Следете нé или притиснете Escape

Животот на еден жален жиголо

Наслов

Виски во шолја за кафе

Клише муабети. Секојдневно се случуваат околу нас. И не’ иритираат. Иритираат многу. Се додека не сфатиме дека и ние ги правиме. Тогаш имаш една од две опции: или ќе прифатиш дека клишето е дел од сите нас, или ќе почнеш да се самокритикуваш. Клише е лик од расказ што пие сам на шанк, ама јеби га, таков сум. Можеби не сум излегол од расказ под некој калап, ама сфаќам како повеќето автори се самоидентификуваат со ликовите. По некое време стануваш ликот и ликот станува авторот. Некаква чудна синергија на испреплетени мисли на работ од јавето и сонот.

Ме чуди како ги бираме девојките кои ги сакаме, како ги одбегнуваме тие кои не’ сакаат. Како со секоја година помината стануваме се почудни и почудни додека не дојдеме до момент на тотална изолација или масовна желба за курвање. Се будиш еден ден и сфаќаш дека не можеш без минимум десетина часа тишина – екстрема која ја надминуваш со нагласена социјализација во краток временски период со многу алкохол и малку логичко резонирање.

Седев во темната хотелска соба и се прашував што кур барам таму?! До ова дереџе дојдов? Да чекам ко јагне пред колење без воопшто да знам што можам да очекувам. Се напнав и станав да ја проучам собата. Голем и удобен кинг сајз кревет, лево и десно наткасни. Биро стокмено од десната страна на креветот со соодветна столна ламба. Плазма телевизор. Од плазма само кекс сакам. Ова телевизориве не ме привлекуваат многу. Плакарче. Го отворив во секунда со огромна надеж. То! Скриено во него – фрижидерче. Мини бар момент. И така она ќе плаќа. Го извадив цел асортиман и го постелив на креветот. Колку ќе чекам – толку ќе пијам. Нема друго.

Шишенце Џек и две шишенца Чивас. Изгланцаните чаши светкаа низ заштитната санитарна кесичка. Премногу совршено за мој вкус. Ми текна дека си ја понесов шолјата за кафе со мене. Ги отворив двете шишенца Чивас и ги истурив во утробата на снежно белата шолја. Не ставив мраз. Сакав да го почувствувам вкусот на вискито. Мириснав прво. За секунда цела кожа ми се наежи и земав една алчна голтка. Топлото чувство на достоинствениот шкотски еликсир ми ги запали градите. Душата ми дојде на место.

Два кратки и едно долго тропање на вратата. Тука е! Дрмнав уште една солидна голтка, ја оставив шолјата на наткасната и тргнав кон вратата. Си ја раскопчав кошулата околу вратот и ја фрлив краватата. Ме гушеше. Тахикардии ми го ебеа филмот. Благ напад на паника. Не биди пизда, среди се! Ја отворив вратата.

„Петар?“ – праша самоуверената жена од другата страна.

„Тој сум.“- одговорив сигурно, иако секој атом од моето тело имплодираше со секоја помината секунда.

„Може да влезам, или ќе ме оставиш да дремам во ходник цела вечер?“

„Ајде пробај, ако не.“

Крупни чекори и веќе беше до креветот. Си седна и ме погледна директно во очи. Ме продираше со погледот како предатор кој го начекал својот плен во тесно и сега повеќе сака да си игра отколку да го нападне.

„Ќутлив си по природа?“ – праша таа.

„Само кога ќе останам без текст.“

„Кај ти е текстот, тогаш?“

„Однапред е договорен. Нема простор за креативност баш, нели? Сакаш пијачка? И така ти плаќаш.“

„Ептен ти иде кавалерствово, а?“

„Јеби га, свет на интереси и сјебани ликови. Нема што да глумиме манири и да си лижеме гз.“

„Искреност – јака страна. Да удрам штикла.“

„Се додека не ме удираш мене со штиклата, немаме проблем.“

„Па не би те удирала... имав друго на памет за штиклите.“

„Што ќе пиеш?“

„Вино. Бело. Има таму?“

„Има – едно шишенце, ама нема фенси чаша ко што си навикната.“

„Ти од шолја пиеш?“

„Да! Послатко ми е кога скапа внатрешност лежи во евтино пакување. Најдобрата комбинација. Таков се тешам дека сум и јас, ама некако се чувствувам евтино во моментот, а пакувањево не е нај нај.“

„Да беше лошо пакувањето, немаше тука да бидам.“

„Повели.“

Сркна од виното и продолжи да ме гледа. Не знам како идат овие работи. Треба да почнам, треба она да почне? Има сигнал ли? Клучен збор? Треба ли еднаш или цела ноќ ќе се ебаваме? Добро изгледаше ко за 38 годишна. Сите атрибути беа на место. Имаше кошула со црвено-бели риги. Убав материјал. Косата собрана во пунџа. Две нежни и мали светкави обетки. Ланче од бело злато со дијамант. Нежен розов кармин, малку пудра, маскара минимал, руж. Две копчиња од кошулата отворени за процепот од деколтето културно да се гледа, а сепак да провоцира. Тесна сукња доле над колена. Шлиц одзади. Црвена штикла – десетка. На глуждот имаше истетовирано птица со раширени крилја.

