Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Скопско лизгалиште воскресна „Ла Вентура“ стајл

2013-09-24
Саботната вечер ќе остане запаметена по многу работи, но за оние кои имаа чест да присуствуваат на концертот на Ману Чао на скопското лизгалиште дефинтивно ќе остане во нивните сеќавања како „Ла Вентура“ вечер.

Трет пат во Скопје и секој пат еднакво расположени момците од легендарниот бенд покажаа дека се мајстори за правење атмосфера, а и дека знаат да ги испочитуваат своите лојални македонски фанови кои дојдоа во бројка од речиси 7.000.

Приказната „Ла Вентура“ беше раскажана континуирано, без големи паузи во нејзиниот тек. Концертот беше како еден долг колаж од песни кои се слеваа една во друга, како висококвалитетно „медли“ кое може да го осмислат само музичари од калибарот на Ману Чао.

Враќани на бисови, давајќи се од себе, групата го оправда епитетот на еден од најдобрите бендови кои свират во живо, а кои настапувале на македонско тло. Македонија ви благодари за прекрасната енергија која ја раширивте викендов. До следното гледање ќе уживаме во фотките кои барем малку ја доловуваат атмосферата.

  

  

  

Текст: В.Р.

Фото: Миладин Паповиќ

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]