„Никогаш немам сретнато некој кој би сакал да бидам. Дури и тоа да е некоја илузија, ми одговара така.” - Чарлс Буковски
Наслов
Ај те молам, филмај се!
2013-04-23
По 16-ти пат Скопски филмски фестивал, множество филмаџии кои се обидуваат да ве однесат на некое друго место, во некое друго време, да ви раскажуваат за настани и ликови на начин кој до сега не сте го уживале, да ви врзат неколку шамари од изненадувања, да ви ја разбудат желбата да кампувате пред кината Милениум и Рамстор.

Програмата повторно инспирира да ги наострите пантофките, да наполните ранец со пуканки и да шверцате благца, да се ставате у паника дека можеби и ќе нема карта баш за вашиот филм, дека ќе ви дадат место со гулабите или гратис ќе ви се погоди тетката со ладна што ви ја уништува уметничката фотографија... и сето ова за подвижните слики кои траат реално време од час и половина, а филмски да се издолжуваат до еден животен век.
Главна програма се наградуваните наслови на режисерите: Вес Андерсон („Кралството на месечината“), Гас ван Сант („Ветена земја“), Томас Винтерберг („Лов“), Роџер Мичел („Хајд парк на Хадсон“), Мартин МекДона („Седум психопати“), Николај Арсел („Кралска афера“)...; кои ќе го предизвикуваат моментот на изненадување со тоа што со вашето ќесиче со пуканки ќе ги сервираат нивните идеи, фотографии, приказни, и на поинакво ниво ќе разговараат со вас.
Фестивалот го отвори филмот на Срдан Голубовиќ, Кругови. Ако филмот може или да ве насмее или да ве расплаче, тогаш Кругови нема да ви стави насмевка, но ќе ви предизвика тешка емоција да не знаете кој крај од себе да го фатите, да ги премерувате моралните вредности, во крајна линија да престанете да се криете дека понекогаш си поплачувате на филмче. „Кај нас нема мали теми. Нашите драми се подраматични, нашите животи се подраматични.” Срдан на прес-конференцијата, ни остави за домашна да размислуваме за простувањето како двонасочен процес и поголемата моќ на емоцијата отколку зборот во меѓучовечката комуникација. Ве молам, исклучете ги клишеата и пипнете ги круговите направени од камчето фрлено во вода.
Еј, абе оваа уметност се јаде сирова, со раце, се проголтува секој дел и тек потоа со аристократски манири се брише лицето и се полира впечатокот. Така де, она што филмот ви го прикажува е моменталната вистина и ќе го земете како аспирин со чаша вода, а тоа дали ќе имате различни толкувања... е со тоа сами ќе се борите со кој дел од вас приказните ќе се поистоветат.
Пижамите дома, даљинското у ташна а пантофките у срце, идеја за ќебенце и бандата под рака. Кој е гладен за филм, на вечера на Скопски Филмски Фестивал 2013 од 19 до 27 Април.
Веб – страна: http://www.skopjefilmfestival.com.mk/
Дизајн на промотивен материјал е емоцијата наречена – Ване Костуранов

Психотичен Ум
Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...
СЛИЧНИ СТАТИИ
СЛЕДЕТЕ НÈ
[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]
КОЛУМНИ/ЛИТЕРАТУРА
-
Цел живот е школо, прашање е само колку сме спремни да учиме и дали му пристапуваме на целиот процес со анимозитет поради стегите на формалн
-
Изгледа како легитимно прашање, нели? Какви интернет сајтови сакаме? Што значи квалитетна информација во денешно време и колку чини истата?
-
Го памтам времето кога, како мал, не знаев што попрво да направам со себе.
-
Повторно темна соба без никој покрај мене. Тахикардиите веќе ги заменив со депресија. Веќе нема анксиозност, само потиснат бес.
-
„Добро си?” – праша Оливера. „Извини?” – збунето врати Сања. „Па, те гледам од прееска се издишуваш повеќе него што треба, па се насекирав
-
„Ти текнува ли колку бевме невини кога бевме деца?“ – носталгично праша Симон. „Па не знам дали бевме баш невини и дали бевме баш деца?“ –