што е тоа што ја прави една баба да биде неверојатна? Одговорот е прост.
            „Пеер види ја бабава кој зуб го има еј!!“
            „ХААХАХАХАХАХАХАХА. Пеер што е ова бе еј.“ – се здрви од смеење другар му.“
            „Пеер јас ќе се возам додека не се симне бабава, жими се ти кажувам.“
            „Пеер не си здрав еј, батали не биди сељак.“
            „Шо бе не биди сељак види кој ЗУБ го има еј кој секач и е!“
            „ХАХАХАХ. Пеер прекини ќе ме умреш, не ме смеј жити се ќе пукнам. Плус сите не гледаат ко малоумни како и се смееме на бабава.“
            „Не збори гласно ќе почне бабава да праи нагли потези, после тоа ти ќе бидеш крив за масакрот што ќе го напраи.“
            „ХАХАА Пеер не си нормален, те молам прекини.“
            „Глеаш онака вечер на вести: Масакр во 57ца! Луда баба влегла во автобус налутена бидејќи и каснела пензијата и го истурила својот гнев врз 10тина невини луѓе кои стоеле во нејзиниот видокруг.“
            „ХАХАХА. Прекини те молам!“
            „Да се поврземе сега со Ленче која е на местото на злосторот. Ленче! Да Горан тука сум на автобуската станица во ГТЦ каде што бабата изгубила контрола. Од местото каде што стојам можам да забележам десетина тела на кои на сите им фали глава. Еве сега ќе имам можност да проговорам со началникот Столе кој има повеќе информации за оваа трагедија. Началнику Столе што можете да ни кажете за овој случај. Вака, немилиот настан се случил околу 11:17 утрово како што одреди судскиот вештак. Според исказите на очевидците бабата се качила 10тина минути претходно на Бит Пазар револтирана бидејќи не и била исплатена пензијата за месец октомври и почнала да пцуе. Во рацете носела 3 кеси со лук бидејќи планирала да застане пред Влада, да се најаде лук и да влезе внатре за да чека прием кај Премиерот за да го истури својот гнев за целава ситуација со каснењето на пензиите, знаејќи дека Премиерот е вампир и не е имун на лук. Додека се возела некои дофрлил „Бабо ај ако сакаш тргни се понатака. Корнеш на лук и плус ме сецна на раката со забот“. Во тој момент бабата почнала да пени низ уста и начисто изгубила контрола. Глави почнале да летаат насекаде и трагедијата започнала. Возачот во тој момент повикал помош преку радио станицата, го застанал автобусот и тргнал за да ја совлада бабата од позади. И началнику Столе каде сега се наоѓа бабата и дали ја идентификувавте неја или кој било од жртвите? Бабате се наоѓа во притвор, ставена и е тапа од вино на забот за да не може да нападне некој од полицајците кои ја држат. Забот потоа ќе и биде изваден за да може да се презентира пред судот како оружјето со кое е извршен масакрот. Што се однесува до жртвите нивниот идентитет доправа ќе се утврдува.“
            „ХАХАХААХАХААХАХАХАХАХАХАХАХАХАА. Умирам! Умирам! Пеер те молам не можам веќе да се смеам почна да ме боли! Прекини!“
            „Добро пеер ќе прекинам ако барем уште еднаш и го погледнеш забот.“
            „ХАХАХАХАХААХА. Океј готово. Треба да се симнам на Рекорд сме.“
            „И јас се симињам.“
            „Ај чао пеер ене ја девојка ми.“
            „Ај се глеаме. Поздрав.“
            А денот само што почнуваше. Кој знае што друго ќе му текне до крај на денот си помисли во тој момент…

Оригинално објавено на www.weedboy.blog.mk на 28 јануари, 2006 г.

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]