Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Да го пратиме Никола на Летната академија за iPhone игри во Сан Франциско

2014-05-27
Некои луѓе постојано сонуваат како да ја остварат нивната најлуда желба, некои, по некое време, се откажуваат и од сонувањето, но луѓето како Никола тргнуваат на патот кон остварување на нивните желби.

Фасциниран од светот на „гејмингот” и магијата на игрите – за кои тој вели дека ви помогнуваат да го ослободите умот, да растете и да учите – Никола отсекогаш сакал да работи со овој вид на медиум, а Летната академија MGWU била крајната цел за почеток на тој сон.

Во конкуренција на 1.500 апликанти од цел свет, нашиот Никола успева да биде во топ 200 програмери кои се примени да учествуваат на двомесечната програма каде треба да искодираат и да извадад сопствена игра за iPhone. 

Тука влегуваме ние во приказната. На Никола му е потребна парична помош во износ од 3.000 американски долари за да може да си покрие половина од школарината. Во превод, тоа би било добра волја на 3.000 луѓе кои би се откажале од половина кафе во некое македонско кафуле. Со донација на следниов линк можеме да го испратиме Никола во Сан Франциско – ќе покажеме ли уште еднаш дека знаеме да цениме таленти и дека оние кои се вредни заслужуваат да им се оствари сонот? Поддржете го Никола!

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]