Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Пол Ван Дајк и Скопје повторно гори!

2015-05-13
Покрај големите концерти на One Republic и Whitesnake, Авалон Продукција најави уште еден голем светски изведувач за оваа година - Пол Ван Дајк доаѓа на Скопје Гори 2015-та! Во продолжение соопштението од Авалон.

Со големо задоволство сакаме да ве информираме дека хедлјнер на овогодинешниот фестивал СКОПЈЕ ГОРИ ќе биде еден од најголемите DJ на сите времиња - неговото височество Paul Van Dyk.

Фестивалот Скопје Гори на кој досега настапиле едни од најголемите музички имиња како Massive Atack, Billy Idol, Hurts, Orbital, Public Enemy….. оваа година на својата звучна листа на светски изведувачи ќе го запише и Paul Van Dyk кој во склоп на својата светска турнеја каде покрај големите хитови го промовира и својот нов албум кој воедно е и продолжение на неговиот најуспешен албум „The Politics Of Dancing 3“ .

https://share.paulvandyk.com/index.php/s/KZBQkwqqW5pl6Ak

Paul Van Dyk е германски диџеј, музичар и продуцент. Како еден е од првите вистински суперѕвезди меѓу DJ – ите, Paul Van Dyk е првиот уметник кој успеа да добие Греми номинација за новата, а сега веќе престижна категорија Best Dance/ Electronic album за неповторливиот „Reflections“ од 2003 година. Прогласен е за светски No.1 – DJ во 2005 и 2006 година, нешто што на малку DJ-и му успеало досега. Со продадени повеќе од 5 милиони продадени албуми низ целиот свет, Paul Van Dyk е еден од најуспешните DJ-и на сите времиња.

Фестивалот традиционално ќе се одржи на Скопско Кале на 16ти Јули. Сите информации околу продажбата и цената на влезниците дополнително ќе бидат објавени.

Ваша,

Авалон Продукција

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]