„Колку време го работиш ова?“ – праша русокосата деловна жена.

„Првпат.“ – одговорив нервозно.

„Те бива ли?“

„Ти ќе процениш сама – ќе ми требаат препораки после.“

„Нејќеш лоша препорака, верувај ми.“

„Нејќеш ни ти залудно џитнати пари.“

„Сега откако утврдивме што не сакаме, како да дојдеме до моментот на тоа што сакаме?“

„Алкохол секогаш помага. Тоа е како портал кон вистината. Му се препушташ и оставаш потсвеста да те вози. Понекогаш ти го кажува токму она што добро го знаеш, само со малку повеќе самодоверба и помалку размислување, а другпат може тотално да те изненади на најсјебан можен начин.“

„Ко, на пример?“

„Пиј, па ќе видиме.“

Го доврши виното во еден здив и пушти уште едно копче. Ја натегнав шолјата и повторно се наежив од топлиот бран на вискито. И’ турив ново вино. Муабетот продолжи, а она веќе беше до пола од втората тура. Чивасот го снема. Чивасот е елегантен – дава мудрост. Сосредоточеност. Преку кур од тоа. Ми требаше селјакот во мене. Го отворив Џекот. Каубојски вкус, силен, распашан. Отиде уште едно копче од кошулата. Цицките веќе целосно и ѕиркаа. Тоа беше еден маестрален поглед. Ерекција за секунда и веќе знаев дека ова нема да биде само бизнис, туку и задоволство. Проблемот беше да не биде еднострано.

Во исто време ги довршивме пијачките и пред да може да ја спушти чашата на земја веќе и’ се имав фрлено и ја лижев за врат. Со едната рака за коса, другата веќе автоматски тргна надолу. Мало, ама затегнато газе. Целосно беше опуштена. Ја приближив поблиску до мене и веќе можеше да почувствува дека сум камен доле. Ја повлеков посилно за коса и ја слушнав како офна од болка. Добра проценка. Според тоа како изгледаше – се гледаше дека по цел ден команда и контролира. Таквите секогаш сакаа некој да ги стави во место зад затворени врати.

Ме сврти во круг и одеднаш јас се наоѓав свртен со грб кон креветот. Ме бутна на кревет и бавно се спушти врз мене. Сега таа ме гризеше за врат и имаше целосна контрола. Решив да и’ вратам услуга и да и’ го разголам рамото кое почнав да го гризам со сласт. Она не се откажуваше, почна уште поревносно да гризе и да ме раскопчува. Летна и кошулата, па решив да го забрзам процесот и со нејзината. Останатите копчиња летнаа во еден потег, а за секунда подоцна хируршки прецизно беше изваден и градникот. Ја фатив повторно за коса и запливав со устата измеѓу големите цицки.

Со едната рака ме фати за коса, а со другата ми го откопча шлицот и ми го фати силно. Со еднакви движења почна да го тегне и веќе бев избезумен од возбуда. Осетив цела крв како ми лета долу и во тој момент ме турна на кревет и се спушти доле и го стави во уста. Превртев очи и целосно се предадов. Не сум сигурен дали халуцинирав или не, ама ми звучеше како едно време да почна да ѕвони мобилен. Во право бев, плавушата се тргна и крена.

„Морам да одам, генералниот свикал итен состанок.“ – рече ладнокрвно додека си ја ставаше кошулата. Градникот веќе магично и’ беше ставен.

„Молам?!“ – збунето прашав со неизбежниот шатор кој се ѕвереше во неа.

„Супер беше. Наредна среда пак, така?“ – рече таа и остави пари на наткасната пред да излезе.

„Пак што? Јас...“ – пропелтечив и пред да имам време да кажам уште нешто неа веќе ја немаше.

Бавно станав и се облеков. Ерекцијата си стоеше гордо и моќно. Џабе. Немаше да има завршница вечерва. Заѕвони мобилниот. За момент се израдував дека и’ го откажале состанокот и дека се враќа назад. На телефон беше Соња. Пијана ми кажа дека знам каде сум и дека видела како некоја ебештија излегла од хотелот. Ме праша дали бев со неа. И реков, да, мртов ладен. Качи се – ми беше следната реченица. Се качи. Полуразочарана, полусреќна, ме погледна само и виде дека уште ми е дигнат. Без ништо да праша ми скокна во раце и ја однесов до кревет. Почнавме да се соблекуваме, а таа веќе беше влажна. Ставив брзо кондом и влегов силно во неа. Оттаму веќе се беше по автоматизам.

По неколку партии веќе спиев ко заклан. Ги сонував сите женски со кои не можев да направам ништо. Сега веќе се’ ми изгледаше возможно. Се разбудив на сред сон заслепен од вклучените светла. Соња никаде ја немаше. Омилената шолја ми стоеше скршена на подот, парите од наткасната ги немаше, а на перницата до мене едно ливче на кое пишуваше „ЦРКНИ!“...

ПсихотиченУм

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]