Следете нé или притиснете Escape

Наслов

KRS One – репер за вистински рапер

2013-07-08
Сè она што му фалеше на Скопје веќе подолго време вчера беше надополнето во летниот клуб Колосеум преку феноменалниот настап на легендата на американската рап сцена, KRS One.

Знаеш дека си на лудница рап концерт кога гледаш како публиката збеснува на секоја песна, а тоа е особено така кога имаш уметник од калибарот на KRS One кој покрај неговите хитови рапуваше и на опера и на траки од Џејмс Браун.

Она што им фали на еден тон изведувачи, KRS го има на претек – хемијата со публиката беше толку јака што во еден момент луѓето скроз се мрднаа, почнаа да вадат патики, ранци, маици и сè што им дојде при рака, и да ги фрлаат на сцена, а  тој се потпиша на сите тие изјавувајќи дека е многу благодарен за тоа што сме дошле и бидејќи е свесен дека денес тешко е да се заработат пари и да се ужива.

Атмосферата експлодира откога еден фан своеволно си се качи на сцена и почна да игра, на што KRS одговори со тоа што викна на сцена и други за сите да покажат што знаат. Врвот беше на "Sound of da Police" кога нареди никој да не ги гаси камерите и телефоните и да продолжат да го снимаат додека го покажува средниот прст во знак на протест кон полицијата; една од првите бунтовнички пораки од самиот почеток на рапот.

На крајот KRS ја покани цела публика да се качи на сцена и на последната песна веќе не се ни  гледаше од мноштвото луѓе, само можеше да се слушне веќе познатиот глас. Респект!

Автор: Снежана Спасовска

Фото: Александар Михајловски

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]