Следете нé или притиснете Escape

Животот на еден жален жиголо

Наслов

Вистината боли

Што ти се врти во глава пред да легнеш? Не знаеш? Јас знам. Ништо не ти се врти. Табула раза си. Си легнуваш без мисла, без грижа, без нервоза. Не? Дури и да не е така, пак не ти е како што ми е мене. Јас сум посебен, знам дупло повеќе да се самосожалувам од тебе, знам да не заспијам цела ноќ, знам да заглавам со работа, да заглавам со излегување, да заглавам во лоша ситуација. Знам да дозволам несоницата да ме победи. Таа ми е слаба точка, бидејќи премногу размислувам.

Претпоставката е мајка на сите заебанции, а јас сум мајстор за претпоставување. Два пати Мери, еднаш сестра и’, ама не, ја осум пати мерам, а од сечење абер немам. Го читаат искусните тоа многу лесно и ме сечат мене ко Брут со другарчињата што го сечеле Цезар, а јас пак исто муле. Не е тоа битно, не е дека не се менувам. Баш напротив, сменет сум стотка. Знам да живеам сам со себе и да ми е убаво. Знам и да сум кретен бесчувствителен, конечно. Ама со погрешните луѓе, со оние кои не заслужуваат.

„Одамна те немам видено,” – тажно кажа Светле.

„Што ќе гледаш, не бев за гледање,” – круто одговори Петар и си тури уште еден Џек.

„Што ти се случува?”

„Ништо, досаден сум. Нема ништо ново. Кај тебе?”

„Па да ти кажам право јас...” и пред Светле да има шанса да ја доврши реченицата Петар веќе беше залепен до неа и ја бакнуваше. „Не дојдов тука за тоа,” рече Светле и се обиде да се ослободи. „Зошто секогаш ми правиш вака?”

„Зошто доаѓаш кај мене дома кога знаеш дека ќе пробам тоа што секогаш го пробувам?” – нервозно рече Петар.

„Зошто очекувам еднаш барем да имаш почит спрема мене и да се подружиме ко луѓе без да пробуваш да ме легнеш.”

„Ми ги знаеш и намерите и пак јас испаѓам крив.”

„А ти знаеш дека имам дечко и упорно пробуваш.”

„Тоа што ти имаш дечко гледам не те спречува да се лапаш со мене ко тинејџерка и да правиш глупости лево-десно низ град, да ми доаѓаш сама на гости и што све не, ама затоа ти дава право да ми глумиш лудило кога ќе дојде до секс работава.”

„А демек тоа е работата? Работата е јас каква сум? Добро, чим е така, ај поседи малку и размисли што кажува тоа за тебе!” – викна Светле, стана од креветот, си го облече капутот и летна низ вратата.

Петар со очекувана и иронична насмевка се навали со грбот кон ѕидот, си стави перница зад него и продолжи да си пие од вискито. Веќе знаеше дека е целосно оштетен и не му беше гајле. Повторно навлезе во истата замка да се самоанализира. Ја заниша главата и одлучно реши да престане. Доста беше логика и резонирање. Време беше да се препушти на глупостите човечки со се сите последици кои доаѓаа од нив.

Го извади мобилниот, ја најде Џина и почна да и’ пишува смс. Знаеше дека е запишан како „Трајче Работа” во нејзиниот мобилен и и’ пиша: „Состанокот од утре може ли да го преместиме за вечер. Клиентот напиња. Ако не си во можност ќе одам сам.” Ја испрати пораката и го џитна мобилниот на креветот.

Не поминаа ни две минути телефонот почна да ѕвони. Отсечно Џина му уфрли само едно брзо „каде?”. Кај мене дома дојди, ќе ти пуштам адреса по смс. Се гледаме за саат време, пресече Џина и му спушти. Ја искуца адресата и продолжи да пие.

Телефонот повторно заѕвони. Кој кур сака оваа сега, не знае ли да се снајде со улици ли, си помисли нервозно. Билјана ѕвонеше. Не и’ кревам, не паѓам повеќе на тие евтини финти. Повторно заѕвоне телефонот. Пак беше Билјана. Игнорирање по втор пат. Трет пат. Затишје. Одеднаш некој заѕвони на ѕвончето.

„Нели за саат време ќе дојдеше?” – праша строго Петар и почна да ја отклучува вратата. Само што се отвори и доби можност убаво да погледне низ неа сфати што се случува и се стаписа.

„Изгледа очекуваш некој друг, ама за жал ме доби мене,” рече Билјана со солзи во очите. Толку беше, толку му требаше. Се стопи за секунда и само немо и покажа со главата дека треба да влезе внатре.

„Ќе откажам кафето со другарка ми. Седни, одма ќе дојдам само да пишам,” збунето рече Петар и почна да куца смс.

„Ако сакаш ќе си одам?”

„Ако сакав да си одиш немаше да те пуштам воопшто да влезеш. Чим си дошла до тука, имаш причина. Збори. Те слушам.”

„Не сакам да се наметнувам.”

„А јас пак не сакам да ми ја вреѓаат интелигенцијата, така да батали глумата и кажи што се дешава, да не се фолираме за џабе.”

„Во форма си денес, ти стои да бидеш кретен.”

„Благодарам на разбирање. Што ти е?”

„Претерав!”

