Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Скопје Гори, хип-хопот гази!

2013-12-17
Скопје вчера повторно гореше, Кенбах го гасеше, а хип-хопот газеше! Фестивалот кој помина во знак на хип-хоп музиката го одбележаа групите „Подземан Ефект“, „Легијата“ и американските легенди „Паблик Енеми“, „Партибрејкерс“ му дадоа рок шмек, а „Орбитал“ совршено го заокружи искуството.

Први распалија „Подземан Ефект“ и ја загреаја публиката која полека се собираше, па палката ја преземаа „Легијата“ кои во нивен стил продолжија да го загреваат Скопје за големиот и премиерен настан на легендите на хип-хопот „Паблик Енеми“. Потоа следеја „Партибрејкерс“ кои со својот препознатлив стил одамна и' се познати на македонската публика. Стандардно добри, но некако тематски надвор од духот на фестивалот успешно ја одржуваа атмосферата за настапот кој сите со нетрпение го очекуваа.

И конечно дојде тој момент. „Паблик Енеми“ излегоа на сцена и дојде до кулминацијата на вечерта. Целосно екипирани со својот бенд и одличниот диџеј, „Паблик Енеми“ дури и со тонската проба успеа да ја размрда публиката. Чак Ди почна јако, Флејва Флејв продолжи и Скопје за прв пат имаше можност да слушне како звучат легендите во живо. Флејва Флејв покажа зошто списанието Роулинг Стоун ги има рангирано „Паблик Енеми“ на 44-то место на нивната листа на 100 најдобри изведувачи на сите времиња. Рапуваше, ја анимираше публиката, испраќаше пораки против расизам и сепаратизам и дури зема и да свири на бас и тапани! Ја поздрави македонската публика, ги поздрави сите диџеи и ем-сија, го поздрави и Панчо (Шорти Пи) што не помина добро кај публиката која гласно го исвирка.

Велат крајот го краси делото, а тоа и овој пат не беше исклучок. Светлата се изгасија и „Орбитал“ излезе на сцена. Ако некогаш сте гледале некој нивни настап, а не бевте вчера на Скопското Кале тогаш точно знаете што сте пропуштиле. Аудио-визуелно совршени, со одлично чувство за пулсот на публиката, „Орбитал“ истераа 2 часа, го дозапалија Скопје, а краткиот дожд при крај ги освежи најактивните нивни обожаватели кои играа во првите редови.

Еве како изгледаше сето тоа низ слики и видео. Уживајте!

ФотоАлександар Михајловски

Сите слики од „Скопје Гори 2012“ ќе ги најдете ТУКА!

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]