Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Дјуран Дјуран - дефиниција за совршен настап!

2013-12-17
Дјуран Дјуран синоќа одржаа лекција од 120 минути за тоа како треба да изгледа еден совршен концерт. Од хемија со публика, преку комбинација на песни кои беа како измислени за вчерашниот концерт, па се до звук кој што беше како да ги слуша човек на ЦД, а не во живо, британските „шминкери“ покажаа дека епитетот на легенди им е сосема заслужен.

Публиката на Скопското Кале, точно како што и' беше најавено претходно, имаше шанса да се загрева со Нокаут кои го отворија спектаклот кој подоцна ќе кулминира во едно шоу наречено „Вовед во правење совршен концерт“. Со комбинација од старите и новите хитови за многу кратко време публиката веќе беше разиграна, распеана и видно расположена, а момците од Нокаут покажаа дека веќе се ветерани за пренесување на добра енергија.

[img]https://dl.dropbox.com/u/198510/Novi%202012/Duran%20Duran%20-%2007.07.20...

Со малку преработени аранжмани на нивните севременски македонски хитови им беше потребно само 45 минути за да го најават големиот концерт за кој лично верувам дека немаше некој кој се надеваше дека ќе звучи и помине толку добро.

По пауза од некојси 40-тина минути македонската публика го дочека моментот да ги види на сцената легендарните Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор и атмосферата полека почна да се вжештува. Светлата се вклучија и легендите го започнаа нивниот настап со една од нивните понови песни "Before the Rain" од албумот "All You Need is Now".

Човек просто да не верува колку добро звучеа во живо. Кој вчера не беше на Скопското Кале нема ни да може да знае што пропуштил. Нема да може да знае што значи Сајмон Ле Бон да се симне од бина и да ја анимира публиката и да им овозможи на случајно избрани поединци да пеат заедно со него. Нема да знае што значи во живо да се види една сцена од која блештат совршени светла и видеа. Нема да може да го почувствува совршениот звук на песни како "Girl Panic!", "Come Undone", "Ordinary World", "Save a Prayer", а нема ни да може да види како неколку генерации на жени здивуваат и ги вриштат зборовите на "Hungry Like a Wolf" до него. Не, нема ни да знае како изгледа кога тоа прекрасно искуство ќе се заокружи со легендарната "Rio".

[img]https://dl.dropbox.com/u/198510/Novi%202012/Duran%20Duran%20-%2007.07.20...

Дјуран Дјуран синоќа одржаа лекција од 120 минути за тоа како треба да изгледа еден совршен концерт. Од хемија со публика, преку комбинација на песни кои беа како измислени за вчерашниот концерт, па се до звук кој што беше како да ги слуша човек на ЦД, а не во живо, британските „шминкери“ покажаа дека епитетот на легенди им е сосема заслужен.

Се надеваме дека на тие кои не беа синоќа на Кале ќе успееме барем малку да им ја доловиме атмосферата со дел од сликиве и видеава, а дека и ќе успееме да им ја освежиме меморијата на десетте илјади врескачи од вчера. Уживајте!

Фото[/i]: Александар Михајловски[/b]

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]