Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Би-Риал и Сајко Релм го „запалија“ Колосеум!

2011-11-28
Хардкор „весткоуст“ рап ритами, публика во екстаза со рацете во вис и незаборавни скречови во живо се само дел од елементите кои го одбележаа концертот на хип-хоп иконата Би-Риал (од Сајпрес Хил) и Сајко Релм во рамките на оф-програмата на овогодинешниот Таксират како дел од турнејата „Сајко Буда“.

Концертот започна со настапот на нашите Ро енд Викед (Raw and Wicked) кои добро ја загреаја скопската публика како предгрупа на великаните на „весткоуст“ рап музиката.

Први настапија Сајко Релм (Psycho Realm) кои со своите хардкор ритами наидоа на одличен прием кај домашната публика која непрекинато ги следеше без здив со секоја нивна песна. Иако оваа група и нејзините хитови не им се доста познати на Македонците, сепак музиката, која има повеќе од доволно допирни точки со онаа на Сајпрес Хил и Соул Асасинс, беше одлично прифатена од присутните во преполниот Колосеум.

Сајко Релм „распалија“, а Би-Риал го затресе Колосеум појавувајќи се еден час по почетокот на големиот спектакл. Со право најавен како легендата на една од култните американски рап групи кои го промовираа овој правец во мејнстримот, Би-Риал го започна својот настап како што му прилега - моќно и без минута пауза.

Колосеум се тресеше од хитовите како „Вато“, „Хитс фром д бонг“, „Доктор Гринтам“ и „Инсејн ин брејн“, а публиката уживаше во секој момент од феноменалната интерпретација на Би-Риал кој на неколку наврати не заборави да каже колку е понесен од атмосферата.

Честитки до момците кои стојат зад Таксират за одличниот избор на изведувач!

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]