Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Изгубените Германци се пронајдоа

2013-04-19
Ich liebe Busen (Сакам цицки или Мерак сум на цицки), Jeder Mensch ist ein Kunstler (Секој човек е уметник), Итар Пејо, се графитите по ѕидовите на просторијата, а радиото ако го третираме како извор на она што се случува во реалноста или една објективна вистина, тогаш таа е нем инвалид до бескрај исплашен и оштетен од трауми.

Фото: МНТ

Многу нормално дека во Втора Светска војна: вистината, разумот, реалноста и животот можеш да ги најдеш у кафана како пијат виски, кркаат печурки, шмркаат ѕвезден прав, вртат џоинт, ебат курви и нормално дека немаат врска со политика. И каде да бидат сместени ако не од окното па до „пизду матер” во напуштен рудник.

Ликовите од драмскиот текст се репрезенти на овие апстрактни именки во кои треба да ја бараме смислата на животот која, ни за чудо, е составена од бесмислици.

Колку е тешко да се објасни ова, а да не биде „ај не филозофирај” ѕирнете за филозофијата на Joseph Beuys кои ги пренесува Кристијан во претставата, и неговите уметнички инсталации „колку е тешко да ги објасниш нештата”, патем тој е автор на познатото „Секој човек е уметник ”.

Итар Пејо, Алшар, Скопје 1944 г. се само сместување во време и простор и оправдување на ликовите Нацисти, Евреи, Роми; без грижа, на крај од претставата сите се пронаоѓаат себе си и деловите од идентитетот кои им недостасуваат. Изгубените Германци се пронаоѓаат себе си!

Ич не ми се муабети за општествено-политичките околности кои ептен си легнуваат со денешниов „циркус без пари” кој скапо го плаќаме. Единствениот излез да ти била Јужна Америка, како во „Казабланка”, на топличко, па затоа треба да дојде Рик со пиштол да нѐ спотера и само „да не шупеља” за да се поместиме од ситуацијата за која не приметивме дека нѐ затекна, а таа да нѐ шишала на спиење. На крај, приморани избегаа  да се изгубат, за да се сретнат со животот, во Америка, да го најдат срцето и од Оз да се вратат дома.

Да одите да ја гледате претставата зашто е добар пример за лош пример, за да уживате и да се изнасмеете. А ако најдете сличности  со актуелните случувања, не берете гајле, Така е! 

Они глумат, глумат и не се заебаваат!

* За претставата „Изгубени Германци”.

Текст: Дејан Дуковски

Режија – Слободан Унковски.

Актерска екипа: Тони Михајловски, Никола Ристановски, Камка Тоциновска, Ѕвезда Михајловска, Јовица Михајловски, Јордан Симонов, Оливер Митковски, Сања Арсовска и Емил Рубен

Сеаќевидиш

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]