Следете нé или притиснете Escape

Наслов

2Челос и Армин ван Бурен за незаборавен Илинден во Охрид

2013-12-17
Синоќа во Охрид македонската публика имаше ретка можност да присуствува на два спектакла од различен карактер кои се одржаа во рок од неколку часа еден од друг. 2Cellos приредија концертно уживање за љубителите на добрата музика од сите возрасти, додека Армин ван Бурен им даде адреналинска инјекција на најжестоките журкаџии за комплетно заокружување на оваа вечер за паметење.

Со минимално доцнење од десетина минути 2Cellos премиерно и' се претставија на македонската музичка јавност и го започнаа долгоочекуваниот концерт во рамките на Охридско лето 2012-та. Скромните Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер ја поздравија публиката и веднаш започнаа со нивниот едночасовен концерт.

Прва преработка која ја отсвиреа беше "Welcome to the Jungle" од Ганс енд роузис, па следеа преработки на Грин Деј, Ред Хот Чили Пеперс, Мјуз, У2, Нирвана, Еј Си Ди Си, Џими Хендрикс и Стинг. Младите Хрвати успеаја без многу проблеми да ја пренесат публиката од мирна и романтична атмосфера во еден енергичен транс каде што никој не можеше да остане рамнодушен.

Кулминацијата на концертот се случи при изведбата на нивната прва преработка на песната "Smooth Criminal" од Мајкл Џексон преку која се стекнаа со светска слава и добија можност да одат на турнеја со големиот Елтон Џон. Еве како изгледаше тоа во живо.

Само неколку часа подоцна македонските љубители на електронската музика има шанса да го проследат спектакуларниот настап на еден од најдобрите светски диџеи - Армин ван Бурен - на плажата Парк. Со тричасовен сет, одлично озвучување и уште подобро осветлување и визуелни ефекти Ван Бурен покажа дека е мајстор за забави кои траат до раните утрински часови.

Неколку илјадната публика уживаше во секој чекор од неговиот настап кој кулминираше околу четири часот утринава кога познатиот диџеј го заокружи неговиот настап со мега хитот "In and Out of Love". Судејќи по реакциите на публиката, на Македонија дефинитивно и' се потребни повеќе вакви настани за повторно заживување на клупската сцена. Еве како изгледаше настапот и на главната атракција на Green Beach Festival.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]