Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Хакатон во Скопје!

2016-04-07
Си бил на хакатон во скоро време? И да си бил, не си бил на ваков досега! P.S. Имаат вредни награди!

doXteam ве повикува да бидете дел од хакатонот на тема “Two Way Authentication Using Fingerprint Sensor” на кој ќе се изработува софтвер кој ќе овозможи поголема заштита на личните податоци при секојдневното користење на интернетот.

Сите сме свесни дека денес безбедноста на личните податоци кои ги оставаме на социјалните мрежи и други апликации е од огромна важност. Денес, повеќето уреди имаат вграден сензор за отпечаток од прст, а нашата цел е тоа да го искористиме максимално.

Хакатонот има за цел да привлече млади и мотивирани ентузијасти кои имаат страст да работат на ваков проект, а имаат и познавања од областа на развој на софтвер, мобилни апликации и сл. Овој настан предвидува работа во тимови (најмногу тројца по тим), кои имаат вештини за програмирање и желба да креираат уникатен софтвер.

Како награда за најдобрите проекти кои ќе произлезат од овој ХАКАТОН, doXteam ќе овозможи простории и опрема (Apple Mac Mini, iPad Mini, Android телефон - сите со fingerprint sensor) за завршување на започнатиот проект. Кога ќе се заврши проектот, горенаведената опрема останува кај тимот кој го реализирал проектот, а doXteam ќе продолжи да пружа максимална поддршка на тимот кој што ќе победи.

За учество на овој ХАКАТОН пожелно е да се пријавите на следниов линк - http://goo.gl/forms/9u4hbLQT0H

Хакатонот ќе се одржи на 16ти и 17ти април во 11 часот во просториите на doXteam на ул. Пиринска 29 (спроти хотел Амбасадор) Дебар Маало.

Епа дечки, се гледаме на хакатонот!

Dimitar Najdenov

Фанатик по коли, толку! Се шалам ке ве тролам јако!

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]