„Не се секирај, навикнат сум да ме третираат ко гомно.”

„Не мислев спрема тебе.”

„Знам дека не мислеше. Мислење не ти е јака страна.”

„Ако продолжиш вака ќе си одам.”

„Спрема кого претера?”

„Спрема себеси. Престанав да се почитувам самата, почнав да се залажувам дека се возможни работи кои и мало дете знае дека не се и навлегував се подлабоко и подлабоко во лагата.”

„Која лага?”

„Не можам да ти кажам.”

„Тогаш не можам да ти помогнам и ми го трошиш и моето и своето време.”

„Добро, не можам да поседам тука и да уживам малку во твое присуство?”

„Не може, го потроши тој џокер.”

„Уште се лутиш за минатиот пат?”

„Нема што да се лутам. Дојдевме тука пијани. Пробав нешто, ме одби, ми кажа дека не ме гледаш на тој начин. Прекинав. Си отиде. Крај на приказната. Многу едноставно.”

„Ти кажав тогаш дека сакам да останеме другари.”

„А јас ти кажав дека веќе имам доволно другарки и дека не ми треба нова.”

„А што ти треба? Девојка? Безначаен секс? Што?”

„Некоја која нема да сакам да ја исфрлам од дома ако не ми даде. Девојка со која можам да седам со саати и да ќутам и да ми биде убаво.”

„Ја имаш, еве сум пред тебе.”

„Мислев на девојка со која ќе го имам сето тоа и нема да оди после да се рока со некој друг.”

„Знаеш дека ми значиш.”

„Знам дека си играш курташак со мене.”

„Почнав да се гледам со еден тип во исто време кога те запознав тебе. Не беше ништо посебно, ама почнав да се заљубувам во него и не сакав да почнам нешто паралелно и со тебе, не беше фер.”

„Зошто си тогаш тука? Иди кај не го и не ми го троши времето.”

„Се врати бившиот од Пекинг и бев да се видам прееска со него. Стари чувства почнаа да ми се враќаат и се случи нешто и со него. Веќе недела дена е така и не знам што да правам. Се гледам паралелно и со двајцата и мислам дека срцето ќе ми експлодира.”

„Одлично! Ти се рокаш ко ретардирана, а јас треба совет за љубов да ти давам. Браво!”

„А демек ти си светец во меѓувреме?”

„Јас не варам девојка. Кај мене се знае точно граница, нема сиви зони. Или е црно или е бело.”

Билјана стана и тргна кон него. „Ајде да видам дали знаеш што треба да направиш ако ти се даде шанса,” рече и страсно го бакна. Петар збунет врати и продолжи да ја бакнува. Пијан, изгуби контрола и целосно заборави колку време ја има посакувано и влезе во вообичаената рутина како со Џина. Ја залепи за ѕид, ја сврте и и’ ги потспушти фармерките. Стави кондом набрзина и силно влезе во неа. Срцето му чукаше двеста на час и се’ што можеше да се сети е дека ја имаше гушнато со двете раце и не ја пушташе додека силно навлегуваше во неа одзади. Не можеше веќе да се сопре и бргу сврши.

Билјана нежно го оттурна, се сврти и го погледна во очи. Петар немо ја гледаше и со очите и’ кажуваше дека не сака никоја друга освен неа, дека е уморен од се’ и дека само сака да биде среќен, но не можеше да го види тоа кај неа. Таа празно го гледаше и беше дезориентирана. Не од сексот, не од него. Со умот беше на друго место. С е облече набрзина и тргна кон вратата.

„Супер! И ти оди си на трчање! Сите одете си. Идете у пичку матер комплет!” – почна да вика Петар.

„Не знам која сум ти на број вечерва, ама се гледа дека ептен имаш начин како да убедиш девојка да биде со тебе!” му врати Билјана со ист тон и нервозно ја отвори вратата. Сега таа се стаписа. Пред вратата стоеше Џина разголена, со полураскопчан мантил и со шише виски во рака.

„Што бараш ти тука?” збунето праша Билјана.

„Ти девојче не треба да си со маж ми во моментов?” рече Џина без око да и’ трепне. Билјана остана без зборови. Толку беше шокирана што не можеше да се мрдне од местото. „Што мислеше дека не знам дека се ебеш со него? Мислиш дека нафта пијам. Се’ знам и се’ ми е јасно и намерно ништо не сум кажала. Која сум јас да судам.”

„Да, ти немаш што да судиш, ама јас можам да судам. И тоа на двете. И двете варате луѓе со кои сте и немате ни трошка морал. Губете ми се. Да не ве видам повеќе!” – нервозно викна Петар.

„Нема проблем. Дај ми ги парите и веднаш ќе си одам.” – насмеано рече Џина.

„Јас тебе да ти дадам пари? Што ти е проблемот? Зошто би ти дал ЈАС пари на ТЕБЕ?”

„Бидејќи тоа што ти го правиш за пари со мене, Билјана го прави ЗА мене. Што мислиш со кој бизнис јас станав успешна? Мислиш дека она некни што го виде беше маж ми? Ти личам на некоја која би дозволила мој маж така да се однесува? Се’ е бизнис ова мали, освести се малку.”

„Лажеш! Не е вистина тоа!”

„Вистината боли, дете. А вистината е дека во собава има две курви, а само јас сум бизнисменката.”

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]