Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Whitesnake се враќаат во Скопје

2015-04-15
Легенди од светски калибар кои ги слушаат сите генерации, феноменални на сцена, со многу душа и исконска рок енергија - е тоа се Whitesnake! И да, легендите повторно ќе се вратат во Скопје.

Интегрално соопштение од Авалон Продукција:

Како што јавува и официјалниот веб на Whitesnake, огромно задоволство ни е да Ве информираме дека еден од најголемите рок бендови на сите времиња Whitesnake (100 greatest artist of hard rock ever) го вклучи и Скопје во склоп на новата светска турнеја. На оваа турнеја Whitesnake ќе го промовираат својот нов “The Purple Album” кој во продажба ќе биде од 19ти Мај. 

Како што веќе веројатно знаете, David Coverdale одлучи да сними албум на кој ги стави своите омилени песни кои ги отпеа во период од 1973 до 1976 година, на албумите од Deep Purple - ”Burn” , ”Stormbringer” и “Come Taste the Band”, песни кој во најголем број ги напишаа заедно со легендарниот Ritchie Blackmore....

За овој албум David Coverdale изјави:

„Овој албум го издавам во знак на голема благодарност спрема групата Deep Purple“ . „Како што неодамна му реков на Richie – вие момци ме однесовте на неверојатно музичко патување кое сеуште трае и благословен сум што ве имав за учители! Едвај чекам да ги отпеам овие прекрасни песни во живо и да запловам со фановите во Purple магија!“

Концертот ќе содржи на 25ти Ноември во арената Борис Трајковски.

Навистина се работи за „once in a life time“ концерти на Whitesnake, со единствена можност публиката во една вечер да ги чуе најголемите Deep Purple хитови ”Burn”, ”Stormbringer”, ”Soldier of Fortune”, ”The Gypsy” како и Whitesnake хитовите: ”Here I go Again”, ”Fool For You Loving”, ”Still Of The Night”, ”Is this Love” …

Влезниците за овој голем спектакл за целата светска турнеја во продажба ќе бидат пуштени на 17ти април, а во Македонија ќе можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com. Цените за концертно уживање ќе бидат објавени вечер во 21часот на ова исто место.

Авалон Продукција освен во Скопје организатор е и на концертите од Whitesnake во Белград l 22.11.2015 - сала Пионир и Загреб l 21.11.2015 – КЦ Дражен Петровиќ (Цибона).

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]