Следете нé или притиснете Escape

Наслов

„Година на змијата“ – концерт за паметење на Whitesnake на Калемегдан

2013-05-16
Час и четириесет минути лекција по рок за сите оние кои мислат дека „дедовците“ Whitesnake се нешто веќе видено. Легендарниот британски рок состав вчера на Калемегдан покажа и докажа дека е еден од најдобрите лајв рок бендови на планетата – 15-илјадитната публика потврди!

Фото: M.A. - Novosti.rs 

Точно, без ниту минута доцнење, великаните Whitesnake, на чело со рок иконата Дејвид Ковердејл, се појавија на сцената на Калемегдан во точно 22.00 часот. Greatest hits е најточниот можен назив за турнејата која во пит стопот Белград еруптираше со спектакуларен почеток со песната „Give Me All Your Love Tonight“, па продолжи со „Ready An’ Willing“ за да се оддаде еднаква почит и на првите хитови на Ковердејл, за веќе трета песна да биде „Can You Hear the Wind Blow“ од претпоследниот албум „Good to be Bad“.

Публиката како во транс почна да ја тресе основата на тврдината кога ја слушнаа култната „Don’t Break My Heart Again“ која беше одлична основа за најголемиот хит на Whitesnake „Is This Love“.

Како вистински рок диригент Ковердејл ја водеше публиката од песна во песна и на паузата им се заблагодари на сите за безрезервната поддршка во последните 35 години од нивното постоење и им ја посвети „Gambler“ на починатите членови на бендот Мел Гали, Кози Паул и Џон Лорд, а српската публика со гордост му даде бајрак во чест на сите концерт одржани досега во Белград.

За да биде оваа вечер комплетна и максимално незаборавна се погрижија и Даг Олдрих и Реб Бич кои со нивните маестрални солажи на гитара ги оставија сите подзинати, а шлаг на тортата беше кога Томи Олдриџ полуде на тапани и во еден момент ги фрли палките во публика и продолжи да тропа со раце. Ковердејл го претстави и басистот Мајкл Девин и неговата брада, а тој мртов ладен го истрола со ремикс „Is this beard“ кој заедно си го отпеаја.

Баладата „Forevermore“ беше подарокот од рок составот за сите обожаватели, а дека Whitesnake се тешкаши во категоријата комуникација со публика беше доказ што многу бргу преминаа од „Best Years“ на „Bad Boys“ кога забележаа минимален пад во енергијата.

Формалниот дел од концертот го завршија со „Fool For You Lovin’“, а по враќањето на бис го завршија концертот со „Here I go Again“, по што следуваше првиот голем хит на бендот, преработката „Ain’t No Love in Heart of the City“, авторската „Soldier of Fortune“ на Ковердејл од времето на Deep Purple која ја испеа а капела и „Still of the Night“ за поздрав до Калемегдан и спомен во нашите срца за најдобриот концерт кој некогаш сме го гледале. Секоја чест!

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]