Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Суперхикс - супер позитивен концерт

2013-12-17
Позитивен концерт е слаб опис на тоа што македонската публика имаше можност да го види во саботата во Метрополис Арената кога Суперхикс успеаја да го предефинираат концептот на тоа што значи одличен концерт со многу енергија.

Први на сцената се појавија „Чарли Хит“, а по нив публиката можеше да ужива во уникатниот звук на сурф-панк бендот од Битола „Молокаи“ кои му дадоа еден оригинален шмек и најавија дека ова ќе биде настап што долго ќе се памети.

Мала пауза и оп, еве ги Суперхикс, никнаа од некаде на мотор со приколка во „старо купујем“ стил поминувајќи на црвен тепих. Најавуваа грандиозно „долетување“ на сцена, ама со ова ги надминаа очекувањата. Најавуваа и дека ова ќе им биде последен концерт и со право - Маите рекле дека светот ќе ни направи шифт + делит на 21-ви декември, па во случај тоа да е така, Суперхикс решија да ја направат голема работава.

Го испромовираа новиот албум „Африка“, ја размрдаа публиката за сите пари, направија мала пауза и ја поставија сцената за енергија од 200 килотони со која ја тресеа Метрополис Арената. Полнолетниот бенд почна да ги рока „Раде“, „Песни глупави“, „Графити бој”, „Другар”, а веќе кога дојде „На лута рана“ атмосферата беше темпирана и за една класична шутка, чисто колку да не се заборави дека Скопје знае да биде хардкор. Кој преживеал, ќе раскажува.

Настапот на Хикси заврши, но со тоа не заврши и забавата. Сцената културно и прописно му беше отстапена на диџеј Славе кој беше главен виновник што Арената остана речиси полна до раните утрински часови. Не знаеме за вас, ама ние се отворивме како марули во пролет, се вративме дома жива вода од толку многу скокање и веќе втор ден нѐ маваат флешови од она што без размислување ќе го наречеме македонски концерт на годината. Да!

[img]http://dl.dropbox.com/u/198510/2012%20vtor%20del/%D0%A1%D1%83%D0%BF%D0%B...

[img]http://dl.dropbox.com/u/198510/2012%20vtor%20del/%D0%A1%D1%83%D0%BF%D0%B... [img]http://dl.dropbox.com/u/198510/2012%20vtor%20del/%D0%A1%D1%83%D0%BF%D0%B...

Фото: Александар Михајловски[/i]

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]