Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Фронтменот на „Електрични Оргазам“ со празничен ДЈ сет во Галерија 8

2014-02-06
Речиси и да нема човек кој не го познава легендарниот лидер на оваа екс-ју група, чиј што хит „Игра рокенрол цела Југославија“ и ден денес ги обединува бившите републики.

Срѓан Гојковиќ или како што сите го знаат по прекарот Гиле, на 14.02 ќе ги обедини скопјани во срцето на Старата Скопска чаршија- култното катче „Галерија 8“.

Нашиот православен празник „Свети Трифун“ и денот на вљубените- Св. Валентин, Гиле ќе се обиде да ги направи уште повесели со својот ДЈ сет, составен од соул, фанк, реге, рок и латино музика.

Музичкиот виртоуз со својот бенд „Електрични Оргазам“ има издадено вкупно 18 албуми, а самостојно еден албум и неколку албуми во соработка со Влада Дивљан. Она што е интересно за неговата музичка кариера е што идејата за бендот паднала на собиранка веднаш по концертот на „Леб и Сол“.

Останува да причекаме до 14 февруари, денот кога Гиле несомнено ќе го исполни Безистенот со добри музички звуци.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]