Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Hurts на главна бина на Exit

2014-05-29
Ако имавте чест да ги гледате Hurts во Скопје пред 3 години, или во некоја друга прилика, тогаш веста дека царевите за концерти ќе настапат на главната бина на најдобриот европски фестивал Exit на 13-ти јули ќе ве наполни со еуфорија.

Познати по аудио-визуелните настапи каде што совршено функционираат со сите нивни членови - Hurts со своите хитови како „Wonderful Life“, „Miracle“, „Somebody To Die For“, „Stay“, „Sunday“ и многу други ветуваат одличен концерт на Петроварадинската тврдина. Нивната популарност се подигна на сосема ново ниво со дуетот со Кајли Миног („Devotion”) и со преработката на нејзиниот хит „Confide in Me“, како и нивната уникатност со освојување на обожаватели и од поп рок сцената, но и од електронската сцена со соработката со Калвин Харис за хитот „Under Control”.

Рецензија за концертот во Скопје низ наши очи можете да ја најдете тука.

Calvin Harris & Alesso - Under Control ft. Hurts
Hurts - Miracle

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]