Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Нокаут акустично и нешто поинтимно

2014-11-27
Ви текнува на феноменалниот акустичен концерт на Нокаут во Метрополис Арена? Епа легендарните дечки повторно спремаат нешто слично, ама многу поинтимно и нешто поразлично.

Еве го и нивното соопштение во целост:

„Годинава беше особено значајна за НОКАУТ. Покрај тоа што оженивме дури тројца од бендот, а еден стана и татко, го издадовме и нашиот трет студиски албум "ТРИ". А, најдобар начин да ја заокружиме оваа успешна година е тие емоции да ги споделиме со нашите фанови на еден голем концерт. 

Овој пат се одлучивме за поинтимна средба - unplugged концерт во Универзалната сала, кој ќе се одржи на 17 декември во 20.00 часот. 
 
И овој пат вокална поддршка ќе добиеме од нашите драги соработници Игор Џамбазов и Владимир Поп Христов - Мио. Но, гостинската екипа сега добива и засилување, а тоа се легендите на македонската рок сцена - LAST EXPEDITION, како и нашиот хип хоп организам Тони Зен.
 
Вам ви останува уште малку време да ги сублимирате вашите емоции и да дојдете заедно да креираме музички паралелен универзум.”
 
Картите ќе бидат пуштени во продажба од 1-ви декември, а ќе можат да се набават во туристичката агенција odmorise.mk, во продажната мрежа на mktickets.mk и на билетарата на Универзална сала. Напомена: картите се во ограничен број! 

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]