Следете нé или притиснете Escape

Наслов

„Лудница“ 150-та балетска премиера во МОБ

2013-12-19
Моќна музика, неконвенционални движења и ерупција од емоции се само дел од плеадата на зборови со кои може да се опише тоа што се случи во салонот на МОБ во саботата на 10.12.2011 г. на 150-та премиера на балетскиот амсамбл преку двете едночинки „Далечен плач“ и „Песна над песните“.

Вечерта беше отворена со „Далечен план“ на турскиот кореограф Кан Арслан - претстава која е посветена на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Турција, претстава прошарана со моќна музика со турски мелоз која допира до сите сетила, претстава за приказната за тоа што се случува по смртта. 

Видно возбудени од првата едночинка, посетителите со сигурност не очекуваа да видат уште „полуда“ престава по паузата, но „Песна над песните“ успеа да допре до сите во салата. Сташа Зуровац генијално портретирајќи ги балетаните во пациенти во лудница во комбинација со музика која продира директно во душата успеа да направи деконструкција на темата од Библијата и да ни ја претстави убавината која доаѓа од лудоста.

Со фантастична синхронизација на асихроните и навидум хатоичните движења на играчите имавме можност да видиме едно несекојдневно дело кое го зграби вниманието на публиката и ја натера да не трепне до самиот крај на претставата. Србинот Милан Рус и примабалерината Александра Мијалкова воодушевија со нивната изведба, голем впечаток остави и Саша Евтимова со брзите и прецизни потези кои одговараат на балерина од нејзин калибар, како и Мими Поп-Алексова која се врати на сцената по повредата во улога со најмногу глума која одлично ѝ ја долови на публиката.

Секоја чест на Зуровац и Арслан, како и на играчите на МОБ за феноменалните претстави. Се надеваме дека и во иднина ќе имаме чест да присуствуваме на нешто ново и моќно од овој калибар.

Текст: В.Р.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]