Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Да му помогнеме на Зоран да добие ново срце!

2015-04-22
На 24-годишниот Зоран Ѓорѓиески од Вевчани му е потребно итно пресадување (трансплатација) на срце, а операцијата која ќе се изврши или во Виена, Австрија или во Франкфурт, Германија, чини од 300 до 500 000 евра.

Ѓорѓиески се борел со различни заболувања во текот на својот живот, но ситуацијата станала критична кога на возраст од 19 години му била дијагностицирана дилатациона кардиомиопатија – случај кога прво левата страна на срцето и понекогаш придружувана од десната страна се зголемува и води кон опаѓање на срцевата функција. Намалената функција на срцето може да им наштети на белите дробови, црниот дроб и други витални органи.

За да му помогнеме на младиот Зоран, кој во моментов се наоѓа на интензивна нега во Скопје, апелираме до сите хумани граѓани да донираат средства, соодветно своите можности. Со повик на телефонските броеви (Т-мобиле) 070 143 116 и (ВИП) 077 143 706  донирате 100 денари, а отворени се и жиро сметки за Македонија и странство, како и онлајн донации на www.gofundme.com.

 

ЗА ДОНАТОРИ ОД СТРАНСТВО:

Name and Surname: ZORAN GJORGJIESKI

Address : VEVCHANI STRUGA MACEDONIA 

Acc.no: 0230706249465 

IBAN: MK07300307062494652

BENEFICIARY’S BANK: Komercijalna banka AD Skopje Ul.Orce Nikolov br.3, 1000 Skopje, Macedonia 

ЖИРО СМЕТКА ОД МАКЕДОНИЈА (Комерцијална банка): 300-1610000010-61

Покрај телефонските броеви и жиро сметки, за Зоран се организираат и хуманитарни настани и забави во Струга, Охрид, Битола, а за сето тоа можете да се информирате на Фејсбук.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]