Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Нувел Ваг - настап за сите сетила

2011-11-30
Спектакуларниот сензуален перформанс на Нувел Ваг ја воодушеви скопската публика во вторникот кога француската група успеа да се надмине себе си и на своите македонски обожаватели да им овозможи да присуствуват на настап што претставуваше задоволство за сите сетила.

На нивниот трет настап пред скопската публика Нувел Ваг отсвиреа песни од сите свои албуми, а концертот заедно со двете враќања на бис траеше речиси 2 часа.

За разлика од настапот во 2010 година кога настапиле само Мелани Пен и Лисет Але, публиката имаше можност да ја види и Зула Зазу позната и како „The Shadow dancer“, најпознатата танчерка на „Крејзи хорс“ - славното и авангардно кабаре во Париз, препознатливо по спектакуларните кореографски настапи на разголените танчерки.
 
Публиката уживаше во сценско визуелниот настап на трите девојки кои на неколку наврати го менуваа својот оутфит кој кулминираше при самиот крај кога се појавија во корсети како француски собарки.
 
 
Покрај песните од последниот албум Couleurs Sur Paris публиката ги слушна и веќе добро познатите нивни преработки на "Dance With Me" (Lords of the New Church), "Blister in the Sun" (Voilent Femmes), " "Master and Servant" и "Just Can't Get Enough" (Depeche Mode), "Dancing With Myself" (Billy Idol), "Blue Monday" (New Order), "Love Will Tear Us Apart" (Joy Divison) и други, а концертот го завршија со песната "Ever Fallen in Love" (Buzzcocks).
 
Ова беше настап што Македонија дефинитивно ќе го памети уште долго време. За барем малку да ви доловиме од атмосферата еве го нашиот избор на фотографии и видеа.
 
  
 
 
 
 
 
 
  
 
 
  
 
 
 
 

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]