Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Апокалиптика се враќаат во Скопје!

2015-06-04
По феноменалниот концерт во 2006 г., Авалон Продукција успеа уште еднаш да ги донесе незаборавните Апокалиптика во Скопје. Спремете се, ова ќе биде одлична есенска сезона на концерти!

Во прилог соопштението од Авалон:

Волшебната APOCALYPTICA во Скопје!
________________________________________

Со огромно задоволство сакаме да ве информираме дека една од највозбудливите и најатрактивни атракции на концертната индустрија во светот APOCALYPTICA - доаѓа во Скопје.

Во Скопје интензивниот, гласен и експлозивен бенд APOCALYPTICA доаѓа во склоп на огромната светска турнеја на која го промовираат актуелниот албум „SHADOWMAKER“.

Oсмиот студиски албум „SHADOWMAKER“ објавен е на 17 Април и содржи 10 нови песни и за прв пат го вклучува вокалот Franky Perez, кој со бендот настапува во живо на оваа турнеја. Влегувањето на Perez во APOCALYPTICA претставува значаен чекор напред за бендот. За прв пат имаат само еден вокал на цел албум што на песните му дава цврст и препознатлив звук, различен од претходните албуми.

APOCALYPTICA ќе настапи во СРЦ Кале на 17-ти Октомври (сабота). Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 8-ми Јуни (понеделник) преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе, цените ќе бидат објавени во недела во 21.00 часот на ова исто место.

Ова е второ гостување на APOCALYPTICA во Скопје после настапот во 2006 година на Скопско Лизгалиште, кога сеуште не беа толку глобално популарни.

Авалон Продукција исто така е организатор на концертот на APOCALYPTICA и ден претходно во Белград.

Заклучно со концертот на APOCALYPTICA се заокружува концертната сезона на Авалон за 2015 година за Македонија заедно со OneRepublic, Paul Van Dyk, Balasevic и Whitesnake.

Авалон Продукција

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]