Следете нé или притиснете Escape

Наслов

„Гласно” - против лошите навики

2014-05-13
Сити радио, Клуб ФМ и Метрополис радио мрежа, на 12 мај започнаа со кампањата „Гласно, против лошите навики“, под мотото Препознај се и засрами се.

Целта на кампањата е во секој човек да се разбуди чувството за одговорност во однесувањето. Лошото, вулгарното или недоличното однесување се повеќе навлегува во „градскиот жаргон“ и станува синдром на младата генерација, но не ретко и на возрасните. Несоодветното однесување секојдневно се сретнува на улица, дома, на работа, во училиште, во кафеана...

Радиото ја има моќта, но и улогата на гласник. За се' што е ДОБРО ИЛИ ЛОШО да прозива, да опомени или да пофали.

Лошите навики во однесувањето стануваат опасен начин на комуникација кој го иритира и потценува рационалниот и културниот човек. Кампањата не критикува за да навреди, туку посочува за да го поттикне  признанието пред себе, а тоа е позначајно од казната.  Говориме за лоши навики кои почнуваат како шега, за потоа да станат тренд и брзо прифатени од младите. Убаво е да се слушне гласно како некој без да го изговори вашето име ќе  ве натера да се препознаете, но и да се промените.

„Веруваме дека секој може, тоа е и нашата главна цел, да се промени, да стане подобар и почитувајќи ги другите да се почитува и себе си“.

Кампањата преку нетипични пораки му се доближува на слушателот и ја поттикнува неговата желба за подобро.

Преку радио џинглови со необична продукциска конструкција и со провокативни текстови со социјален и едукативен контекст, радиата и се обраќаат на публиката, оттука и на индивидуата,  да се препознае и да се коригира.

Секое динамично секојдневие е често обележано со  импулсивност, нетолетанција и вулгарност, но доколку на истото се посочи, може да биде заменето со учтиво и коректно однесување кое еден ден може да испровоцира и нови манири. 

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]