Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Мајлс фор епик Смајлс

2013-12-17
Крајот го краси делото, па во случај да го заборавивте грандиозното затворање на Скопје Џез Фестивал 2012-та тука сме да ве потсетиме на таа магична вечер со мал осврт на настапот на Мајлс Смајлс речиси недела дена подоцна.

Како што самиот Мајлс кажа во 1986, на прием во Белата куќа - “Well, I changed the course of music five or six times, so tell me what your claim to fame is?”

Концерот на all-star групата Miles Smiles нè потсети на наследството на Miles Davis, и неговата неуморност да истражува нови правци во музиката. Во традиција на неговите електрични бендови од 1970-тите години, слушнавме двочасовна свирка која беше класична, брза, стегната, рокерска, фанки, блузерска и непомирлива. И да, сепак беше врвен џез концерт – од оние кои ќе се паметат со години.

Wallace Roney, Omar Hakim, Larry Coryell, Rick Margitza, Ralphe Armstrong и Joey DeFrancesco уживаа во свирката и во реакцијата на полната Универзална сала, каде публиката збесна во тек на 2 часа. Можеа да им се придружат и други имиња од бендовите на Miles Davis како Chick Corea или John McLaughlin, и да не биде подобро.

Свирката беше полна со слатки контрасти – Wallace Roney како влада во сенка, Coryell со чиста екстраваганца, кулирањето на Joey DeFrancesco и Omar Hakim како славниот тапанар кој не побара ни 10 секунди соло, а ја дрмаше целата сала.

Не останавме покусо ни од моментите кога Miles го поврза својот џез со популарната музика од 1980-тите - на првиот бис се наеживме од мелодијата на Time After Time. Вториот бис...јас лично си земам 1/100 заслуга за вториот бис, заедно со останатите ентузијасти кои не престанаа да бараат повеќе.

Уживајте сега, со неколку моменти од концертот Miles Smiles – и вратете си го филмот. Знам дека јас си го враќам секојдневно, а во моментов на слушалки ми тече “Miles in the Sky”.

Sweet.

Текст: Илија Господинов

Фото: Анета Атанасовска

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]